Како што кажа и градоначалникот, наша заедничка задача и цел е да многу скоро од денеска да нема повеќе листи за чекање, за упис во градинките во Општина Аеродром. Ова не е само задача на општината, туку и на владата, на политичките партии, и на коалицијата. Ветивме уште за време на кампањата дека секое дете заслужува свое место во градинките, доколку родителите одлучат да го запишат, и да нема повеќе листи на чекање, привилегии, итн.
Се бориме за подобра демографија, се бориме младите да ги задржиме тука, да немаме емиграција, да немаме иселување, и мораме како Влада, заедно со општините, заедно со ресорното министерство, со Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и со останатите колеги во владата, да работиме на тоа да ги обезбедиме сите потребни услови, за младите брачни парови да останат тука, и со самото тоа, и дечињата да растат тука, да другаруваат, што за нас претставува особена важност.Како политика, ова е приоритет на новата Влада. Проектот сам по себе, со 2 милиони евра, можеби не значи многу како инвестиција, но функцијата на новиот проект значи многу.