20.8 C
Скопје
02/07/2025 02:23
МАКТЕЛ

   

„Марковски компани“ за 5 години добилa тендери вредни над 150 милиони евра, но ЕСМ и го раскина договорот за ископ тежок 46 милиони евра!

      

Битолската „Марковски компани“ во периодот од 2019 до 2023 година склучила 77 договори за јавна набавка во вредност од 151 милиони евра, од кои 66 договори биле склучени со ЕСМ, а нивната вкупна вредност изнесувала 141 милиони евра. Меѓутоа, најголемиот договор на битолската фирма во сопственост на белорускиот конзул во земјава, Борче Марковски, беше раскинат од страна на државната компанија за производство на струја поради неодговорно, нестручно и ненавремено реализирање на обврските. Станува збор за договор склучен годинава во висина од 46 милиони евра, при што 10 отсто од работата им припаѓал на тројца подизведувачи, меѓу кои се две струмички компании поврзани со семејството Заеви – „Сим инженеринг“ и „Јавор транс“. Инаку, ова не е единствената јавна зделка каде функционирала истата комбинација…

За петгодишниот период од 2019 до 2023 година, во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 359 милијарди денари или 5,8 милијарди евра, а 36 отсто или околу 2,1 милијарда евра од вредноста на тендерите им припаднала на 50 фирми, при што само првите 10 фирми на врвот на оваа листа добиле тендери во вредност од близу 1,3 милијарда евра, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

На листата со 50 најголеми добитници на тендери може да се сретнат градежни компании, нафтени фирми, веледрогерии, додека на дел од нив речиси целиот бизнис им почива на договори за јавни набавки. Според истражувањето, во наведениот период биле склучени 168.400 договори за јавна набавка со 6.378 фирми. Оттука, како што наведуваат од ЦГК, се покажува дека тендер добиле 9 отсто од вкупно регистрираните околу 71.300 фирми во државата.

   

Прва на листата најголеми добитници на тендери е „Марковски компани“ од Битола, која во посочениот период 2019-2023 склучила вкупно 77 договори за јавна набавка во вкупна вредност од 151 милиони евра. Од нив, дури 66 тендери биле со државното претпријатие АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) во вредност од 141 милиони евра или 93 проценти од вкупната вредност на тендерите.

Овие договори се за ископ на јаловина, за ангажирање помошна механизација, за ремонтни активности, за високостручни машински интервенции со работна рака, за работна рака за тековни машински интервенции и други обврски во рудниците на РЕК Битола. Она што е индикативно, дури една петтина од вредноста на договорите, односно 30 милиони евра, „Марковски компани“ ги добила во нетранспарентна постапка – со преговарање без објавен оглас.

Инаку, оваа фирма повторно се најде во фокусот на јавноста, откако вчера актуелниот директор на РЕК Битола, Тони Петрушевски, информираше дека ја раскинал рамковната спогодба за ископ на јаглен и јаловина која во февруари годинава ја потпиша претходното раководство на АД ЕСМ. Поточно, договорот беше со важност од 18 месеци, т.е. до август 2025 година, но по последниот развој на настаните тој нема да се реализира во целост.

Носителот на набавката не ги испочитува предвидените обврски за одговорно, целосно, стручно, квалитетно, совесно и навремено извршување на задачите согласно техничката спецификација. „Марковски компани“ како ангажиран оператор со несоодветно постапување покрај тоа што во континуитет не успевал да ги испорача договорените количини на јаглен, директно ја загрозил енергетската стабилност на државата. Во тој контекст, со несоодветна динамика за отстранување на јаловинските маси ја нарушил геомеханичката стабилност на рудникот Брод-Гнеотино.
Поради неиспорачаните количини и кршење на договорите од страна на предметниот оператор, РЕК  Битола бил принуден да врши дополнителна набавка на јаглен за да продолжи стабилна и континуирана работа на блоковите во термоелектраната. За да биде појасно, би сакал да посочам дека на раскинувањето на соработката претходеа опомени и укажувања од раководството на РЕК Битола, дека операторот не ги реализира договорните обврски според утврдениот обем, динамика и квалитет. Но и покрај укажувањата продолжил несериозниот однос преку флагрантно кршење и непочитување на договорните обврски – рече Петрушевски.

Имено, станува збор за договор за јавна набавка склучен на 13-ти февруари 2024, чие извршување практично веќе престанува да важи согласно член 15 од самиот договор. Според Бирото за јавни набавки, „Марковски компани“ го добила тендерот вреден 2,8 милијарди денари или 46 милиони евра во конкуренција на „Пелистер“ и „Гранит“. Всушност, се работи за т.н. рамковна спогодба, која никогаш нема да се исцрпи во целост откако договорниот орган реши да ја поништи.

Во текот на денешниот ден, пак, од АД ЕСМ денес соопштија дека, согласно своите обврски и надлежности, ќе ги преземат сите чекори пред управните и судските органи што ги има на располагање, имајќи ги предвид „сите последици кои се произлезени од несовесното и неквалитетно извршување на договорните обврски“. Предметниот економски оператор, според ЕСМ, не ги почитувал одредбите од договорот уште од самиот почеток, така што и претходното раководство на РЕК Битола имало основа за раскин на соработката.

„Носителот на набавката во континуитет не ги почитувал предвидените обврски за одговорно, целосно, стручно, квалитетно, совесно и навремено извршување на задачите согласно техничката спецификација. Поради неиспорачаните количини кои РЕК Битола веќе ги имал предвидено во планот за производство на примарна енергија и кршењето на договорните обврски од страна на предметниот оператор, Комбинатот бил доведен во ситуација да врши дополнителна набавка на јаглен од надворешни фирми за да овозможи стабилна и континуирана работа на блоковите во ТЕ „Битола“. Исто така, со несоодветната динамика за отстранување на меѓуслојните јаловински маси при експлоатација ја нарушил геомеханичката стабилност на рудникот Брод Гнеотино.

 

Во меѓувреме, РЕК Битола со реорганизација на работните процеси ќе се обиде да го премости периодот без надворешна механизација преку зголемување на ископот на јаглен од рудникот Суводол, како и со набавка на јаглен од постојните договори со економски оператори. Земајќи ги предвид сите законски можности, со спроведување на транспарентни и недискриминаторни постапки согласно Законот за јавни набавки, компанијата ќе креира платформа за лојална конкуренција, со можност за пониски цени на договорните услуги и ќе овозможи непречено функционирање на работните процеси. На тој начин ќе се обезбеди континуиран дотур на јаглен за производство на електрична енергија и стабилно функционирање на македонскиот електроенергетски систем“, соопштија од ЕСМ.

Меѓу другото, членот 6 од договорот кој беше раскинат открива дека „Марковски компани“ ангажирал подизведувачи за вкупно 10 отсто од работата. Меѓу нив се струмичките „Сим Инженеринг“ и „Јавор транс“, кои се поврзуваат со семејството на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев. Третиот подизведувач, пак, е „Топлина“ од Охрид.

Воедно, истата комбинација на „Марковски компани“ и струмичките „Сим Инженеринг“ и „Јавор транс“ може да се најде во уште еден вреден тендер од ланската 2023 година. Оваа рамковна спогодба за ископ на јаловина е склучена на 03.10.2023 година на износ од 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони евра. Исто така, и според овој договор подизведувачите добиваат 10 отсто од вкупната зделка.

Што се однесува до двете струмички фирми, тие ги опфативме со сторијата објавена во неделникот „Фокус“ уште на почетокот на 2019 година, кога пишувавме кои се компании ги поседува семејството на Заев, како и нивните деловни партнери. Во бизнис мрежата на Заеви и партнерите влегуваат:

„Тотал инженеринг“, „Тотал Електрик“, „Еленица“, „Пеон“, „Герас Цунев“, „Пелагонија Струмица“, „Мамас“, „Тргопродукт“, „Сара Инженеринг“, Сара Јавор Инженеринг“, „Јавор Транс“, „Јавор Шпед“, „Јавор Асфалт“, „Сим Инженеринг“, „Делукс Инженеринг“, „Дас Инженеринг“, „Дравас Инженеринг“, „Омни Градба“, „Мам Свети Николе“, „Фарма Медика Канабис, „Зоки Петрол“, „Конта План“…

Актуелниот премиер Христијан Мицкоски, во својство на опозициски лидер своевремено објави случај со присвојување државно земјиште. Се работи за градежна парцела со површина од 18.462 квадратни метри, која Општина Струмица во 2014 година, кога Заев е градоначалник, на јавна аукција му ја продала за 700.000 евра на Сашко Брндевски, управител на „Сим Инженеринг“, еден од подизведувачите на „Марковски Компани“.

Како што обвинуваше Мицкоски, откако Брндевски во 2016 година добил одобрение за градење на станбен комплекс, тој веднаш склучил договор за пренесување на правото на градење или отстапување на парцелата со „Тотал Инженеринг“ во сопственост на Вице Заев, брат на Зоран Заев, како и со уште градежна компанија што се поврзува со Заеви – „АД Пелагонија Струмица“.

Она што дополнително ги поврзува Брндевски и Заев е уште една компанија за изградба на станбени и нестанбени згради основана во 2009 година – „Сара Инженеринг“, која во 2010 година купи две од трите градежни парцели за изградба на згради кај поранешната струмичка касарна во површина од 36.131 квадратен метар за вкупно 1,5 милиони евра.

Поточно, Брндевски денес е содружник во оваа градежна компанија, заедно со Ристо Кречев и Зоран Марковски, додека порано во нејзината сопственичка структура бил и Вице Заев. Воедно, Заев се јавува како содржуник заедно со Кречев во уште неколку компании. Една од нив е „Сара Јавор Инженеринг“, каде содружник е и Драги Цикарски, управител на „Јавор-Транс“ – вториот подизведувач на „Марковски Компани“.

Што се однесува до „Марковски компани“, пишувавме дека таа е во сопственост на Борче Марковскикој своевремено се врати во земјава по неколкугодишен престој во Србија, а во 2016 година беше избран за почесен конзул на Белорусија во Македонија. По тој повод, се случи едно од ретките појавувања на Марковски во јавноста, кога порача дека ќе даде максимален придонес за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете држави.

Оваа фирма доживува подем во 2012 година, кога впрочем почнува да добива тендери. Ако компанијата во 2011 година остварила приходи од 2,7 милиони евра и имала 61 вработени, веќе во следната година остварува двојно повеќе приходи (4,2 милиони евра), но и вработува речиси двојно повеќе луѓе (104). Ваквиот нагорен тренд продолжува и во следните неколку години.

Така, „Марковски Компани“ во 2013 година остварува приходи од речиси 11,5 милиони евра и профит од над 5 милиони евра, а во 2014 година вкупните приливи изнесуваат речиси 14 милиони евра, а профитот безмалку 7,5 милиони евра. Веќе во 2022 година, компанијата остварува приходи од 30 милиони евра, што е раст за 173 отсто во споредба со претходната 2021, додека добивката изнесувала 6,6 милиони евра, што пак претставува раст од цели 1.500 отсто во однос на 2011, кога добивката изнесувала помалку од половина милион евра.

Непосредно пред политичките промени на средината на 2017 година, поранешниот директор на ЕСМ од СДСМ Васко Ковачевски ја обвинуваше оваа фирма дека е блиска до Сашо Мијалков, шеф на тајната полиција во време на ВМРО-ДПМНЕ предводено од неговиот братучед Никола Груевски. Но, „Марковски Компани“ продолжи да добива многу вредни тендери од ЕСМ и во време на СДСМ.

Иако компанијата доби неколку тендери и откако на власт се врати ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, сепак, потоа следуваше поништување на нејзиниот највреден договори, што претставува вовед во покренување на судска постапка, но и изрекување на негативна референца. Неофицијално, дел од договорите меѓу ЕСМ и „Марковски компани“ ги истражуваат и надлежните институции.

Влатко СТОЈАНОВСКИ

   

Најново

Димитриеска -Кочоска на ОН Конференција во Севиља: Зеленото финансирање -клуч за одржлив развој

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Филипче се сретна со Кос: СДСМ останува силен промотор на европската идеја – време е за обединување, не за калкулации

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на моторното одделение на МВР

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: На Вториот Конгрес избрани новите органи и тела на партијата

Sase Ivanovski

Медведев фрустриран од својот противник: Зошто не игра вака секој ден и не заработува милиони?

Sase Ivanovski

Неуспешен обид по 40-пат за конституирање на Собранието на Косово

Sase Ivanovski

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции, како Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Курск, се проценува дека бројката е околу 1000

Sase Ivanovski

Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Sase Ivanovski

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: Денес ја презентираме нашата критичка анализа конОперативниот план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска- Цветковска која се жалеше дека е неуставно да им се ограничи минутажа на МТВ за политичките кандидати

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства е планирано за 2027 година

Sase Ivanovski

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска со отчет по повод една година од формирањето на Владата: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долг и постигнавме економски раст над очекувањата

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

Билатерална средба на МЕП Муртезани со новиот српски министер за европски интеграции, Старовиќ

Sase Ivanovski

ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Sase Ivanovski

ГЕРО: Никогаш не би го кажал она што Драган Павловиќ Латас го кажал за таткото на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Средба во Севиља на премиерот Санчез и Сиљановска – Давкова – теми за разговор ЕУ интеграциите и економска соработка

Sase Ivanovski

На паркинг во Скопје пронајден починат 40-годишник од струмичко

Sase Ivanovski

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Следната учебна година свидетелства во дигитална форма, два онколошки лекови префрлени во позитивната листа, Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

БРАВО: МАМАС АЈВАР НА БИЛБОРД НА ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Sase Ivanovski

(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва присуствував на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули

Sase Ivanovski

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Sase Ivanovski

Кос до Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Косово: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Sase Ivanovski

Македонија добива грант од 350 илјaди евра од ЕБОР за изработка на стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Мицкоски до Кос на Самитот во Скопје: Идентитетот не ни е само македонската кујна туку и Гоце Делчев, Шапкарев, Илинденското востание, браќата Миладиновци итн

Sase Ivanovski

Уапсена е скопјанка, со остар предмет и се заканувала на сосетката

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

Sase Ivanovski

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Sase Ivanovski

Судот пресуди во корист на Костадинов и Струмица, водата била безбедна за пиење

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЛИДИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Sase Ivanovski

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Sase Ivanovski

Тошковски и Кондратович: Одлична соработка на полето на безбедноста, потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Sase Ivanovski

Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Sase Ivanovski

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

Sase Ivanovski

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

Sase Ivanovski

ЛУЃЕ ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПОТЕПАМЕ Сообраќајка во Куманово, повредени две лица

Sase Ivanovski

Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите, идентитетот на Македонците не може никој да им го одземе

Sase Ivanovski

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати, само ако стане закон може да стане предмет пред уставните судии

Sase Ivanovski

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Sase Ivanovski

СДК: ЈАС СУМ ОТРПНАТ, АМА СЕ ПОТРЕСОА МОИТЕ НАЈБЛИСКИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ПО ЛАЖНОТО ВИДЕО СОЗДАДЕНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДЕКА ИСТЕПАЛ ФАРМАЦЕВТИ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА! Над 50% млади од Македонија се против ЕУ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Три автобуси и едно комбе опожарени во кочанската населба Оризари

Sase Ivanovski

Костовски: Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Sase Ivanovski

ВАШИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ МАНАСТИРИТЕ, ПОГАЧАТА, ПИНЏУРОТ И ПОЛНЕТИТЕ ПИПЕРКИ И ТОА НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ, КАЖА ЕВРОКОМЕСАРКАТА МАРТА КОС

Sase Ivanovski

КОСТА СОЧУВСТВУВАМ СО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ЕМОЦИИ ЗА ТВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО, НО ТЕ МОЛАМ ИЗВИНИ МУ СЕ НА ЛАТАС И ИЗВЛЕЧИ ОД ОВА ПОУКА, ТИ СИ МЛАД ПОЛИТИЧАР КОЈ ТРЕБА ДА УЧИ ОД ГРЕШКИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛОН МАСК: САД се пред банкрот и сите се прават мутави, само на камати за кредити САД плаќаат годишно 1000 милијарди долари

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ ИМ СТЕГНА КРИВИЧНА: Директори на Националниот парк Маврово, локални функционери на ВМРО ДПМНЕ, украле 50 илјади евра од буџетот

Sase Ivanovski

КОСТАДИНОВ ОБЈАВИ ФОТКА ОД СВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО: Од него го научив најважното: името на фамилијата не смее да се чепне, ниту да се осквернави

Sase Ivanovski

КОСТАДИН АЦЕВСКИ: Вечна слава на идеологот за слободна Македонија, Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Филипче: ЕУ го потврди она што го говори СДСМ – ВМРО ДПМНЕ ја става Македонија во заложништво на други држави

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕСКИ: Започнува исплатата за пензионерите во Кисела Вода – 1388 пензионери утре на своите сметки ќе добијат финансиска помош од 2500 денари!

Sase Ivanovski

Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, истакна Кос

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАЗДАТА НА СРПСКИ ИНФОРМЕР, ДРАГАН ВУЧИЧЕВИЌ ПОВИКА ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО СРБИЈА ДА БИДАТ ПРЕТЕПАНИ И УАПСЕНИ

Sase Ivanovski

Ученици од Прилеп освоија второ место на Европскиот квиз на пари во Брисел во конкуренција од 70.000 натпреварувачи

Sase Ivanovski

РУСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ БИВШИ БОКСЕРИ ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА СЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ

Sase Ivanovski
Вчитувам....