Како што соопштуваат од НАСА, почетната точка на затемнувањето беше на островите Кук во Тихиот Океан, од каде што ќе се движи низ Мексико и 13 американски држави пред да заврши во Њуфаундленд и Лабрадор, Канада. Затемнувањето делумно ќе може да се види и од западните делови на Обединетото Кралство.
Вчерашното целосно затемнување на Сонцето беше мошне уникатно бидејќи се разликува од она во 2017 година. Според научниците, како што јавува Би-би-си, короната на Сонцето, односно најоддалечениот слој беше повидлив од последното помрачување пред седум години поради зголемената сончева активност во моментот на случувањето. Вчерашното помрачување беше повидливо и ќе трае две минути подолго од претходното.
Во текот на космичкиот настан НАСА спроведе многу експерименти, вклучително и лансирање ракети во сенката на затемнувањето и испраќање истражувачки авиони за следење на нејзиниот пат. Затемнување на Сонцето е редок феномен во кој Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата, целосно или делумно блокирајќи ги сончевите зраци кон Земјината површина.