Утрово, во придружба на министерот за здравство, Арбен Таравари, и заменик-министерот за надворешни работи на Грција, @tasos_chatzivasileiou , ги посетивме пациентите повредени во пожарот во Кочани, хоспитализирани во двете болници во Солун. Од информациите што ги добивме, нивната здравствена состојба е стабилна, а лично се уверив дека медицинскиот персонал посветено и одговорно се грижи за нив.
Упатив благодарност до грчките власти за поддршката што ја даваат во овие тешки моменти за нашата земја. Истовремено, во разговорите со семејствата на пациентите уште еднаш нагласив дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку своите дипломатски и конзуларни претставници во Грција, останува на 24-часовно располагање за секоја потребна помош и поддршка.
View this post on Instagram