19.8 C
Скопје
10/05/2025 17:55
МАКТЕЛ

     

Мицкоски ќе го остават сам да ја плати сметката

      

На потег сега е Мицкоски, кое чедо мајка да прежали. Дали да прежали дел од неговите пратеници што нотарски му се заколнаа на верност, дури и на спремност доколку тој им намигне да гласаат за уставните измени, или да чека уште цела година до редовните избори и да ја врти онаа здодевна расипана плоча: „Не, под бугарски диктат“.

Пишува: Ана ПАНОВСКА

   

Доволно сум возрасна за да не се занесувам дека од Македонија може нешто да биде сѐ додека овој народ не се осмели прво втренчено да се загледа внатре во себе и сам да се преслуша дали и колку ја научил современата лекција на животот (историската лекција си ја знае напамет).

Потоа да ја крене главата, да се разврти на сите страни и да види дека подалеку од неговиот мрсулав нос постои еден реален свет на возрасни, кој се обидува да му пријде и да му го избрише носот. Ама не!

Тој инаетливо ја врти главата, цимоли како секое разгалено, побеснето дете, кое се сили дека нема што тука некој да му кажува како се брише нос.

Тоа си знае уште од дедо-прадедо дека мрсулавиот нос најлесно се брише со ракавот од облеката, де со едниот, де со другиот. Е, сега, тоа што малку ќе си го измачкаш лицето и ќе си ја извалкаш кошулата, ти е гајле.

Овде, бе, живеат мажишта, а не некои белосветски, фенирани типчиња, со измазнети фаци и миризливи марамчиња за бришење нос или пот. Како потреба за нас може да послужи само за бришење нос.

За пот баш и не ни треба, зашто како народ никогаш и не сме запнале толку за да се препотиме од многу работа, па да ни треба марамче за бришење пот. Но, мислам дека такво марамче наскоро ќе му треба на ВМРО-ДПМНЕ, не од работа, се разбира, туку од прикриен зорт.

Колку и да се прават „кул“ на сите овие убедувања од страна на високите претставници од европските земји и од Америка за уставните промени, набргу ќе го видиме слевањето на потта по нивните чела и образи. Премногу се затрчаа.

Му раскажуваат на странскиот фактор приказни, дури и го подучуваат како попрецизно да го разберат криминалниот и коруптивниот карактер на оваа власт и нејзиното безочно грабање, дрпање од народот за себе лично. А овие ги гледаат бледо.

НА ПОТЕГ Е МИЦКОСКИ

ОК! Не мачете се. Бандите на Њујорк одамна лично сме ги поминале и сега снимаме филмови за тоа. Добро ја познаваме таа материја и знаеме која банда сте вие, која банда се тие и кои се шетачите од една банда во друга. Затоа не шетајте нѐ по скелиња зашто овде сме дојдени за друга работа. Но, најпрво да ви го избришеме носот!“

Опа! Тонч! Овие не паѓаат на нашето цимолење и немаат ни трошка сочувство за нашата „народна“ национална мака. Башка, се прават на три и пол и не реагираат, на пример, на чудните измени на Кривичниот законик, кои дури ни министерот за правда не ги потпишува, барем засега.

А јавноста врие. Граѓаните се огорчени што преку ноќ се создаде законска можност постојните криминалци од политиката да излезат порано од затворите, огорчена е што се создаде можност и на оние што со години цупкаат по судовите за злоупотреба на функциите судски да им застарат делата.

И, се разбира, се нервираат што се создаде можност и за сегашниве функционери за евентуалниот криминал, што во „најава“ им го припишува опозицијата, за секој случај да си се обезбедат поспокојно да си го поминат времето од цела една година до редовните избори.

Ама и околу итните измени на Кривичниот законик како дебело да биле вмешани уставните измени и лутите противници.

Власта повикува: „Да ги изгласаме уставните измени во парламентот и веднаш одиме на избори“. На потег сега е Мицкоски, кое чедо мајка да прежали.

Дали да прежали дел од неговите пратеници што нотарски му се заколнаа на верност, дури и на спремност доколку тој им намигне да гласаат за уставните измени, или да чека уште цела година до редовните избори и да ја врти онаа здодевна расипана плоча: „Не, под бугарски диктат“.

Е, ако пропаднат преговорите со ЕУ, тоа се знае дека ќе се случи поради перчењето и инаетот на Мицкоски. Но, тоа не е сѐ!

МАРАМЧЕ ЗА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА

Тоа ќе се случи и поради „мудрувањето“ на некои квазиавторитети од МАНУ, па поради високопарното празно филозофирање на дел од универзитетската фела, па поради опнатата ароганција на вечните олигарси, во истиот кош се спикани и бившите миленичиња на „комуњарите“, кои никако да се помират дека веќе не се фактор на политичката сцена.

Сѐ на сѐ, „одбрано друштво“, кое седи и се гости на трпезата на ВМРО-ДПМНЕ, но друштво кое откако ќе се накрка, ќе си се разотиде по дома и ќе го остави Мицкоски да плати.

Кога ќе ја види цената, ќе му се заврти во главата. Па, кога ќе види дека околу него нема никого да му позајми пари за да ја плати сметката, ќе сфати точно што значи изолирана држава.

Тоа нѐ чека ако ја изгубиме наклонетоста на Европејците и на Американците. Нѐ трпат додека нѐ трпат.

Колку и да се тромави, бавни и неефикасни во поглед на нивното убедување да го почнеме патувањето низ европските шуми и долини без да ѝ поставуваме услови и да ја подучуваме Европа како да си ја превоспита нивната членка Бугарија, ако не се прибереме час поскоро, во еден момент така ќе нѐ ничкосаат, ќе нѐ баталат и мирно ќе нѐ препуштат да се изедеме сами меѓу себе.

Можеби ќе ни го остават она нивно марамче за да одгатнеме за што точно се однесува, додека по неколку години не откриеме дека не било ни за нос, ни за пот, туку за менталната хигиена на нацијата.

 

   

Најново

Со вреќи во рацете, отпад собираа претседателката Гордана Силјановска Давкова, министерот за животна средина Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски

Sase Ivanovski

Ќе и плаќаме на грчка фирма 30.000 евра месечно уште 14 години за закуп на капацитет за гаш што не го користиме

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар стана дел од мапата на највозбудливите автомобилски дестинации во Европа

Sase Ivanovski

Научничката зад револуционерното откритие за лекување дијабет проф. д-р Светлана Мојсов добива почесна професорска титула од УАКС

Sase Ivanovski

Градоначалникот Ѓорѓиевски одржа уште еден приемен ден со граѓаните

Sase Ivanovski

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Sase Ivanovski

Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Владата ги укинува меѓународните јазични сертификати за да ги легализира фалсификуваните дипломи, обвинува Левица

Sase Ivanovski

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца. Имате ли срце?

Sase Ivanovski

Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор: „Ќе продолжиме се додека не ни се вратат договорите за работа“

Sase Ivanovski

Биткоинот повторно силен – достигна вредност над 103.000 долари

Sase Ivanovski

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Sase Ivanovski

Мелони: Неопходно е итно триесетдневно примирје во Украина

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД

Sase Ivanovski

Ахмети предупредува: Одмаздата кон Албанците може да предизвика невиден бунт

Sase Ivanovski

Политико: Трамп учествувал на само 12 разузнавачки брифинзи од почетокот на мандатот

Sase Ivanovski

24-годишна девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Валандово-Струмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО КИНА ИМА МЕСТО СО 7000 СКАЛИ КОИ СЕ КАЧУВААТ 5 ЧАСА

Sase Ivanovski

Жена пријавена за исчезната е пронајдена мртва во езерото Калиманци

Sase Ivanovski

Трамп објави дека Индија и Пакистан прогласиле мир

Sase Ivanovski

Пред споменикот на Горан Стојменовиќ се одбележа 10 години од „Диво Насеље“

Sase Ivanovski

Малолетник од Кочани споделувал експлицитни видеа од малолетно девојче

Sase Ivanovski

Уапсен маж од тетовско баран со потерница

Sase Ivanovski

Тажна вест од Србија: На 39 години почина поранешен кошаркарски репрезентативец

Sase Ivanovski

Макрон: Ќе има многу поостри санкции ако Москва не го прифати прекинот на огнот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во фабрика за хемиски производи во Барселона создаде токсичен облак

Sase Ivanovski

Левица: Владата ги укинува задолжителните меѓународни јазични сертификати за избор на директори

Sase Ivanovski

НАД 250 ВОЛОНТЕРИ ГО ИСЧИСТИЈА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ, ЗАШТИТЕН СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА КОЈ СО ГОДИНИ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ

Sase Ivanovski

Тошковски за убиството во Штип: Полицијата делуваше ефикасно, во тек се сослушувања на сведоци

Sase Ivanovski

Балканските земји се соочуваат со огромен дефицит на работници пред летната сезона

Sase Ivanovski

Триесетдневен притвор за петтемина осомничени за убиството во Штип

Sase Ivanovski

Иран ќе и достави на Русија ракетни лансери со краток дострел „Фатх-360“

Sase Ivanovski

Ѓуриќ: Александар Вучиќ нема да се соочи со ЕУ санкции поради посетата на Москва

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Гостиварско кој возел автомобил со 2.17 промили алхокол во крвта

Sase Ivanovski

Уапсен стружанец кој пијан возел мотор и излетал од патот

Sase Ivanovski

САД и Кина во Женева ќе преговараат за намалување на царините

Sase Ivanovski

Гест на голем клуб: Ал-Келаифи подготвил специјално изненадување за сите вработени во ПСЖ

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: По улиците, време е и за „чистење“ на општините од фосилите на ДУИ

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Граѓаните се жалат на недоставените фактури и на сумите на сметките за струја

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Макрон, Мерц, Туск и Стармер вчера отпатуваа во Киев во знак на поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Во Скопје утре се врши авионско попрскување против комарци

Sase Ivanovski

Отворена истрага против петмина за убиството во кафе-барот во Штип

Sase Ivanovski

Еквадорски банди во вооружена пресметка убиле 11 војници

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: За почисто Скопје – го чистиме Скопскиот Аквадукт во рамки на акцијата GENERALKA WEEKEND’25!

Sase Ivanovski

Санаториумот Дружба на архитектот Игор Василевски, со поглед на Црното Море во Јалта, Украина, е иконски пример на советскиот брутализам

Sase Ivanovski

Агелер: Честитки до нашата колешка Ивана Китановиќ за победничкиот дизајн „The Infinite Wave“

Sase Ivanovski

Новата социјална населба како втор најголем проект по електричниот јавен превоз ќе ослободи простор за 33.000 квадрати зелена површина за нов парк во Струмица…

Sase Ivanovski

Најплатениот комичар во светот вели дека мора да го прифатите одбивањето ако сакате да бидете успешни: „Тоа би требало да биде тешко“

Sase Ivanovski

Фотоволтаиците прават проблем во Македонија?! Минатиот викенд бил избегнат колапс на македонскиот електросистем

Sase Ivanovski

Апасиев од Москва…

Sase Ivanovski

Свежи цреши во Тинекс за само 1359 денари за килограм

Sase Ivanovski

ЗА ИЛИ ПРОТИВ – ГОСТИН: КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт | BM

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Виктор Грозданов и Столе Наумов

Sase Ivanovski

Филипче: Тажно е како Максо ги изневери сите тие илјадници гласачи кои се поранешни наши гласачи

Sase Ivanovski

Филипче: Очекувам за Скопје да извадиме личност со голем габарит и кредибилитет во јавноста

Sase Ivanovski

Филипче: Клиничкиот центар е тажна приказна, штета е што не испеавме како држава да изградиме нов клинички центар

Sase Ivanovski

Филипче: Единстваниот спас за македонското здравство е германскиот модел каде здравството е достапно а болниците се приватни

Sase Ivanovski

Филипче: Заев ја направи СДСМ победничка партија, јас сега гледам колкав е тоа предизвик

Sase Ivanovski

Филипче: Не верувам дека Заев и Мицкоски имаат комуникација

Sase Ivanovski

Филипче: Зоран Заев остави специфичен белег врз општеството, тој сега нема влијание врз политиките на СДСМ

Sase Ivanovski

Филипче: Визата во Дубаи ја добив затоа што требаше да работам во тамошна болница пред да станам лидер на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страшна сцена во Италија: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Апасиев: Пардон мај РАШН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трансфермаркет.мк: Македонија меѓу првите 15 земји што го воведоа УЕФА фитнес 🅰️ курсот!

Sase Ivanovski

Пукањето со огнено оружје вчеравечер во Штип било извршено од странски државјанин

Sase Ivanovski

Ново музичко патување со Индог и емисијата „Feel Good Beats“

Sase Ivanovski

Вучиќ и Фицо во антизападните наративи: „Најдолгиот пат“ на најдобрите руски пријатели

Sase Ivanovski

Русија ја одржа парадата по повод 80-годишнината од Денот на победата на Црвениот плоштад

Sase Ivanovski

Жена избегала од својот дом со своите деца поради несигурност и страв при вербални и физички закани од својот сопруг

Sase Ivanovski

СЗО: 5 милиони смртни случаи на светско ниво може да се спречат со физичка активност

Sase Ivanovski

Министерот за финансии на САД тврди дека трговскиот договор со Велика Британија ќе заштити до 150.000 работни места

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан меѓусебно се обвинуваат за напади

Sase Ivanovski

Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас: Трагедијата во Кочани покажа што значи европска солидарност во пракса

Sase Ivanovski

Малолетничка дала 25.000 евра на соученици за да го заштити нејзиниот брат од ќотек

Sase Ivanovski
Вчитувам....