Демаршот се однесува на неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот претседател Румен Радев -Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Желјаско Радуков во врска со неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот претседател Румен Радев.
„Во минатото кога се понижуваше и распродаваше достоинството македонско тогаш се молчеше, се виткаше кичма и се соблазнуваа со тие кои нè понижуваа и газеа. Сега дипломатски се испраќаат протестни ноти и нема повеќе да имаме политика меѓународна или пак дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Ако не реагирате, тој исклучок понатаму ќе стане пракса.
Она што е поважно за мене е дека Европа и светот можеа да видат на отворена сцена, кои се вистинските намери на водството во Софија. Бугари во македонскиот устав е најмалиот проблем, многу е поголема потребата да покажат мускули и да ги покажат своите вистински намери. Онојпат кога ќе видиме дека се поминати црвените линии тогаш ќе мораме да интервенираме и денеска тој демарш ќе биде врачен на амбасадорот на нашиот источен сосед“, изјави Мицкоски.
Пишува: Борјан Гаговски, МЕТА.МК