Ова го изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на странската инвестиција на „Alcazar Energy Partners“.Според Мицкоски, проектот е значаен со оглед дека ќе се зајакне енергетската независност.
– Ваков тип на инвестиции покажуваат дека довербата во оваа Влада уште на самиот почеток е голема и дека како опозиција работевме и сега како Влада ќе продолжиме да работиме со засилено темпо. Планот го имаме, луѓето ги имаме и останува само да ја завршиме домашната задача што сами ја поставивме. Јас сум од оние луѓе кои сакаат да видат конкретни дела, а не се потпира само на даден збор. Секој ден ќе работиме напорно – додаде Мицкоски.
За проектот нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 – 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава.