Денес остварив средба со Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, вршител на работи во Амбасадата на Државата Катар во Скопје.
На средбата ги потврдивме традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји и ја нагласивме заложбата за понатамошно интензивирање на севкупната билатерална соработка во сите сфери од заемен интерес. Особено ја истакнавме потребата за продлабочување на економската и трговската соработка, како и за зголемување на обемот на катарските директни инвестиции во нашата земја. Исто така, разговаравме за актуелните безбедносни и политички состојби, со посебен фокус на потенцијалниот развој на настаните во регионот на Блискиот Исток.