МАКТЕЛ

     

Нагорно Карабах: Пресудија влошените руско-ерменски односи

      

Ерменија, поточно Нагорно Карабах, ерменската енклава во Азербејџан, капитулираше во рок од 24 часа. Во вторникот (19.09) Азербејџан почна „голема воена операција“ за освојување на Нагорно Карабах, прекинувајќи ги преговорите и примирјето кое траеше од 2020-та година, под гаранции на руските мировници и воени сили.

Додека трупите на Баку, безрезервно поддржани од Реџеп Таип Ердоган, ги започнаа своите операции против сепаратистичките сили во Карабах, во Ереван бевме сведоци на протести и напад на седиштето на Владата, како и пред руската амбасада во Ерменија. Демонстратите бараа и веројатно и понатаму ќе бараат оставка од премиерот Никол Пашинјан, затоа што Ерменија не се вклучува во одбрана на ерменската популација во енклавата и затоа што премиерот официјално призна дека Нагорно Карабах припаѓа на Азербејџан, додека на Русите им се забележува што не интервенирале со цел да го спречат „геноцидот“ врз Ерменците и ја запоставиле безбедноста на Ерменија.

Почетоците на конфликтот

   

Регионот Нагорно Карабах е планински, има околу 11 илјади км/2 и географски целосно се наоѓа во Азербејџан, кој во образложението за своите претензии се повикува на принципот на територијалниот интегритет на една држава, аргумент кој по малку иронично, суштински доби на сила после руската инвазија на Украина. Но, регионот е населен претежно со Ерменци, и е етнички, културно и религиозно близок до Ерменија, така што Ерменија инсистира на правото на самоопределување на населението.

Генезата на конфликтот се случува во 1988 година, кога локалните власти побарале да преминат од советската република Азербејџан во исто советската република Ерменија. Тогаш започнуваат првите етнички судири кои ни советската интервенција не успева да ги реши. Со распадот на СССР започнува вистинска војна помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Делови од Нагорно Карабах уште во 1991 година декларираат самостојност, таканаречена „Република Арцах“ која не ја признава ниту една држава во светот, дури ни Ерменија – веројатно затоа што не сака мировните преговори со Азербејџан да ги направи невозможни уште од самиот старт. Првото примирје ќе биде постигнато во 1994-та, благодарение на посредство на Русија и ОБСЕ.

Во 2020 година изби втора војна за регионот меѓу двете држави, откако Азербејџан се збогати од продажба на нафта и гас и сериозно се вооружи. По 44 дена и поддршка од Турција, Баку прогласи победа и Азербејџан си врати делови, околу 150 километри, од спорната територија под своја контрола. Руските сили требаше всушност да го надгледуваат примирјето, но тензиите и натаму беа присутни и постојано имаше смртоносни судири меѓу двете страни. Од почетокот на конфликтот, според проценките, се загинати околу 35 илјади лица. Стотици илјади се во бегство.

Азербејџан е муслиманска и туркофонска земја, поддржана од Турција, со која има јазични и културни афинитети и помеѓу двете земји важи слоганот „еден народ – две држави“. Ерменија е христијанска земја и формално поддржана од Русија, иако ќе видиме дека токму отсуството на руска поддршка е една од причините зошто Азербејџан победува и зошто Нагорно Карабах капитулираше.

Русија го запостави својот сојузник

Од почетокот на својата инвазија врз Украина, Русија целосно го запостави својот сојузник Ерменија и својата миротворна мисија во Нагорно Карабах. Единствениот пристапен пат, таканаречениот „Коридор Лачин“, кој го поврзува Карабах со државата Ерменија, од декември 2022 година е блокиран од Азербејџан. Оттогаш, регионот е во голема мера отсечен од надворешниот свет, а жителите оставени без каква било увозна стока, пред сѐ храна и лекови. Руските трупи присутни на терен не направија ништо со цел да ја спречат азербејџанската блокада, додека Ереван почна да ја насетува грешката што неговата безбедност е премногу зависна од Русија.

За волја на вистината веќе од 2018-та и „кадифената револуција“ со која на власт дојде Никол Пашинјан не тече добра крв помеѓу рускиот и ерменскиот лидершип. Антипатија која драматично ќе порасне кога владата на Пашинјан ќе отвори врата за соработка со други сили, и ќе ја критикува Москва од аспект на нејзините безбедносни гаранции. Конечно, односите ќе се влошат драстично кога Пашинјан ќе дозволи за првпат да се одржат на ерменска територија заеднички воени вежби со САД. Во исто време, Ереван одби на нејзина територија да се одржат воени вежби на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ), воениот сојуз на постсоветски држави каде Ерменија е историски партнер. Ерменија таквата одлука ја правдаше со цел да избегне турско-азерскиот тандем да се осети под закана. Две стратешки и необјасниви грешки на владата во Ереван и на премиерот Пашинјан.

Пашинјан од критики не ја поштеди ни самата Организација за колективна безбедност (ОДКБ), виновна за фактот што не интервенирала во одбрана на земјата од Азербејџан. Пашинјан воедно одби да стане заменик генерален секретар на ОДКБ и дури се шпекулираше дека Ерменија би можела да излезе од безбедносната организација. Русија и понатаму беше мета на критики за нејзините слаби безбедносни гаранции после војната во Украина, како и поради фактот што, според Пашинјан, решила целосно да се повлече од Кавказот.

Дека односите помеѓу Владимир Путин и Никол Пашинјан се на историски минимум ни потврдува и ерменската одлука забрзано да пристапи кон ратификација на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, што е низок удар за Москва и Путин, затоа што евентуалното членство би им дозволило на ерменските власти да го уапсат рускиот претседател.

Ерменија забрзано ги влошуваше односите со Русија

Русија од своја страна беше принудена во последните години да одржува некаква позиција на рамнотежа помеѓу Азербејџан и Ерменија. И двете земји важат за историски важни партнери на Москва во регионот, особено во секторите на безбедноста и одбраната. Од 2011 до 2020 Русија е најголем извозник на оружје и во Ерменија и во Азербејџан, каде речиси сите воени системи на Ереван се од руско производство, додека барем 2/3 од азерските воени набавки доаѓаат од Русија.

Целта на Русија во овој четиридецениски конфликт е да спречи директни воени операции на ерменска територија која меѓународно е признаена, да избегне директен воен конфликт со Азербејџан и да ја гарантира сигурноста на своите миротворни трупи на терен, како и релативната безбедност на локалната популација во Карабах. Русија ниту има волја ниту пак способност да ја поддржи локалната ерменска влада во Нагорно Карабах. Ерменија од 2020-та имаше шанса да се подготви за наредниот конфликт и да го поддржи Карабах, но изгледа дека тоа не е спроведено успешно, додека Азербејџан е пресилен и самостојно, а со поддршка на Анкара е супериорен на секое поле. Ерменија, од своја страна, предолго се потпираше на превртливата и незаинтересирана Русија, со која забрзано ги влошуваше односите, додека немаше доволно време и начин како посериозно да се приближи кон Западот.

Всушност тоа ќе биде големото стратешко прашање за Ереван во иднина – избор помеѓу Западот, кон кој се отвора или кон Истокот и Русија, кои полека ѝ вртат грб на Ерменија. Но, засега Ерменија сѐ уште е премногу стратешки и економски зависна од Русија. Војната против Украина ги залади односите меѓу Москва и Ереван, но не ги прекина целосно. Една од најголемите руски воени бази и понатаму се наоѓа во Ерменија, економската размена постојано расте, додека граѓанското општество не негува антируски сентимент толку карактеристичен за сите останати поранешни советски републики.

Сепак, сѐ почесто и народот и земјата сакаат поинакви и подобри партнери од само Руската Федерација. Тој избор и правец ќе зависат од судбината на владата на Пашинјан, од она што ќе се случи во Украина, и од тоа колку Западот е подготвен да се заложи за Ерменија. Засега, ниеден од овие три предуслови не делува добро.

Што се однесува до популацијата на Нагорно Карабах, не им се пишува најдобро, ги очекува болна асимилација или егзодус – уште една трагична епизода за историски напатениот ерменски народ.

 

   

Најново

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СТРУМИЦА Дрво смачка автомобил, пожарникарите на терен

Sase Ivanovski

Таравари: Жал ми е што премиерот стана жртва на некои уверувања, лично ќе му ги објаснам работите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Sase Ivanovski

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски од Инџиково: Наскоро од денес се отвора детската градинка за најмалите, продолжуваме да ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: 24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата помага и ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани, го повикуваме СДС да престане да ја политизира работата

Sase Ivanovski

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Sase Ivanovski

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

Sase Ivanovski

Денес започнаа парламентарните избори во Албанија

Sase Ivanovski

Стара географска карта извадена од контекст за да се пофали Русија

Sase Ivanovski

Трамп тврди дека постигнал „целосно ресетирање“ на трговските односи меѓу САД и Кина по разговорите за царините во Женева

Sase Ivanovski

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИГНОРИРАНИ ДО СМРТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Како забраната за вештачки бои ќе влијае на производтсвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski

Зеленски: Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот, целосен, постојан и сигурен, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Турски државјанин тепал со капак од шахта сограѓанин во Скопје, заврши во притвор

Sase Ivanovski

Во Кичевско син со секира го уби таткото и тешко ја повреди мајката

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Sase Ivanovski

Истрага за сообраќајка во Чаир, тешко повреден е мотоциклист

Sase Ivanovski

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 казнети возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski
Вчитувам....