12.8 C
Скопје
07/05/2025 06:05
МАКТЕЛ

     

Можна промена: Новиот државен грб ќе натовари и нови химна и знаме?

      

Најавата за можна промена на државниот грб уште на почеток ги подели партиите и клучното прашање е дали и доколку ВМРО-ДПМНЕ обезбеди двотретинско мнозинство ќе ја турка иницијативата без обезбеден консензус. Откако премиерот Христијан Мицкоски потврди дека со Вреди го отворил прашањето за промена на грбот, засега јасно е само дека отворање на Уставот само за тоа прашање ќе нема. Владејачката Вреди и опозициската ДУИ сакаат промена на грбот, но во пакет со други барања. Владиниот партнер ЗНАМ досега не е прашан, па нема ни став, додека опозицискиот СДСМ најави дека жестоко ќе се спротивстави на каква било промена на државниот грб. Ако Мицкоски е решен да ја турка иницијативата, прво ќе треба да ги испегла позициите во сопствениот владин двор, па потоа да се потруди да го убеди и Филипче за промена на државниот грб. Промена што би била одраз на сегашната реалност. Билал Касами, еден од лидерите на Вреди, вели дека поддржува секакви промени на Уставот, со кои ќе се менуваат државните симболи, поврзани со минатиот општествено-политички систем и дека се потребни пакет измени. Тој додава дека поддржуваат промени на Уставот, со кои би се рефлектирала сегашната реалност на државата.– Јас, впрочем, во еден претходен мој јавен настап сум кажал дека и една од целите за именување на улиците во градот Тетово, беше тоа што уште стои наследството од минатиот систем, што е и образложението на премиерот во делот на менување на грбот на државата. Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем, ќе рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија. Ние сме подготвени да разговараме сигурно дека тоа ќе биде и јавен транспарентен процес – рече Касами.

Висок владин функционер од Вреди за „Слободен печат“ вели дека покрај нов грб, потребна е и нова химна и промена на формулацијата „20 отсто“ со албански јазик.– Точно е дека грбот и химната се влечат од комунизмот. Точно е и дека 20 проценти е понижувачки за албанскиот јазик. Ги разговараме овие теми, но сега приоритет е спроведување на владината програма и приоритетите, како што се евроинтеграцијата, правната држава, економскиот развој, децентрализацијата – вели функционерот. Висок владин функционер од ВМРО-ДПМНЕ за „Слободен печат“ вели дека ако има договор за промена на грбот, Уставот би се отворил само за тоа прашање. Отворањето на највисокиот правен акт во државата не е врзано со внесот на Бугарите во Уставот, ниту, пак, со Вреди се разговарало за промена на формулацијата „20 отсто“ со албански јазик или за нова химна. Од ЗНАМ велат дека Мицкоски досега со нив не го отворил прашањето за промена на грбот и дека откако премиерот отворено ќе зборува на таа тема, тие ќе го кажат ставот.
Освен Вреди, отворање на Уставот во пакет бара и опозициската ДУИ. Висок функционер од ДУИ за Слободен печат“ вели дека се подготвени да дебатираат за промена на грбот, химната, за промена на формулацијата „20 отсто“ со албански јазик, но и за национално знаме на Македонците кое би се разликувало од државното знаме. Според функционерот, добро е да се постигне консензус за промена на државните симболи што треба да бидат прифатливи за сите граѓани и етнички заедници, а Македонците да изберат национално знаме за државното знаме да биде почитувано од сите граѓани и заедници. СДСМ е „жестоко против“. Наспроти подготвеноста на албанскиот политички блок за промена на државните симболи, против промена на грбот жестока реакција најави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. – Сметаме дека државниот грб сосема соодветно, прво хералдиски ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и придобивките од Народноослободителната и антифашистичка војна. Нема никаква поделба во однос на етнички групи и доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб – изјави Филипче.

   

Според него, ова е уште еден од низата ненајавени и испланирани предлози на ВМРО-ДПМНЕ, што се повторува од претходно. – Тоа е еден предлог што сега се повторува. Да потсетам дека тој предлог беше на маса пред повеќе години, за време на минатата влада, кога беа во коалиција заедно со ДУИ. Тогаш беше дел од еден пакет мерки што требаше да се донесе. Конкретно, сметам дека првата дилема што се поставува е дали можеби внатре, во коалицијата со Вреди, давајќи го овој предлог за измена на државниот грб, не се разговара и за измена на химната. И тоа е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори – рече Филипче. ЛДП: Рисот како препознатлив вид да биде на новиот грб. И додека партиите лиферуваат предлози за отворање на Уставот, при што освен грбот би се менувале и другите државни симболи, ЛДП е за промена на грбот и веднаш излезе со предлог рисот да биде симболот за препознавање на македонскиот грб. – Поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава. Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес, но и на уште многу други места и е заштитен со голем број меѓународни конвенции. Доколку се постави рисот, се покажува поглед кон иднината наместо враќање назад и гледање во минатото. Тоа е симбол што со ништо нема да потсетува на која било соседна држава и да создаде проблеми. Прифатлива е само уникатност, посебност, новина, свежина, иднина и заштита на своето, како што е балканскиот рис, кој потекнува од Шар Планина, е ретко и заштитено животно, и е еден од нашите национални државни симболи – велат од ЛДП. Според ЛДП, посебноста на Македонија мора да биде главната водилка кон прифаќањето каков било предлог за државниот грб. Притоа, тоа мора да биде и решение што ќе ги задоволи сите граѓани на Македонија, без разлика на националната, етничката, партиска, верска или било која друга припадност. – Предлагаме општоприфатливо решение. Бидејќи доколку сите се водиме од своите партиски обележја или позиции, ЛДП би се придржувала до македонската флора и фауна и би предложила поставување на соколот како уникатен македонски симбол и дел од нашиот македонски фолклор. Покрај тоа што во Македонија живеат девет посебни видови соколи, во нашата народна музика со гордост се опева соколот кој пие вода од нашиот Вардар, песна што е и химна на партијата – истакнуваат од ЛДП. „Слободен печат“ веќе објави дека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди разговарале за промена на државниот грб. Премиерот потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб. – Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сè уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации – рече Мицкоски.

  

Најново

10 ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА КРИМИНАЛ ТЕЖОК 2,9 МИЛИОНИ ЕВРА ВО РЕК БИТОЛА Намерно отфрлиле понуда на тендерот за ископ на јаловина?

Sase Ivanovski

ИНСУЛИН СЕГА ИМА, НО КВАЛИТЕТОТ НА ПОМАГАЛАТА Е ПОД ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРИ: Пациентите со дијабетес бараат системски решенија

Sase Ivanovski

ИСПЛАТЛИВА ИЛИ НЕ, МАКЕДОНЕЦОТ СИ САКА ПОЛОВНА КОЛА, ДАЛИ НОВИТЕ СЀ УШТЕ СЕ САМО ЗА БОГАТИТЕ – паѓа бројот на увезени нови автомобили

Sase Ivanovski

Новите државни коцкарници во Македонија направиле загуби во работењето

Sase Ivanovski

ПОЗНАТИОТ БИЗНИСМЕН ГОРАН АНТЕВСКИ СЕ СТЕКНА СО АКЦИИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВРЕДНИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА – еве за што извести банката

Sase Ivanovski

Фактор анализа ШТИП 2024: Штипјани знаат да прават бизнис! Кои се најуспешните компании во „Градо под Исаро“?

Sase Ivanovski

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ: Расте бројот на банкроти во Европа

Sase Ivanovski

Алсат: Арбен Таравари ќе ја напушти Владата

Sase Ivanovski

Кос: Србија има историска можност да се приклучи кон Европската Унија

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со коалицијата „Вреди“ по најавите на Таравари за раздвојување

Sase Ivanovski

Литванија, а по неа и Латвија забранија прелет на авионот на Вучиќ кон Москва

Sase Ivanovski

Повеќе од три месеци не се знае судбината на Миле од Неготино

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова се сретна со тимот од „Support Kocani“: Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба

Sase Ivanovski

Пакистанскиот премиер Шариф: Имаме целосно право да се браниме од воениот напад на Индија

Sase Ivanovski

Трамп: „Штета“ е што имаше индиски напад врз Пакистан

Sase Ivanovski

Најмалку двајца загинати и 12 повредени во нападот на Индија врз Пакистан; Пакистанската армија собори два индиски воени авиони

Sase Ivanovski

Трамп: Русија немаше да ја нападне Украина доколку сè уште беше дел од Г7

Sase Ivanovski

Убиен командант на Хезболах во израелски напад со беспилотни летала во јужен Либан

Sase Ivanovski

Во Котор е уапсен Американец-бегалец, обвинет за убиство во родната земја

Sase Ivanovski

Најмалку двајца загинати и 12 повредени во нападот на Индија врз Пакистан

Sase Ivanovski

Фетаи за ДУИ: Прво гласаа за измените во уредувањето на државната администрација, па потоа ја клеветат Владата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арматура виси над минувачите и автомобилите во Карпош

Sase Ivanovski

Се воведува комунална полиција, а идните градоначалници ќе се отповикуваат со референдум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Индиската армија изврши напади врз девет локации во Пакистан

Sase Ivanovski

Андреј Жерновски: Триесет дена од „уште денес” на Мицкоски

Sase Ivanovski

Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е анти-национална и стана ‚‚тажната приказна” на Балканот

Sase Ivanovski

Европската унија со подршка за Гренланд

Sase Ivanovski

Путин со осуда на обидите на Западот за ревидирање на историјата на Втората светска војна

Sase Ivanovski

Хутите најавија проценка на суспензијата на агресијата по најавата на Трамп

Sase Ivanovski

Семејното насилство ќе се гони по службена должност – власта одби ист предлог на Левица, а сега ќе го менува Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Кина не пристапи кон трговски преговори со САД

Sase Ivanovski

Израелски официјални лица велат дека САД не ги информирале дека ќе ги прекинат нападите врз Хутите

Sase Ivanovski

Меџити: Отвораме амбасада во Саудиска Арабија, тоа ќе ја зајакне меѓународната позиција на земјата

Sase Ivanovski

Момировски: Имам впечаток дека може да се продлабочи падот на Македонија на Индексот на слободата на медиумите

Sase Ivanovski

Руската амбасада организира изложба во Музејот на Град Скопје: „Патот кон големата победа“

Sase Ivanovski

Кожуф поради скандалот може да остане и без лиценцата за дејност спорт!

Sase Ivanovski

„Dystokyo“ – мултикултурен и мултимедијален настан за спојување на Скопје и Токио

Sase Ivanovski

Пoпуларната апликација „Скајп“ заминува во историјата

Sase Ivanovski

59 годишник обвинет за полов напад врз 15 годишно дете

Sase Ivanovski

Aнализа: Извршители од граѓаните наплатиле 47 милиони евра, во најава нови законски измени

Sase Ivanovski

Средношколци утре ќе се натпреваруваат со свои бизнис идеи на натпревар за ученички компании

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД не пресудил дека вакцините против ковид-19 не се вакцини

Sase Ivanovski

Министерството за образование, УКИМ и СОЗР креираа работна група за изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК

Sase Ivanovski

Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија

Sase Ivanovski

АХВ изрече забрана за вршење дејност на прифатилиште за бездомни кучиња во струмичко

Sase Ivanovski

Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба

Sase Ivanovski

Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Sase Ivanovski

Градоначалниците отсега ќе може да се отповикуваат на референдум

Sase Ivanovski

Владата гради клучен инфраструктурен проект што како опозиција во 2021 не го гласале како јавен интерес

Sase Ivanovski

Осомничената антикорупционерка отфрлила и пријави за случајот „Адитив“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гејминг студото „Рокстар“ го објави вториот трејлер за играта GTA 6

Sase Ivanovski

Општина Аеродром не ги доби ветените кружни текови за намалување на сообраќајниот метеж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПИЛСКИ ПРАТЕНИК ГО СИМНА ЗНАМЕТО НА ЕУ И СИ ГИ ИЗБРИША ЧЕВЛИТЕ СО НЕГО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пратениците не го изгласаа предлогот на Левица за незастарливост на дела против службената должност

Sase Ivanovski

Репортажа на ПРИЗМА: ГТЦ – ОД СИМБОЛ НА МОДЕРНОТО ДО БЕТОНСКИ ДУХ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ристова: Животот во Македонија станува се поскап – покачени се цените на јајцата, месото, сирењето, соковите, млекото

Sase Ivanovski

Фридрих Мерц е избран за нов германски канцелар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Работиме на нов модел на субвенциите за нови авиолинии кој ќе донесе најмалку 10 нови дестинации

Sase Ivanovski

Има конфликт на интереси – една од парцелите на кои ќе се гради „Лидл“ во Куманово е на кумот на градоначалникот Димитриевски, обвини опозицијата

Sase Ivanovski

Кривична за Жан Железарски: Се заканувал на затворски полицајци, едниот го расекол со стаклен предмет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Црквата мора да му обезбеди стабилност на човештвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРВАТА АНТИКОРУПЦИОНЕРКА ДОДЕКА ОДАВАЛА СЛУЖБЕНИ ТАЈНИ ОТФРЛАЛА И ПРИЈАВИ ЗА „АДИТИВ“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Чарли Џи е вешт каменичар посветен на заштита и ревитализација на историската архитектура преку прецизна изработка и уметнички талент

Sase Ivanovski

МАЛОЛЕТНИК ОД ТЕТОВО НАСИЛНО БИЛ ВНЕСЕН ВО „БМВ Х5“, КОГА УСПЕАЛ ДА ИЗБЕГА МУ СЕ ЗАКАНИЛЕ СО ПИШТОЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – 440 милиони денари за поддршка на спортот, 100 милиони денари за нови униформи за војниците, зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе се градат

Sase Ivanovski

Љатифи Азизи: Владата донесе одлука за помош на млади и младински организации, одобрени се измените на ЗЛС со што значително ќе се подобри функционирањето на општините

Sase Ivanovski

Герасимовски: Во четврток ја отвораме новата градинка Пролет, прва по 50 години

Sase Ivanovski

Дваесет години посветени на безбедноста: Дирекцијата за радијациона сигурност одбележува значаен јубилеј

Sase Ivanovski

Општина Куманово – Ден на македонскиот литературен јазик

Sase Ivanovski

Средба на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со претставници на Конрад Аденауер Фондацијата

Sase Ivanovski

Средба на генералната секретарка на Собранието Димовска, со г. Павел Усватов, директор на Програмата за владеење на правото за Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер

Sase Ivanovski

Изјава од претседателката Сиљановска-Давкова за одржаната Свечена академија по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

(ФОТО) Началникот на Генералштабот на Армијата на Меѓународниот саем DEFEA 25 во Грција

Sase Ivanovski

Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Sase Ivanovski

Безживотно тело пронајдено на Бит Пазар

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Расчистени девет тешки кражби во Битола, од слобода лишени три лица

Sase Ivanovski

Министерот Муртезани по преземањето на претседавањето со ЕУСАИР: „Ќе градиме не само патишта, туку и мостови на разбирање и солидарност“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче да се огради од наркодилерот Андон Стојков, ако не се фрла сомнеж дека стои зад него

Sase Ivanovski

Koстадиновски од Букурешт: Силата на аргументите ја прават одлуката на Судот авторитетна

Sase Ivanovski

Јовчевска-Михајловска: Верувам во капацитетот на нашите ученици и сум убедена дека можат да ја положат матурата без проблем – со сопствено знаење, труд и искрен пристап

Sase Ivanovski
Вчитувам....