20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:48
МАКТЕЛ

     

Мобилни царински тимови и царински службеници запленија 4,5 илјади парфеми, облека, обувки со потпис на познати трговски марки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари

      

  • Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис на познати трговски марки:

– Mобилен тим заплени 225 парфеми со потпис на познати трговски марки, како Gisada, Paco Rabbane, Louis Vuitton, Jean Paul Gautter, Carolina Herrera откако истите ги пронајде во кабина на камион со бугарски регистарски таблички. Возачот на камионот, инаку македонски државјанин, производите ги скрил во креветот во кабината на камионот, при што истите сакал да ги прошверцува во државата. Против него е поднесена соодветна пријава.

   

– Mобилен тим заплени 1.664 парчиња детска облека со ознаки на заштитени трговски марки поради  сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на стока наменета за фирма од Штип пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.

– Во друг случај при контрола на камион натоварен со стока од испраќач од Грција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица мобилен тим заплени  915 чанти и ранци, 270 ремени и 40 детски куфери, со декларирана вредност од 850 евра, поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

– На излез од државата на граничниот премин Блаце мобилен тим заплени 267 парчиња облека поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на камион со албански регистарски таблички, натоварен со стока од испраќач од Турција, наменета за увозник од Албанија.

– 432 парфеми и 81 пар женски обувки со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Производите се пронајдени во камион со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран, натоварен со стока со потекло од Турција, а наменета за увозник од Косово.

– Македонски државјанин се обидел нелегално да внесе во државата 93 парчиња облека со потпис на заштитени трговски марки преку граничен премин Меџитлија. Истите се пронајдени во багажниот простор и во просторот за резервната гума на автомобилот со кој патувал. Стоката е откриена при контрола на автомобилот со кој патувал. Во намерата е спречен од царинските службеници кои при контрола на автомобилот, во багажниот простор и во просторот за резервна гума ги пронајдоа непријавените производи.

– На граничен премин Дојран се запленети 282  парчиња облека, 270 парчиња бижутерија и друга стока поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Производите се пронајдени при контрола на камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока со потекло од Турција.

  • Во три случаи мобилни тимови и царински службеници запленија и 175 парчиња облека и обувки:

– 104 пара машки обувки се пронајдени во две торби сместени во багажникот и околу резервната гума на автомобил со кој двајца косовски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Богородица.

– Мобилен царински тим во соработка со мобилна единица на МВР заплени 62 пара женски обувки, кои се откриени при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин.

– Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце при извршена контрола на камион заплени девет јакни. Непријавените производи се откриени во креветот во кабината на камион со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин.

  • Запленети 323 штеки цигари со вкупна вредност од 694 илјади денари, што царински службеници и мобилни тимови ги открија при контрола на возила и патници:

– 231 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 1,5 кг тутун без акцизни маркички, со вкупна вредност од 367.130 денари се откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на двајца македонски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон. Царинските службеници од царинската испостава Аеродром Скопје и припадници на Граничната меѓуагенциска единица селектираа патници поради контрола на нивниот багаж, при што по извршената контрола со помош на скенер, во патните торби на еден патник биле пронајдени 203 штеки цигари и 1.500 грама тутун, а во патната торба на друг патник биле пронајдени 28 штеки цигари.

– Царински службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија шверц на 33 штеки цигари коишто биле скриени во фабрички прегради на два камиони.

– Мобилен тим во соработка со полициски службеници заплени 59 штеки цигари со вкупна вредност од 244 илјади денари откриени при контрола на автомобил во Битола.

– Во друг случај мобилен царински тим заплени и 90 електронски цигари откриени во фабричка празнина во подвозјето на камион управуван од македонски државјанин. Случајот е откриен на граничен премин Табановце на влез во државата.

  • Воздушна пушка GAMO/SPAIN, модел BIG CAT 1000-E, со оптички нишан и ласер,  е пронајдена во багажникот на автомобил со српски регистарски таблички со кој српски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце.
  • 24.500 евра се запленети откако истите се откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој како патник во автобус, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Кај патникот се пронајдени 26.500 евра, при што согласно Законот за девизно работење му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите девизи се задржани.
  • Служба за мобилни скенери во три случаи спречи криумчарење на дигитални приемници, телевизор, акумулатори, алати и разна друга стока со вкупна вредност од 1,5 милиони денари:

– 2.004 дигитални приемници АТЕК АК-2025, со вкупна вредност од вредност од  1,5 милиони денари се откриени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Откриените дигитални приемници кои не биле опфатени со царинските документи се запленети, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

– Во друг случај Службата за мобилни скенери при контрола на камион на влез во државата на граничен премин Табановце откри телевизор Samsung и една хармоника  Ramses Professional. Производите се пронајдени на креветите во кабината на камионот  управуван од македонски државјанин.

– Пет употребувани акумулатори, комплети рачни алати, сталажа за алат, комплет робот-правосмукалка марка Dreame X40 Ultra robot се откриени од Службата за мобилни скенери, при контрола на камион на влез во државата на Табановце. Непријавените производи се пронајдени во кабината и во товарниот дел на камион-кипер со австриски привремени таблички, управуван од македонски државјанин.

– Разна стока, меѓу која метални кутии за осигурувачи, конвертор, ладилник за камион и друга стока се пронајдени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје пријавена за увозно царинење во царинска испостава Деве Баир.

  • Царински службеници од граничен премин Блаце, царинска испостава Гевгелија, и Дојран спречија криумчарење на разна стока, меѓу која гуми со бандажи, антифриз, делови за туш кабини со вкупна вредност од околу 300 илјади денари.

– 109 делови за туш-кабини, 300 USB мемориски стикови се пронајдени во багажникот на автомобил со турски регистарски таблички со кој турски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце. Во друг случај царински службениците службеници запленија и 16 употребувани гуми со бандажи, кои се пронајдени во внатрешноста на камион.

– 210 кг антифриз SHELL, 200 кг памучна ткаенина за отстранување маснотии, 80 кг најлонски вреќи, кои не биле опфатени со царинските документи се откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија.

Со почит, Наталија Скалова

    

Најново

Честитка – Гаши: 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski
Вчитувам....