21.8 C
Скопје
29/06/2025 23:58
МАКТЕЛ

   

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата: Во одбраната и Армијата нема место за дискриминација по која било основа, партизацијата од претходно ја заменивме со почитување на законските процедури

      

Министерството за одбрана категорички ги отфрла сите тврдења на пратеникот Талат Џафери, кој како поранешен министер за одбрана, и до пред само 7 месеци дел од коалиционата влада, треба да знае како функционира системот на одбраната. Имено, Министерството за одбрана на чело со министерот Владо Мисајловски најпрофесионално и најодговорно го почитува начелото на соодветна и правична застапеност на сите заедници, кое е врз основа на критериумите на стручност и компетентност и истото се применува при вработувањето, процесот на водење во кариера, стручното оспособување, усовршување и школување на сите вработени во Министерството. Како што веќе е запознаена јавноста, Министерството за одбрана во моментов се наоѓа во процес на внатрешна структурна реорганизација, па оттука наодите се произволно интерпретирани и паушално дадени. Пратеникот Џафери свесно шири дезинформации иако многу добро знае дека откако имаше промена на власта во државава кон крајот на јуни 2024 година, ниту еден припадник од албанската етничка заедница не е променет, деградиран или дискриминиран согласно новата систематизација во Министерството. За илустрација на фактичката состојба посочуваме дека во моментов, функцијата заменик министер во Министерството за одбрана ја извршува токму припадничка на албанската етничка заедница. Припадници од албанската етничка заедница се застапени во сите структури на Министерството и Армијата започнувајќи од највисоките раководни органи односно од работната позиција државен советник, раководител на сектор, помошник раководител на сектор, раководител на одделение и сите останати позиции, како и во сите нивоа на Армијата од професионални војници до генерали.

Министерството за одбрана во изминатиот период посветува особено внимание на охрабрувачки мерки за поттикнување и инкорпорирање на соодветна и правична застапеност на заедниците, особено кога станува збор за интерни огласи, но и јавни огласи и конкурси. Армијата и одбраната се професионална структура која никогаш не земала предвид нечија етничка припадност. Тоа така и ќе остане без оглед на обидите на политичките партии да ја оцрнат одбраната и Армијата кои имаат најголем углед кај граѓаните. Независно од етничката припадност, секој оној што со својот професионализам, труд  и посветеност придонесува во системот на одбраната ќе биде награден или унапреден, а секој што работи спротивно на интересите на граѓаните и кој нанесува штета на угледот на Армијата и министерството ќе биде санкциониран. Во однос на модернизацијата на Армијата, несфатливо е тврдењето дека постои застој иако како член на Комисијата за одбрана и безбедност во македонското собрание, пратеникот знае дека оваа година над 32 проценти од одбранбениот буџет се одвојуваат за оваа намена. 106 милиони евра ќе бидат инвестирани во опремување, што е 18 милиони евра повеќе од минатата година. Овој процес тече и граѓаните тоа го гледаат, а дополнително оваа година ќе се комплетира набавката на лесните оклопни возила JLTV, ќе пристигнат оклопните возила „Stryker“, системите за против-воздушна одбрана „Mistral 3“, артилериските системи „Boran“, лесно пешадиско вооружување и останата лична опрема, со што борбената готовност на Армијата значително ќе се зајакне. Во однос на униформите, изминативе години се набавувале делови од униформи односно еден дел од една компанија, еден дел од друга итн. и за жал квалитетот е различен. Токму заради тоа и заради реакциите на припадниците на Армијата кои со гордост ја носат, донесовме одлука наместо набавка на униформа во делови од различни компании, да пристапиме кон набавка на комплет униформи. До крајот на јуни оваа година ќе обезбедиме 3.900 нови комплети униформи, а дополнително согласно донесениот План за јавни набавки за оваа година обезбедени се над 100.000.000,00 денари за чизми, борбени, службени и гардиски униформи.

   

Во однос на храната на секој еден припадник на Армијата му се исплаќа месечен надоместок од 15% од просечната плата во државата за претходната година, односно на месечно ниво од околу 5.500 денари, сразмерно на деновите кои вработениот ги поминал на работа. Но, за припадниците кои се ангажирани 24 часа на работа, како што се стражарската служба, дежурниот персонал и активностите на терен се обезбедува храна. Постапката за унапредување и поставување на началникот на Генералштабот на Армијата, Сашко Лафчиски, е целосно спроведена во согласност со законот и притоа не е сторена никаква повреда на ниту една правна норма од позитивното законодавство на Република Северна Македонија. А во однос на изнесените дезинформации за пополнетоста со воен персонал во Армијата со припадници од албанска етничка припадност, информираме дека заклучно со месец јануари 2025 година застапеноста изнесува 24,26 проценти  односно 1,18% повеќе во однос на овој период минатата година, кога изнесуваше 23.08%. Во однос на старешинскиот кадар, во дел од единиците, припадниците на Армијата од албанска националност се околу 30%, а како пример застапеноста во Воената полиција е 29,27%. Дополнително од вкупно 5 команданти на првопотчинетите команди и единици на ГШ на Армијата, двајца команданти (во Командата за операции и во Логистичката база),  како и еден заменик на командант (во Командата за обука и доктрини) се припадници од Албанската националност. Уште еднаш потенцираме дека се работи за неоснована, непотврдена и неточна информација, која има единствена цел да изврши дезинформирање на јавноста, а со тоа да се наштети на имиџот и угледот на Министерството за одбрана и на Армијата. Министерство за одбрана кое работи во интерес на државата, на граѓаните и врз основа на важечките закони, ќе продолжи и во иднина да ги цени и вреднува сите вработени и нивната компетентност и придонес за одбраната.

   

Најново

Кисела Вода славеше роденден со рекордна посетеност – Ѓорѓиевски: Ова е само увертира на она што следува

Sase Ivanovski

Пожар кај селото Јосифово, хеликоптер на МВР на помош на пожарникарите

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ВЕТУВА СТРОГА КАЗНА БЕЗ ПОМИЛУВАЊЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Брнабиќ вели дека студентите повикале на граѓанска војна и на убивање на Србија

Sase Ivanovski

Јаневска: Ако сакате добра оценка, мора да учите

Sase Ivanovski

Димитриевски очекува победа во сите општини каде ЗНАМ ќе има кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ИЗЛЕГУВА ОД КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ На локалните избори ќе оди со владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Семеен ден во Парк „Македонија“ – дел од богатата програма на Културното лето во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: Оставете не да си ја тераме нашата македонска работа, на македонски начин

Sase Ivanovski

Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците

Sase Ivanovski

ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ: Осврт кон настапот на Massive Attack на Skopje Calling 2025 – аудиовизуелна инјекција на совест и звук

Sase Ivanovski

Два, од трите ,,ер трактори”, се уште се на сервис, пензионираните двајца пилоти повторно ќе бидат во првата ,,борбена линија”

Sase Ivanovski

(Видео) Гори куќа во Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди-Македонија ќе стане земја што извезува електрична енергија, исплата на субвенции во земјоделството и нови инвестиции во Тетово

Sase Ivanovski

Шефот на руското разузнавање, Сергеј Наришкин, телефонски разговараше со шефот на ЦИА, Џон Ратклиф

Sase Ivanovski

Вучиќ паѓа, и ние со него?!

Sase Ivanovski

Орбан: Парадата на гордоста е одвратна и срамна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: СТРУМИЦА Е БУГАРСКИ ГРАД

Sase Ivanovski

МЗШВ: Продолжуваме со исплата на субвенции во земјоделството и инвестиции во сточарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога би бил од богата фамилија никад не би се бавел со новинарство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС ГО ОБВИНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ЗА ТЕЖОК КРИМИНАЛ

Sase Ivanovski

Кирил Џајковски приреди музички спектакл во НОБ: Емоции, овации и незаборавна вечер

Sase Ivanovski

Тошковски го отвори Европското првенство во џудо за кадети – потпишан и меморандум за разбирање за соработка и обука на полициските службеници

Sase Ivanovski

КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, АРХАНГЕЛ, МИЗАР, ФОЛТИН, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, САРС, ПАРКЕТИ НА Д ФЕСТИВАЛ: Славиме јубилејно 15. издание со СЛОБОДЕН ВЛЕЗ за целата тридневна програма на Д Фестивал 2025! Придружи ни се ОВОЈ ВИКЕНД, од 4 до 6 јули во Штип!

Sase Ivanovski

АЦО МЕЧКА СО ПОРАКА ДО ЛАТАС: Не сум нервозен, само сум разочаран оти те излизгаа! Пази се!

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ДЕМАНТИРА ДЕКА МУ НУДЕЛА МИТО НА ЛАТАС: Фарбаниов го знам само од телевизија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога ќе и истече мандатот на Данела, ќе има ревизија на нејзината работа и можно е да заврши во затвор

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат

Sase Ivanovski

Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон

Sase Ivanovski

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини

Sase Ivanovski

Судот во Стразбур ја казни Унгарија за колективно протерување на мигранти преку Србија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања, време е за промени и одговорно водство

Sase Ivanovski

Српска „сачекуша“ ги сочека студентите во Белград

Sase Ivanovski

Ослободен е македонскиот камионџија кој беше уапсен по несреќа кај Солун во која загинаа татко и син

Sase Ivanovski

Трипуновски: Владата е посветена кон подобрување на условите за земјоделците и  инвестира во поддршка на младиот земјоделски кадар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Сигурен сум дека ова не му е прво убиство на Палевски, дознавме дека планирал убиства на директорите на Гранит и Комерцијална Банка

Sase Ivanovski

Вучевска Петковска: Сашко Митовски е прочитана приказна во Крива Паланка, мандатот му помина во скандали, долгови и партизација на општината

Sase Ivanovski

Левица: МВР не демантира дека тендерот за возачки дозволи е партиски доделен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Многу е стресно новинарството, здравјето го изгубив поради него, ама пак би го работел кога би се вратил пред 30 години

Sase Ivanovski

Нема примирје – во фаза сме на привремена пауза на војната – тврдат во Иран

Sase Ivanovski

Секој иден попис мора да биде резултат на длабинска анализа и политички консензус, велат од Влен

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби, срамно

Sase Ivanovski

ЛАТАС ЌЕ ГО БОЈКОТИРАЛ ЗАКОНОТ ЗА ПОРТАЛИ, НИКОЈ НЕ ГО КОНСУЛТИРАЛ ЗА ЗАКОНОТ

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Герасимовски: „Центарска симфонија” ги сплоти скопјани, Тарабунов и граѓаните пееја и танцуваа на најпознатите филмски евергрини

Sase Ivanovski

Секој граѓанин може да закаже средба и лично да се види со министерот за здравство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС СО ПРЕДЛОГ: Владата да изгласа државата да ја плаќа алиментацијата на разведените жени, па после кривично да ги гони оние мажи што не плаќаат алиментација

Sase Ivanovski

Најнов туристички успех во Дојран. Урбанизација на плажите. Буквално се гради зграда на сама плажа кај ресторанот Фук Так

Sase Ivanovski

ФИТНЕС ИНСТРУКТОРИТЕ ПАРЧЕ ПРАВАТ ДЕНОВИВЕ…

Sase Ivanovski

ФОТО | Спектакл каков што ретко се доживува: „Масив атак“ ѝ приреди звучна и визуелна магија на публиката во Скопје

Sase Ivanovski

Најмалку 23 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во последните руски напади со дронови низ Украина

Sase Ivanovski

ПЕЏА: Се плашам дека изедначувањето на извештајот со „ќе нѐ биде или не“ во смисла на идентитетот, може за нас, дури и ако се изгласа извештајот, да се покаже како пирова победа

Sase Ivanovski

Отворено писмо до бугарскиот претседател Румен Радев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ДО ДАЧИЌ: Ти си вечно на власт, само две години не си бил на власт во последните 30 години…

Sase Ivanovski

(Видео) Снимка од дрон од вчерашниот протест во Белград: олку нè затру со омраза и поделби, што повеќе не знаеме кој ни е брат, а кој непријател

Sase Ivanovski

Трамп: Лудо е ова што му го прават на Биби! Тој е воен херој, нема да го толерираме тоа

Sase Ivanovski

(Видео) Пожар во Визбегово, ЦУК апелира институциите итно да преземат мерки за заштита на граѓаните и животната средина

Sase Ivanovski

Samsung постави рекорд во производството на телефони, глобалното производство се намалува

Sase Ivanovski

Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ДЕРАЛА: Мицковски ме доби на суд за клевета, судот се повика на европската конвенција за човекови права

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Со каков договор ДУИ наредија бришење на дијаспората од пописот?

Sase Ivanovski

ДУИ: Албанците нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“ од страна на власта

Sase Ivanovski

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Sase Ivanovski

ИДФ им нареди на Палестинците евакуации во северна Газа

Sase Ivanovski

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Sase Ivanovski

Царината заплени дрон, цигари, фалсификувана стока

Sase Ivanovski

(Фото) Спасувачка акција во Охридското Езеро: Полицијата спаси четири лица на кои им се скршила едрилицата

Sase Ivanovski

Како „Јуроњуз“ ја цензурираше приказната на Синиша Мали за КРИК

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ВИДОВДАН ПРОСЛАВЕН НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Sase Ivanovski

ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ШЕФОТ НА ФЕДЕРАЛНИТЕ РЕЗЕРВИ НА САД

Sase Ivanovski

СРПСКИ ПОРТАЛ ГИ ЛАЖЕ СРПСКИТЕ ТУРИСТИ НА ПАТ ЗА ГРЦИЈА ДА ВОЗАТ ЗА МАКЕДОНСКИ БРОД

Sase Ivanovski

СДК: ВАКВИ НЕ ПРИМАМ ВО КОЛА, МУ РЕКОЛ СКОПСКИ ТАКСИСТ НА ЛИЦЕ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И ОДБИЛ ДА ГО ВОЗИ

Sase Ivanovski

БРАВО ДЕЦА, ИМА ИДНИНА ОВАА ДРЖАВА

Sase Ivanovski

Трагедија во Дебарско Езеро – удавена жена кај градската плажа

Sase Ivanovski

Британските власти запленија 2,4 тони кокаин вреден 96 милиони фунти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КРИТИКИ ЗА ИЗРАЕЛ И САД НА КОНЦЕРТОТ НА МАСИВ АТАК ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

ОВА НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕ БИЛО ДОБРА ВЕСТ Германската влада го забрзува процесот на купување оружје и опрема

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЗАГИНАА ТАТКО И СИН: Страшна семејна трагедија попладнево кај Солун – возач на камион од Македонија е уапсен!

Sase Ivanovski

Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Sase Ivanovski

Жестоки судири во Белград во текот на ноќта: „Ова е крајот на предавничката влада“ Вучиќ ќе има обраќање до нацијата

Sase Ivanovski

НЕ МУ ДАДОА ДА СЕ ВЕНЧА ВО СРЦЕТО НА ВЕНЕЦИЈА Безос се соочи со бунт и притисоци, па ја промени локацијата

Sase Ivanovski
Вчитувам....