Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија, изјави дека сака да биде позитивна, обединувачка сила во Белата куќа. Меланија Трамп, која исто така влезе во историјата на изборите со тоа што стана втора претседателска сопруга која има два последователни мандати како прва дама, во емисијата „Фокс и пријателите“ изјави дека сега има многу повеќе искуство и многу повеќе знаење.
„Јас сум била во Белата куќа и порано. Значи, кога ќе влезете, точно знаете што да очекувате. Знаете какви луѓе треба да имате со вас”, рече таа.
Таа јасно стави до знаење дека фокусирањето на сегашните и идните потреби на американските деца ќе биде во центарот на нејзината платформа за втор мандат, пренесува Танјуг. Како што е наведено, треба да се очекува дека „меката дипломатија“ преку забава ќе продолжи и ќе се зголеми во вториот мандат на Трамп, како и посетата на кралот Фелипе Шести и шпанската кралица Летиција да биде една од првите државни посети на САД.