27.8 C
Скопје
02/05/2025 13:13
МАКТЕЛ

     

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата: Во одбраната и Армијата нема место за дискриминација по која било основа, партизацијата од претходно ја заменивме со почитување на законските процедури

      

Министерството за одбрана категорички ги отфрла сите тврдења на пратеникот Талат Џафери, кој како поранешен министер за одбрана, и до пред само 7 месеци дел од коалиционата влада, треба да знае како функционира системот на одбраната. Имено, Министерството за одбрана на чело со министерот Владо Мисајловски најпрофесионално и најодговорно го почитува начелото на соодветна и правична застапеност на сите заедници, кое е врз основа на критериумите на стручност и компетентност и истото се применува при вработувањето, процесот на водење во кариера, стручното оспособување, усовршување и школување на сите вработени во Министерството. Како што веќе е запознаена јавноста, Министерството за одбрана во моментов се наоѓа во процес на внатрешна структурна реорганизација, па оттука наодите се произволно интерпретирани и паушално дадени. Пратеникот Џафери свесно шири дезинформации иако многу добро знае дека откако имаше промена на власта во државава кон крајот на јуни 2024 година, ниту еден припадник од албанската етничка заедница не е променет, деградиран или дискриминиран согласно новата систематизација во Министерството. За илустрација на фактичката состојба посочуваме дека во моментов, функцијата заменик министер во Министерството за одбрана ја извршува токму припадничка на албанската етничка заедница. Припадници од албанската етничка заедница се застапени во сите структури на Министерството и Армијата започнувајќи од највисоките раководни органи односно од работната позиција државен советник, раководител на сектор, помошник раководител на сектор, раководител на одделение и сите останати позиции, како и во сите нивоа на Армијата од професионални војници до генерали.

Министерството за одбрана во изминатиот период посветува особено внимание на охрабрувачки мерки за поттикнување и инкорпорирање на соодветна и правична застапеност на заедниците, особено кога станува збор за интерни огласи, но и јавни огласи и конкурси. Армијата и одбраната се професионална структура која никогаш не земала предвид нечија етничка припадност. Тоа така и ќе остане без оглед на обидите на политичките партии да ја оцрнат одбраната и Армијата кои имаат најголем углед кај граѓаните. Независно од етничката припадност, секој оној што со својот професионализам, труд  и посветеност придонесува во системот на одбраната ќе биде награден или унапреден, а секој што работи спротивно на интересите на граѓаните и кој нанесува штета на угледот на Армијата и министерството ќе биде санкциониран. Во однос на модернизацијата на Армијата, несфатливо е тврдењето дека постои застој иако како член на Комисијата за одбрана и безбедност во македонското собрание, пратеникот знае дека оваа година над 32 проценти од одбранбениот буџет се одвојуваат за оваа намена. 106 милиони евра ќе бидат инвестирани во опремување, што е 18 милиони евра повеќе од минатата година. Овој процес тече и граѓаните тоа го гледаат, а дополнително оваа година ќе се комплетира набавката на лесните оклопни возила JLTV, ќе пристигнат оклопните возила „Stryker“, системите за против-воздушна одбрана „Mistral 3“, артилериските системи „Boran“, лесно пешадиско вооружување и останата лична опрема, со што борбената готовност на Армијата значително ќе се зајакне. Во однос на униформите, изминативе години се набавувале делови од униформи односно еден дел од една компанија, еден дел од друга итн. и за жал квалитетот е различен. Токму заради тоа и заради реакциите на припадниците на Армијата кои со гордост ја носат, донесовме одлука наместо набавка на униформа во делови од различни компании, да пристапиме кон набавка на комплет униформи. До крајот на јуни оваа година ќе обезбедиме 3.900 нови комплети униформи, а дополнително согласно донесениот План за јавни набавки за оваа година обезбедени се над 100.000.000,00 денари за чизми, борбени, службени и гардиски униформи.

   

Во однос на храната на секој еден припадник на Армијата му се исплаќа месечен надоместок од 15% од просечната плата во државата за претходната година, односно на месечно ниво од околу 5.500 денари, сразмерно на деновите кои вработениот ги поминал на работа. Но, за припадниците кои се ангажирани 24 часа на работа, како што се стражарската служба, дежурниот персонал и активностите на терен се обезбедува храна. Постапката за унапредување и поставување на началникот на Генералштабот на Армијата, Сашко Лафчиски, е целосно спроведена во согласност со законот и притоа не е сторена никаква повреда на ниту една правна норма од позитивното законодавство на Република Северна Македонија. А во однос на изнесените дезинформации за пополнетоста со воен персонал во Армијата со припадници од албанска етничка припадност, информираме дека заклучно со месец јануари 2025 година застапеноста изнесува 24,26 проценти  односно 1,18% повеќе во однос на овој период минатата година, кога изнесуваше 23.08%. Во однос на старешинскиот кадар, во дел од единиците, припадниците на Армијата од албанска националност се околу 30%, а како пример застапеноста во Воената полиција е 29,27%. Дополнително од вкупно 5 команданти на првопотчинетите команди и единици на ГШ на Армијата, двајца команданти (во Командата за операции и во Логистичката база),  како и еден заменик на командант (во Командата за обука и доктрини) се припадници од Албанската националност. Уште еднаш потенцираме дека се работи за неоснована, непотврдена и неточна информација, која има единствена цел да изврши дезинформирање на јавноста, а со тоа да се наштети на имиџот и угледот на Министерството за одбрана и на Армијата. Министерство за одбрана кое работи во интерес на државата, на граѓаните и врз основа на важечките закони, ќе продолжи и во иднина да ги цени и вреднува сите вработени и нивната компетентност и придонес за одбраната.

  

Најново

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

САД ЌЕ РАБОТАТ ВО СЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА ДА СЕ ПОСТИГНЕ МИРОВЕН ДОГОВОР Дипломатијата треба да ги зближи позициите на Украина и на Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ДАМАСК Нетанјаху е одлучен да ги заштити сириските Друзи

Sase Ivanovski

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИСПУКАЛ КУРШУМ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Ќе добие кривична пријава за предизвикување општа опасност

Sase Ivanovski

СДСМ Е ГЛАДНА ЗА ВЛАСТ И ДОЛГО ЌЕ ОСТАНЕ ГЛАДНА Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од портпаролката Кузеска

Sase Ivanovski

Телото на украинската новинарка која почина во руски затвор Москва го врати со знаци на тортура и со исчезнати органи

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛИЈА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Мицкоски најавува период на развој

Sase Ivanovski

“Го сакав како син, сега ја сакам како ќерка” Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

Sase Ivanovski

Демографскиот проблем го влошува недостигот на работници во Грција

Sase Ivanovski

Европската Унија е подготвена да понуди договор вреден 50 милијарди долари за да ги избегне царините на Трамп

Sase Ivanovski

Започнува исплатата на субвенции за потрошена струја

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево и топло со можни поројни дождови

Sase Ivanovski

Топ Тема – Повторно избори без измени на Изборниот законик 30.04.2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден од бродовите на „Флотилата за слобода“ на Газа е во пламен и испратил СОС, по наводниот напад со беспилотно летало крај брегот на Малта

Sase Ivanovski

Утринава жена прегазена кај АМСМ

Sase Ivanovski

Злато под земја, геополитика на површината: Детално за договорот за минералите

Sase Ivanovski

Богојески им ги раскина договорите на тројца евалуатори, немале завршено обука за да оценуваат апликации

Sase Ivanovski

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, реагираат од СДСМ и ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Путин за првпат ги отвори вратите од својот стан во Кремљ, еве како изгледа неговиот дом

Sase Ivanovski

Колку се работи во Србија – повеќе отколку во секоја од земјите на ЕУ

Sase Ivanovski

Популистичката партија на Најџел Фараж освои уште едно место во британскиот парламент

Sase Ivanovski

(ВИДЕОАНКЕТА) Дали им верувате на новинарите?

Sase Ivanovski

Довербата во еврото расте: 25% од депозитите на бугарските домаќинства сега се во евра

Sase Ivanovski

Дали наскоро ќе се вработат 100.000 хрватски пензионери? Доаѓа клучна промена

Sase Ivanovski

Норвешкиот пензиски фонд, кој е најголем во светот остана без 40 милијарди долари!

Sase Ivanovski

Куќа и штала изгореа во Марчино поради неизгасната скара

Sase Ivanovski

Бугарските банки наплатиле 12 отсто повеќе од провизии во првиот квартал

Sase Ivanovski

Демографскиот проблем го влошува недостигот на работници во Грција

Sase Ivanovski

Судија во Тексас ги блокира депортациите според Законот за странци

Sase Ivanovski

Тетовската болница му бара 30 илјади евра на доктор за лекарска грешка со катетар, што не е докажано кој ја направил

Sase Ivanovski

Во кочанската болница на рехабилитација се триесетина повредени во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Трамп го преименуваше Денот на победата и најави и дополнителен празник за славење на победите на САД

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ватикан: Се инсталира оџакот на Сикстинската капела за престојниот избор на нов папа

Sase Ivanovski

Маж од Кумановско возел со 1,78 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Словенија е единствената земја-членка на ЕУ што го слави Денот на трудот два дена!

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ќе ја обнови водоводната мрежа на улица во Долно Лисиче

Sase Ivanovski

Се пиело и возело на Први мај: Казнети 132 возачи под дejcтво на алкoxoл

Sase Ivanovski

Во јуни ќе се знае кој ќе добие субвенции за струја

Sase Ivanovski

Македонија уназадува во слободата на медиуми, пад од шест места од лани

Sase Ivanovski

Трамп нареди укинување на финансирањето на државните медиуми

Sase Ivanovski

Избрани зетот и невестата за Галичка свадба

Sase Ivanovski

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Sase Ivanovski

САД и Украина потпишаа договор за минерали кој го зацврстува вложувањето во одбраната на Киев од Русија

Sase Ivanovski

Шведски новинар е осуден во Турција поради навреда кон Ердоган

Sase Ivanovski

Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

ССНМ: Колективните договори се основа за подобрување на работничките права во медиумите

Sase Ivanovski

Шест месеци од трагедијата на железничката во Нови Сад

Sase Ivanovski

Финансиските злоупотреби при изградбата на Тетовскиот театар: Предметот стигна до Врховен суд

Sase Ivanovski

Студентите плаќаат, но не ги избираат своите претставници во Студентското собрание на Универзитетот во Тетово

Sase Ivanovski

Треба ли власта да му се лути на Бујар Османи?

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Денес ги славиме оние кои работат вредно, посветено и пожртвувано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Скопје беше прославен Меѓународниот ден на џезот, дел од светско движење на УНЕСКО

Sase Ivanovski

Солидарност со семејствата на загинатите од Кочани преку фотоактивизам

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Sase Ivanovski

Митева: Владина делегација учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во делчевско, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Демократски Сојуз: Одржани првите политички консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Азербејџан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерна глума на ССМ дека ги бранат работниците, додека прават договори со СДС

Sase Ivanovski

ВЛАДА: СДСМ ја лаже јавноста, сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Левица да каже како од левичарска партија се стекна со имот вреден 1 милион евра за 400 000 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се гладни не за правда, туку за враќање на криминалниот луксуз

Sase Ivanovski

Бачев го честита 1 Мај: Тажно е со работниците, 30 години бандитите од власта стануваат најголеми капиталисти а работниците остануваат на улица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Дебар, пронајдени пиштол и муниција

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Работничките права се човекови права – борбата продолжува!

Sase Ivanovski

„Луксузот ваш е од трудот наш!“, порачаа Синдикалците по повод првомајскиот протест за работнички права

Sase Ivanovski

ГРУЕВСКИ: НЕ САМО ТРГОВЦИТЕ И ДИЛЕРИТЕ, УПОТРЕБАТА НА ДРОГА ТРЕБА ДА Е КРИВИЧНО ДЕЛО И ЗА ОНИЕ КОИ ЈА УПОТРЕБУВААТ-КОНЗУМЕРИТЕ/УЖИВАТЕЛИТЕ

Sase Ivanovski

Криминалец, тоа ти е господин човек, невин човек, тоа ти е жива несреќа…

Sase Ivanovski

Денес е 33 годишнината на македонскиот денар

Sase Ivanovski

Jamón Iberico de Bellota е меѓу најценетите јадења во Шпанија…

Sase Ivanovski

ТОП 5 најскапи медови на светот…

Sase Ivanovski

Како работник со скратено работно време, определено со решение од Комисијата за оценка за работната способност, може да премине на полно работно време?

Sase Ivanovski

Нови снимки од дрон од северна Газа покажуваат цели населби претворени во урнатини по 500 дена војна

Sase Ivanovski

Тирана брзо се менува, со модерни згради кои го мешаат новиот архитектонски дизајн со локалниот стил…

Sase Ivanovski

Д-р Љубе: Само да прашам не врви појќе

Sase Ivanovski

Започна долгоочекуваниот Текнофест 2025 Во Турската Република Северен Кипар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова е најлудиот ресторан во Белград

Sase Ivanovski

Снимателите Трајче Илиевски и Јован Лесански зборуваат за менталното здравје на медиумските работници во Македонија кои се под ризик поради хроничен стрес и притисок

Sase Ivanovski
Вчитувам....