25.8 C
Скопје
08/05/2025 15:38
МАКТЕЛ

     

Мицкоски: Поднесовме предлог измени на Законот за енергетика по скратена постапка со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата, нема да дозволиме стандардот на граѓаните да биде загрозен

      

Почитувани,Изминатите денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија која што ќе биде практично регулирана од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Македонија во неделите кои што следат, а која што ќе биде апликативна односно важечка од први јули заклучно со 31 декември 2024 година.

Во јавноста проструи информација дека истата ќе претрпи значителни корекции во негативен тренд за граѓаните, односно истата ќе биде зголемена.Како идна Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните регулаторни тела. Но, исто така како идна Влада имаме одговорност, а тоа го ветивме пред граѓаните за време на кампањата за време на претседателските и парламентарните избори дека тие ќе бидат нашиот приоритет, стандардот на граѓаните ќе биде наш приоритет и како такви и како идна Влада имаме намера сериозно да се грижиме за стандардот на граѓаните.

   

И да не дозволиме истиот тој стандард поради ситни интереси на поединци да биде начнат односно загрозен.Во таа смисла група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска прво потпишан сум јас, доставивме до Архивата на македонското Собрание предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Што е всушност овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика? Тоа е всушност предлог закон со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинството односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен.

А, со овој предлог закон нема да се дозволи она кое што проструи изминативе денови во јавноста како информација да биде драматично зголемена цената на електричната енергија.Цениме дека со овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка посебно домаќинствата кои што се во првата и втората група нема да добијат зголемени сметки за електрична енергија. А, исто така очекуваме и оние кои што влегуваат и во третата и во четвртата група зголемувањето на цената на електричната енергија да не биде значително односно да се движи помеѓу 1 и 2%.

Тоа е она што ние како идна Влада можеме да го направиме.Со други зборови нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата кои добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач. Сега би навлегол малку и во суштината, ќе ми треба и стручно објаснување, ќе се обидам на едноставен начин да сето тоа го доближам до вас, за да може на македонската јавност, на граѓаните да им биде појасно.Како се формира цената на електричната енергија? Цената се формира како збир од четири собирока. Тоа е цената која за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената која за своите услуги ја наплаќа ЕВН Дистрибуција, цената која за своите услуги ја наплаќа ги наплаќа операторот на пазар МЕМО, плус цената на самата електрична енергија.

Вие слушнавте во јавноста дека самата цена на електричната енергија која што ЕСМ поранешно ЕЛЕМ ќе ја доставува до компанијата која што е универзален снабдувач, официјално се уште таа цена не сме ја виделе, но слушнавме дека владата донесла одлука на една од седниците таа цена да се зголеми. Од тоа што можевме во јавноста да го слушнеме цената од 57 донеле одлука да ја зголемат на 60 евра за мегават час, ќе видиме дали е тоа така.

Но, бидејќи ние сме внимателни рековме дека наш приоритет претставуваат граѓаните и нивниот стандард, затоа  предвреме преземаме мерки со кои не би се случил овој ценовен шок, за потоа да имаме инфлаторна спирала која што ќе го начне стандардот на нашите граѓани.Да се вратам сега на формирањето на цената. Сите овие 4 собирока се множеа со коефициентот 1,115. Зошто со овој коефициент, затоа што тоа беше старата маржа која што универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата или тоа е 11,5%.

Откако истече тој рок односно од како истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабдувач се распиша нов јавен оглас, нов тендер и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Што правиме ние со овој закон, со овој закон всушност односно дополнување на законот за енергетика всушност велиме дека не е потребно бидејќи станува збор за исто правно лице повторно формирање на ново правно лице, нова структура нови трошоци за банкарски сметки нови процедури и така натаму нешто што ќе трае со месеци туку велиме дека бидејќи станува збор за старо нов бидејќи истиот кој што и порано бил универзален снабдувач како правно лице ќе продолжи да биде универзален снабдувач како правно лице и во иднина, нема потреба да регистрира ново правно лице, бидејќи станува збор за истото, само му ја продолжува регулаторната комисија, по основ на овој предлог закон кој што ние го доставуваме за дополнување на законот за енергетика важноста на лиценцата и тоа значи дека наместо маржа од 11,5 проценти која што до сега им беше наплаќана на граѓаните, ќе биде наплаќана маржа од 9,9 проценти.

И истовремено упатувам порака до универзалниот снабдувач да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби односно при набавката на електричната енергија да се води најпрво од интересите на граѓаните а потоа да направи вистинска оптимизација на своето портфолио кое што понатаму ќе го испорача кон граѓаните да не набавува количини на електрична енергија кои што нема да бидат потребни, туку да се држи до пристапот кој што ќе биде чесен, одговорен и пред се инспиративен за граѓаните, односно да направи оптимизација за својата набавка на електрична енергија.

Доколку овие две работи се случат, односно овој Закон за дополнување на законот за енергетика се донесе, ќе биде намалена маржата од 11,5% на 9,9 проценти и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, односно оптимизација на количините на електрична енергија, тогаш јас ве уверувам дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија.Ние сме влада која што е одговорна, ние сакаме да бидеме влада која што главен интерес ќе биде интересот на граѓаните, така во овој период додека сеуште не сме официјално влада се однесуваме, така ќе продолжиме во иднина. 

А, ќе сториме се што е во наша моќ, во овие шест месеци да го реорганизираме енергетскиот сектор во Македонија и веќе во следниот регулационен период од први јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, индустријата да добие, онаа која што е на регулираниот пазар, поевтини сметки за електрична енергија. На тој начин инфлацијата ќе биде задушена, односно цените наместо да се качуваат, ќе се намалуваат, граѓаните се нашиот приоритет и како идна влада имаме намера да ни  бидат исклучиво важни граѓаните. Граѓаните направија тоа што требаше да направат сега, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да направи за граѓаните.

  

Најново

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

НАВИСТИНА ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ НОВАТА OPEL MOKKA БЛЕСКА ВО НОВИТЕ БОИ

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба“

Sase Ivanovski

Македонска опера и балет: Риголето, Лебедово езеро, Набуко – почнуваат Мајски оперски вечери!

Sase Ivanovski

Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје

Sase Ivanovski

Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт- донесени се повеќе одлуки

Sase Ivanovski

Георгиевски: Изградивме ново основно училиште, нов дел на градинка, нов спортски комплекс, ја развиваме општина Илинден во современо место за живеење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки

Sase Ivanovski

Национална платформа за вработување на Роми – Отворање на економскиот потенцијал преку инвестирање во ромската заедница

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КНИЖЕВЕН ФЕСТИВАЛ “ОТВОРЕН КРУГ”

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со што толку ги задолжил наркодилерот Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него?

Sase Ivanovski

Промоција на нов хумористичен роман од Кацаров во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Sase Ivanovski

Во израелски напади врз ресторан и пазар во Газа загинаа 33 Палестинци

Sase Ivanovski

Кој ќе касне праска, ќе порасне, ако има 600 денари за килограм!

Sase Ivanovski

Скопјанец осуден на една година условно за коментари против ЛГБТ заедницата и повикување на насилство

Sase Ivanovski

Во изминатите два дена 1.452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење

Sase Ivanovski

Муртезани: Реформската агенда 2024 – 2027 има способност да ги претвори политичките приоритети во видливи промени

Sase Ivanovski

Тројца албански криминалци уапсени во Дубаи, ќе бидат екстрадирани во Тирана

Sase Ivanovski

ГТЦ и Градска болница од утрово се без вода поради дефект на улицата кај „Холидеј ин“

Sase Ivanovski

Николоски: Не верувам дека Таравари е толку наивен да изврши политичко самоубиство и да заврши во прегратките на ДУИ

Sase Ivanovski

Мистеријата на доцнењето на црниот чад: Што навистина се случува зад затворените врати на Конклавата?

Sase Ivanovski

Обвинет призна вина за ширење омраза кон маргинализирана група

Sase Ivanovski

Вработена на универзитет во Варшава убиена во напад со секира

Sase Ivanovski

ДЗР: Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра

Sase Ivanovski

Нова размена на оган меѓу Пакистан и Индија

Sase Ivanovski

Швајцарскиот франк наполни 175 години

Sase Ivanovski

Ирска: Двајца Бугари осудени на 10 години затвор за шверц на 300 килограми кокаин

Sase Ivanovski

Нема конкретен датум, Мицкоски планира во најскоро време да се сретне со родителите од Кочани

Sase Ivanovski

Украина се откажува од доларот, еврото станува нова референтна валута?

Sase Ivanovski

По Индија, во „фаза на брза војна“ влегува и Кина за да го нападне Тајван

Sase Ivanovski

Солун: Уапсени 28 членови на крајно десничарската организација заради грабежи и насилни дела

Sase Ivanovski

Ескалација на насилството во Кашмир: Артилериските напади одзедоа животи на цивили, бројот на жртви се зголемува

Sase Ivanovski

Страшна несреќа во Хрватска: Тројца загинати откако автомобил падна во река

Sase Ivanovski

Апасиев потврди дека е во Москва: Не сум во задњи ред кај Трамп, добив официјална покана

Sase Ivanovski

“Низ Бугарија, Турција до Азербејџан, низ Грузија, преку Каспиското Море” Вучиќ раскажа по кој пат стигнал во Русија

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Придонеси за државата, здравје ,,на приватно” – парадоксот на системот

Sase Ivanovski

Нова градинка по 50 години – Се отвараат вратите на „Пролет” во Центар

Sase Ivanovski

Николоски: Во финална фаза е тендерот за 120 електрични автобуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитров: „Чебрен“ е важен капитален проект, и би требало да го гради Македонија со сопствени пари

Sase Ivanovski

Паради по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа

Sase Ivanovski

Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија

Sase Ivanovski

ДУИ: Длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ВЛЕН во власта

Sase Ivanovski

Се очекува Трамп да објави рамка за трговски договор со Велика Британија, велат извори

Sase Ivanovski

СИТЕ 3.500 ПАЦИЕНТИ СО ДИЈАБЕТЕС ТИП 1 ВО МАКЕДОНИЈА БАРААТ СИСТЕМ КАКО „ВЕШТАЧКИ ПАНКРЕАС“

Sase Ivanovski

Нови руски напади и покрај декларираното тридневно примирје од Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОД: Се проверува и дали податоците во системот за прием и системот за производство на енергија во ТЕЦ Неготино имаат исти податоци за количината на доставениот мазут од РКМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Работиме за првите линии на градскиот воз да бидат во функција пред новата година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Вучиќ: Јас сум тука да се борам за мојот народ и за мојата земја

Sase Ivanovski

Конклавата продолжува и денеска, можни се четири круга гласање

Sase Ivanovski

Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот сè уште важи од наша страна, Москва молчи

Sase Ivanovski

Кац ги предупредува Хутите: Ќе претрпите тешки удари ако продолжите да го напаѓате Израел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Неколкумина полицајци се онесвестија додека Мицкоски држеше говор за денот на полицијата

Sase Ivanovski

Црн чад од Сикстинската капела: Конклавата не избра папа при првото гласање

Sase Ivanovski

Пет работи што веројатно не ги знаете за познатиот затвор Алкатраз

Sase Ivanovski

Денко Малески: Да побрзаме – Единството на ЕУ ќе стане поважно од проширувањето

Sase Ivanovski
Вчитувам....