12.8 C
Скопје
16/04/2025 07:50
МАКТЕЛ

    

Мерсел Биљали: “Јачи смо од пресуде”!

      

Мигел де Сервантес смета дека со пеењето всушност ги плашиме нашите таги со цел да ги избркаме од нас. И некако си ја олеснуваме душата. „Јачи смо од судбине“ е најомилената песна на долгогодишниот формален и неформален лидер на Србите во БиХ Милорад Додик. Хоби му е перманентно да се заканува со отцепување. Брутален и вулгарен во однос на ЕУ (понекогаш и на САД). За нормални сојузници ги смета само Русија, Унгарија и Србија, а во последно време и нас! Како да не знаеме дека треба да се пазиме од будали, оти тој и од нас ќе направи такви. За демократскиот запад тој веќе има одличен арсенал епитети: „Смрдливи Европејци“ „Еб.ни Германци“ „Мртва Европа“. Дел од нив ги слушнавме и во Скопје. Тој често бара да се сретне со Путин во Москва, кому ептен е здодевен. Во една прилика побрза да го прегрне, но тој одби, и дрско го оттурна. Додик со своите театарски настапи, пак најави отцепување на половина Босна и Херцеговина, а всушност тој со таков потез гради свој став на домашниот терен и очигледно е бескрупулозен во тоа. Наводно не бил таков на почетокот на својата политичка кариера, но, во најмала рака тој е некаков прост калкулант. A познато е дека откако срамот ќе исчезне, тој никогаш веќе не се враќа. Мило – најбогат во регионот?!

Додик е еден од најбогатите политичари во регионот, ако не и најбогат. Поседува огромно земјоделско земјиште, монопол во градежништво и ИТ индустриите, бројни ресторани, други угостителски објекти, медиуми. Бројни новинари и невладини организации тврдат дека „нема нешто во што неговото семејство немало рака“. Неговото богатство се преценува на повеќе стотина милиона евра. А пред тоа бил обичен „голтар“ велат тие. Поседува огромна вила во Белград, а има огромен имот во Лакташи, станови насекаде и огромна семејна куќа. За време на војната не бил активен во воени структури, ама јавно се занимавал со прошверцување прехрамбени производи, гориво, цигари итн. Од тогаш го носи прекарот „Миле-Ронхил“. Станал богат од воено профитерство, ама политички дотогаш бил маргиналец. Но, кога Милошевиќ под притисок на САД морал да ги откачи старите српски компромирани кадри во БиХ, на Додик му сугерира да формира некаква умерена социјалдемократска партија. Значи, се додека Милошевиќ под притисок на САД не одлучи да ги исфрли од играта тогашните босанко-српски политичари кои веќе носеле етикети „воени злосторници“ (Караџиќ, Плавшиќ, Младиќ итн.). Но, идилата меѓу Милошевиќ и „послушниот“ Додик не траел долго. Веќе во пролетта 1999 година, по сеопфатниот напад на НАТО врз Србија, Додик и обезбеди на Алијансата неколку „мали“, но важни „облици на внимание“. Тој го отстранил од Република Српска отровниот „Топчидер“ динар на Милошевиќ од платниот систем на „неговиот ентитет“, со што и го прекинал финансискиот крвоток на Србија.

   

Потоа великодушно му ја отстапил територијата на Република Српска на „НАТО-агресорот“ како неопходна платформа за информации, пропаганда и разузнавачки операции против Белград. Истовремено ги спречи Србите од оваа страна на Дрина, кои се уште беа жешки за војна, да се солидаризираат со своите браќа од соседството во одбрана на српството. Од „западњак“ до „путинист“! Како лидер на Србите во БиХ, тој ја третира Република Српска како своја приватна држава. Речиси и да нема сектор во кој неговите компании на овој или оној начин не се поврзани со матни бизниси. Едноставно Додик стана симбол на мега-организиран криминал во својот ентитет и пошироко. Па затоа доби силни санкции од САД и Велика Британија – во вид на тежок облик црна листа. Но тој тогаш охрабрен од блискоста со Путин, на Американците и Британците им порача: „да ги врзат тие санкции за опашката на мачката“! Но, кога стана убеден дека Трамп победува во САД, тој често во јавните настапи ја носеше трамповата капа „MAGA“, дури богато славел за победата, оти силно верувал дека ќе биде третиран за негов сојузник! Дури, бил убеден дека САД ќе бидат против студентските протести во Србија, па лесно упаднаа во замката на Вучиќ кој смислил план како да ја спаси својата политичка кожа токму од тие масовни студентски протести.

Го подучил Додик да ги забрани клучните федерални институции на БиХ да дејствуваат во Република Српска, наводно како реакција врз пресудата против него, која на „чуден начин“ била донесена токму на златно време за Вучик, кој никако да најде формула како да се спаси од студентите! Вучиќ, „алармантно“ со специјален авион тргна кон Бања Лука и за првпат држеше говор од авион, откако претседателот на Република Српска Милорад Додик беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана да се занимава со политика од Судот на БиХ поради непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. „Ја завршивме седницата на Советот за национална безбедност и еве сме во авионот на пат за Бања Лука по срамната пресуда…која има за цел уништување на Република Српска… Утре сме соочени со санкции од шест часот наутро поради „НИС“, а во тек се обиди за највалкана обоена револуција, а мојата порака до сите е дека и покрај се и покрај напорите на многумина да ја урнат Србија и српскиот народ, ние ќе победиме„ – заврши Вучиќ од авион. Вучиќ дури инструирал и некои црногорски политичари во ваквата глупава и евтина „стратегија“ за победа над студентите.

Но, среќата често кратко трае. Понекогаш, токму таму кај што надежта спие, будно те чека несреќата! Експресно од САД стасал ептен „катил ферман“ со име и презиме на Додик, од страна на државниот секретар на САД Марко Рубио: „Дејствијата на претседателот на Република Српска Милорад Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“. И ги повика партнерите во регионот да му се придружат на Вашингтон во спротивставувањето на ова „опасно и дестабилизирачко однесување“. Ние како пoддржувачи на „новото нормално“ почнавме да делуваме како ненормални! Не успеавме на време да разбереме дека не треба да се приоѓа на јарец од напред, на коњ одзади и на будала од која било страна. Филмот заврши за Додик. Ова е крај на неговата политичка кариера. Најверојатно ќе си ја плати затворската казна, затоа што законот го дозволува тоа, се додека казната не е поголема од една година, но конечно ќе мора да се збогува со политиката. Што ќе биде со неговите криминали, тоа е втората епизода на филмот! Ќе му недостигаат прегратките со Путин. Тој како Додик веќе никому не му треба, освен на некој друг суд за многу други работи. Но, факт е дека Додик има исклучителен талент за пеење. Неговата омилена песна е „Јачи смо од судбине“. Но, некако не му успеа да ја научи песната „Јачи смо од пресуде“! Мерсел Биљали

  

Најново

Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд

Sase Ivanovski

МОЛЧЕЛЕ ДОДЕКА ДЕТЕТО БИЛО ЗЛОСТАВУВАНО Кривична за социјалните работници од Македонски Брод кои не пријавиле силување

Sase Ivanovski

Меѓу уапсените 7 полицајци е и командирот на полициската станица Кочани

Sase Ivanovski

Наскоро можно е проширување на истрагата за „Беса транс“

Sase Ivanovski

Студенти од Србија стигнаа со велосипеди во Стразбур за да информираат европски претставници за ситуацијата во државата

Sase Ivanovski

По 9 години, пукна бракот меѓу Ана Ивановиќ и славниот фудбалер

Sase Ivanovski

Коцевски за Топ тема- 7 лица од полицијата ке бидат приведени за дискотеката Пулс

Sase Ivanovski

Висок советник на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет е суспендиран поради „протекување“ информации

Sase Ivanovski

Коцевски: Министрите за економија издавале лиценци на дискотеката „Пулс“ врз основа на непотполна документација

Sase Ivanovski

Италијанскиот претседател Матарела е во болница, оди на операција

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ги укина санкциите за „десната рака“ на Орбан, кои Бајден ги воведе на заминување

Sase Ivanovski

Баерн против Реал за плеј-оф, крај на Евролигата за Црвена звезда

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пукање во училиште во Тексас, најмалку четворица ранети

Sase Ivanovski

Бугарија е спремна да ѝ се приклучи на воената „алијанса“ на Албанија, Косово и Хрватска, тврди Маќедонци

Sase Ivanovski

Човечки остатоци пронајдени во котел од термоелектрична централа во БиХ

Sase Ivanovski

Таравари: На локалните избори одиме со наши листи за советници, за градоначалници ќе видиме

Sase Ivanovski

Обвинителството добило одговор од Бугарија за сертификатот по англиски на Бојан Христовски

Sase Ivanovski

Панова: СДС и ДУИ секој ден се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата во Кочани за лично политички цели, истрагата се одвива целосно транспарентно

Sase Ivanovski

Костовски: Тошковски диригира селективна истрага и правна фарса за најголемата трагедија во Македонија

Sase Ivanovski

Мостови на соработка меѓу ОАЕ и Македонија, наскоро лет Дубаи-Скопје, соработката меѓу централната и локалната власт двигател на вистинските промени

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп замрзна двe милијарди долари финансирање за Харвард откако универзитетот ги одби нивните барањата

Sase Ivanovski

Безмилосна статистика: Се „топи“ бројот на ученици – во однос на 2015 сме изгубиле скоро 28.000

Sase Ivanovski

Смртоносните поплави и бури лани погодија повеќе од 400.000 луѓе во Европа

Sase Ivanovski

Грејната сезона завршува денес, стартува „преодниот период“ до 30 април

Sase Ivanovski

Фројдовската грешка на „српското сценарио“ во Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Играта „Marathon“ е најавена да излезе на 23. септември

Sase Ivanovski

Проф. Бужаровски стана член на Академијата за општествени науки на Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Македонското гејминг студио Дарк-1 го издаде мултиплеер модот за нивната игра „Скопје ’83“

Sase Ivanovski

НАСА најавува документарец за одбраната на Земјата од астероиди, со премиера на 16 април

Sase Ivanovski

Објава манипулира со етничката припадност на осомничените за пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Македонското студио „Фајнл Фронтиер Гејмс“ ги прекинува операциите за работа поради царините од САД врз Кина

Sase Ivanovski

Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно

Sase Ivanovski

Политико: Рускиот напад после кој останаа тела расфрлани по градските улици не е „грешка“ – тоа е стратегија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Sase Ivanovski

Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки од граѓаните кои живеат во колективни станбени згради и граѓани кои живеат во индивидуални куќи

Sase Ivanovski

Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“

Sase Ivanovski

Новиот предлог Закон за енергетика го помина комисискиот филтер во прво читање

Sase Ivanovski

Царините на Трамп – закана за популарните лекови произведени во САД и извезени во Кина

Sase Ivanovski

Рускиот генерал „Спартак“ од затвор на боиште да служи како топовско месо

Sase Ivanovski

Николоски најавува авиолинии од и кон Емиратите, ќе се поврзуваат Скопје и Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Попоска: Ракот на дојка се лекува, најмладата пациентка имаше само 19 години

Sase Ivanovski

Фикрет Абдиќ осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на положбата началник на општина Велика Кладуша

Sase Ivanovski

На кардиохирургија салата не работела 1 месец немале ни стентови утврдила инспекцијата за починатиот пациент

Sase Ivanovski

Експозе на мандатарот за состав на нова влада на Србија; дел од поентите

Sase Ivanovski

Генералот Стојанче на „мртва“ стража до отворена шахта кај ТЦ Скопјанка

Sase Ivanovski

Кога ќе продолжи да се гради болницата во Кичево? – Таравари рече на пролет 2025, сега вели сѐ уште се во преговори

Sase Ivanovski

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Светскиот економски форум го избра министерот Тимчо Муцунски за млад глобален лидер за 2025 година

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Уставните измени не се единствениот услов, со нив започнува процесот

Sase Ivanovski

Шестгодишното девојче од Куманово по грешка наместо во градски, се качило во автобус за Скопје – пронајдена во Гази Баба

Sase Ivanovski

Грејната сезона продолжува до 30 април ако надвор е под 12 степени

Sase Ivanovski

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница поради сомнеж за малверзации

Sase Ivanovski

Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има

Sase Ivanovski

Во јануари и февруари времето беше студено: Димитриеска-Кочоска за слабата реализација на капиталните инвестиции

Sase Ivanovski

Детскиот фестивал ,,Поточиња” со донација за Кочани

Sase Ivanovski

74-годишен прилепчанец со возило излетал од патот, повредени три лица

Sase Ivanovski

Бугарин со тврд предмет ја нападнал партнерката од Скопје

Sase Ivanovski

Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Sase Ivanovski

Украден споменикот на децата бегалци од паркот „Жена борец“

Sase Ivanovski

Украдени бронзени бисти на гробиштата „Бутел“

Sase Ivanovski

Курти поднесе оставка од премиерската функција – Косово оди на нови редовни избори

Sase Ivanovski

Службеничка на МВР од Куманово го оштетила буџетот за 417.000 денари

Sase Ivanovski

Муцунски: Од денеска, заедно со делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, престојуваме во работна посета на Обединетите Арапски Емирати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арбен Таравари за смртта на Тони Ангелковски и што би се случило на Кардиохирургија периодов доколку би била потребна слична интервенција на друг пациент?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Mинистерство за одбрана: Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини

Sase Ivanovski

Воведни обраќања Националната конференција „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира

Sase Ivanovski

Сеопфатен глобален патоказ за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – сега достапен во печатена форма и онлајн

Sase Ivanovski

МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГОТ ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

Sase Ivanovski

Конференција на ХЕРА: Младите се гласни, бараат образование без табуа, засновано на факти!

Sase Ivanovski

Трипуновски: Договорот помеѓу земјоделците и откупувачите донесе околу 30 милиони евра во струмичкиот регион од извозот на пролетната зелка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Братот на Венко Филипче, додека СДС беше власт, заедно со Вице Заев направи фотоволтаична централа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Националната конференција на ХЕРА: „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Миле Талески: СДСМ бара оставка од Тошковски за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Планинарскиот клуб „Љуботен“

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Диџеј Тони Зен, театарска претстава и живи статуси денеска на ул. „Македонија“, дојдете на галерија под отворено небо

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да не ја интересира минатото од нивното седумгодишно владеење, затоа што тоа е изворот на проблемите и кај нив и во државата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски во посета на ОАЕ, се прошируваат можностите за соработка и инвестиции, зголемени приходи во Царина за 13,6 милиони евра

Sase Ivanovski

Вистиномер: Фројдовската грешка на „српското сценарио“ во Северна Македонија

Sase Ivanovski
Вчитувам....