1.8 C
Скопје
04/12/2023 09:25
МАКТЕЛ

      

Нагорно Карабах: Пресудија влошените руско-ерменски односи

      

Ерменија, поточно Нагорно Карабах, ерменската енклава во Азербејџан, капитулираше во рок од 24 часа. Во вторникот (19.09) Азербејџан почна „голема воена операција“ за освојување на Нагорно Карабах, прекинувајќи ги преговорите и примирјето кое траеше од 2020-та година, под гаранции на руските мировници и воени сили.

   

Додека трупите на Баку, безрезервно поддржани од Реџеп Таип Ердоган, ги започнаа своите операции против сепаратистичките сили во Карабах, во Ереван бевме сведоци на протести и напад на седиштето на Владата, како и пред руската амбасада во Ерменија. Демонстратите бараа и веројатно и понатаму ќе бараат оставка од премиерот Никол Пашинјан, затоа што Ерменија не се вклучува во одбрана на ерменската популација во енклавата и затоа што премиерот официјално призна дека Нагорно Карабах припаѓа на Азербејџан, додека на Русите им се забележува што не интервенирале со цел да го спречат „геноцидот“ врз Ерменците и ја запоставиле безбедноста на Ерменија.

Почетоците на конфликтот

 

Регионот Нагорно Карабах е планински, има околу 11 илјади км/2 и географски целосно се наоѓа во Азербејџан, кој во образложението за своите претензии се повикува на принципот на територијалниот интегритет на една држава, аргумент кој по малку иронично, суштински доби на сила после руската инвазија на Украина. Но, регионот е населен претежно со Ерменци, и е етнички, културно и религиозно близок до Ерменија, така што Ерменија инсистира на правото на самоопределување на населението.

   

     

Генезата на конфликтот се случува во 1988 година, кога локалните власти побарале да преминат од советската република Азербејџан во исто советската република Ерменија. Тогаш започнуваат првите етнички судири кои ни советската интервенција не успева да ги реши. Со распадот на СССР започнува вистинска војна помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Делови од Нагорно Карабах уште во 1991 година декларираат самостојност, таканаречена „Република Арцах“ која не ја признава ниту една држава во светот, дури ни Ерменија – веројатно затоа што не сака мировните преговори со Азербејџан да ги направи невозможни уште од самиот старт. Првото примирје ќе биде постигнато во 1994-та, благодарение на посредство на Русија и ОБСЕ.

Во 2020 година изби втора војна за регионот меѓу двете држави, откако Азербејџан се збогати од продажба на нафта и гас и сериозно се вооружи. По 44 дена и поддршка од Турција, Баку прогласи победа и Азербејџан си врати делови, околу 150 километри, од спорната територија под своја контрола. Руските сили требаше всушност да го надгледуваат примирјето, но тензиите и натаму беа присутни и постојано имаше смртоносни судири меѓу двете страни. Од почетокот на конфликтот, според проценките, се загинати околу 35 илјади лица. Стотици илјади се во бегство.

Азербејџан е муслиманска и туркофонска земја, поддржана од Турција, со која има јазични и културни афинитети и помеѓу двете земји важи слоганот „еден народ – две држави“. Ерменија е христијанска земја и формално поддржана од Русија, иако ќе видиме дека токму отсуството на руска поддршка е една од причините зошто Азербејџан победува и зошто Нагорно Карабах капитулираше.

Русија го запостави својот сојузник

Од почетокот на својата инвазија врз Украина, Русија целосно го запостави својот сојузник Ерменија и својата миротворна мисија во Нагорно Карабах. Единствениот пристапен пат, таканаречениот „Коридор Лачин“, кој го поврзува Карабах со државата Ерменија, од декември 2022 година е блокиран од Азербејџан. Оттогаш, регионот е во голема мера отсечен од надворешниот свет, а жителите оставени без каква било увозна стока, пред сѐ храна и лекови. Руските трупи присутни на терен не направија ништо со цел да ја спречат азербејџанската блокада, додека Ереван почна да ја насетува грешката што неговата безбедност е премногу зависна од Русија.

За волја на вистината веќе од 2018-та и „кадифената револуција“ со која на власт дојде Никол Пашинјан не тече добра крв помеѓу рускиот и ерменскиот лидершип. Антипатија која драматично ќе порасне кога владата на Пашинјан ќе отвори врата за соработка со други сили, и ќе ја критикува Москва од аспект на нејзините безбедносни гаранции. Конечно, односите ќе се влошат драстично кога Пашинјан ќе дозволи за првпат да се одржат на ерменска територија заеднички воени вежби со САД. Во исто време, Ереван одби на нејзина територија да се одржат воени вежби на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ), воениот сојуз на постсоветски држави каде Ерменија е историски партнер. Ерменија таквата одлука ја правдаше со цел да избегне турско-азерскиот тандем да се осети под закана. Две стратешки и необјасниви грешки на владата во Ереван и на премиерот Пашинјан.

Пашинјан од критики не ја поштеди ни самата Организација за колективна безбедност (ОДКБ), виновна за фактот што не интервенирала во одбрана на земјата од Азербејџан. Пашинјан воедно одби да стане заменик генерален секретар на ОДКБ и дури се шпекулираше дека Ерменија би можела да излезе од безбедносната организација. Русија и понатаму беше мета на критики за нејзините слаби безбедносни гаранции после војната во Украина, како и поради фактот што, според Пашинјан, решила целосно да се повлече од Кавказот.

Дека односите помеѓу Владимир Путин и Никол Пашинјан се на историски минимум ни потврдува и ерменската одлука забрзано да пристапи кон ратификација на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, што е низок удар за Москва и Путин, затоа што евентуалното членство би им дозволило на ерменските власти да го уапсат рускиот претседател.

Ерменија забрзано ги влошуваше односите со Русија

Русија од своја страна беше принудена во последните години да одржува некаква позиција на рамнотежа помеѓу Азербејџан и Ерменија. И двете земји важат за историски важни партнери на Москва во регионот, особено во секторите на безбедноста и одбраната. Од 2011 до 2020 Русија е најголем извозник на оружје и во Ерменија и во Азербејџан, каде речиси сите воени системи на Ереван се од руско производство, додека барем 2/3 од азерските воени набавки доаѓаат од Русија.

Целта на Русија во овој четиридецениски конфликт е да спречи директни воени операции на ерменска територија која меѓународно е признаена, да избегне директен воен конфликт со Азербејџан и да ја гарантира сигурноста на своите миротворни трупи на терен, како и релативната безбедност на локалната популација во Карабах. Русија ниту има волја ниту пак способност да ја поддржи локалната ерменска влада во Нагорно Карабах. Ерменија од 2020-та имаше шанса да се подготви за наредниот конфликт и да го поддржи Карабах, но изгледа дека тоа не е спроведено успешно, додека Азербејџан е пресилен и самостојно, а со поддршка на Анкара е супериорен на секое поле. Ерменија, од своја страна, предолго се потпираше на превртливата и незаинтересирана Русија, со која забрзано ги влошуваше односите, додека немаше доволно време и начин како посериозно да се приближи кон Западот.

Всушност тоа ќе биде големото стратешко прашање за Ереван во иднина – избор помеѓу Западот, кон кој се отвора или кон Истокот и Русија, кои полека ѝ вртат грб на Ерменија. Но, засега Ерменија сѐ уште е премногу стратешки и економски зависна од Русија. Војната против Украина ги залади односите меѓу Москва и Ереван, но не ги прекина целосно. Една од најголемите руски воени бази и понатаму се наоѓа во Ерменија, економската размена постојано расте, додека граѓанското општество не негува антируски сентимент толку карактеристичен за сите останати поранешни советски републики.

Сепак, сѐ почесто и народот и земјата сакаат поинакви и подобри партнери од само Руската Федерација. Тој избор и правец ќе зависат од судбината на владата на Пашинјан, од она што ќе се случи во Украина, и од тоа колку Западот е подготвен да се заложи за Ерменија. Засега, ниеден од овие три предуслови не делува добро.

Што се однесува до популацијата на Нагорно Карабах, не им се пишува најдобро, ги очекува болна асимилација или егзодус – уште една трагична епизода за историски напатениот ерменски народ.

 

    

Најново

Апасиев го откажа учеството на лидерската – Треба да биде ден на жалост поради двојното убиство, вели тој

Sase Ivanovski

КНИГА НА ЖАЛОСТ ВО „ПЕСТАЛОЦИ“ Училиштето со психолози ќе им помага на соучениците на Вања да ја пребродат трагедијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРОЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА ИЗНЕСЕНИ ПРЕД ИСТРАЖЕН СУДИЈА

Sase Ivanovski

Герасимовски: Нема толку силни зборови кои можат да ја искажат болката и гневот за прерано згаснатиот живот на Вања

Sase Ivanovski

Велибор Манев: Не го извршив убиството на Вања!

Sase Ivanovski

ГИ КИДНАПИРАЛЕ, БАРАЛЕ ОТКУП, ОТКАКО НЕ ДОБИЛЕ ПАРИ ГИ УБИЛЕ И ГИ ЗАКОПАЛЕ: Поради пари згаснаа два животи – убиените не се познавале, тврди ќерката на фризерот

Sase Ivanovski

ПРАВДА: На ЕНЕР е објавен Нацрт законот за заштитено пријавување и заштита на укажувачи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: ДЕН ПО УБИСТВОТО НА ВАЊА, ПАЛЧО СНИМИЛ ЕМИСИЈА ЗА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЛЕНКО: ТЕЛАТА ГО ОДНЕЛЕ И ГИ ЗАПАЛИЛЕ ВО СКОПСКОТО СЕЛО БРАЗДА ОД КАДЕ ПО ПОТЕКЛО Е ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ?!

Sase Ivanovski

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ И ГАВРИЛ БУБЕВСКИ НАЈАВИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УТРЕ ВО 9.30 ЧАСОТ

Sase Ivanovski

Арсовска на Самитот COP28 ја презентираше биотехнолошката лабораторија на Град Скопје, која е прва од овој вид во Македонија и регионот

Sase Ivanovski

СРАМ ЗА МПЦ: ДЕСНАТА РАКА НА МАКЕДОНСКИ ВЛАДИКА КИДНАПЕР И УБИЕЦ НА ДЕВОЈЧЕ?!?!

Sase Ivanovski

УЖАС: УАПСЕН Е ТАТКОТО НА ВАЊА, ДАЛИ Е ВМЕШАН ВО УБИСТВОТО НА СВОЈАТА ЌЕРКА?!

Sase Ivanovski

УЖАС: Осомничениот Велибор Манев призна вина за убиството на Вања, нејзиниот татко е еден од осомничените

Sase Ivanovski

Фокус: Името на Љупчо Палевски – Палчо се поврзува со убиството на Вања, тој е надвор од државата

Sase Ivanovski

Вчеравечер (30.11) во спортскиот центар „Јане Сандански“ се одржа најголемата музичка забава за оваа година, „99 Megastars“

Sase Ivanovski

РОДИТЕЛИТЕ ВО ПАНИКА: Ги советуваат своите деца да не излегуваат од дома!

Sase Ivanovski

НЕОФИЦИЈАЛНО: ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ Е УАПСЕН ВО ХРВАТСКА, СЕ СОМНИЧИ ЗА ОРГАНИЗАТОР НА УБИСТВОТО НА ВАЊА

Sase Ivanovski

ШПЕКУЛАЦИЈА НА МИЛЕНКО КОЈА НЕ Е ПОТВРДЕНА ОД МВР: Љупчо Палевски и близок роднина на Вања го смислиле киднапирањето на Вања, да изнудат пари од дедо и на Вања, по мајка, богат влав

Sase Ivanovski

Пресечен меѓународен канал за транспорт, запленета дрога вредна 120.000 евра

Sase Ivanovski

БОМБА ОДЕКНА ВО ЈАВНОСТА: Љупчо Палевски – Палчо е лицето по кое се трага, а го поврзуваат со киднапирањето на Вања Ѓорчевска, дознава „Скопје1“

Sase Ivanovski

ЈАВНОСТА ВО ШОК – ЗА ПРВ ПАТ ИМАМЕ ГРУПА СЕРИСКИ УБИЈЦИ, СИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ: Од користољубие убиен е берберот од Велес и девојчето од скопски Центар

Sase Ivanovski

ЈАВНОСТА ВО ШОК: Пронајдено е безживотното тело на 14- годишната Вања, била убиена веднаш по киднапирањето

Sase Ivanovski

БОБИ СТЕФКОВСКИ: Попладнево на мое задоволство имав можност да присуствувам на отворањето на спортскиот комплекс “Спортска арена ЕР 7” кој се изгради во Сингелиќ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Лажна вест на СДС е дека Гази Баба е задолжена, Стефковски за 2 години направи многу повеќе за општината од сите години власт на СДС-ДУИ

Sase Ivanovski

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Sase Ivanovski

Совршена маркетинг-стратегија за „прајм“ хистерија

Sase Ivanovski

Во парк шумата Гази Баба било пронајдено лице кое барало помош

Sase Ivanovski

Дејли мејл: 1700 криминалци од Албанија претежно наркобосови и шверцери на луѓе слободно се движат во Британија

Sase Ivanovski

Словенечкиот електро систем е хакиран, ситуацијата е засега под контрола

Sase Ivanovski

Белата куќа смета дека Израел прави напори да го намали бројот на цивилни жртви во Газа

Sase Ivanovski

АЛАРМАНТНО: Воздухот во Струмица е многу високо загаден

Sase Ivanovski

Рјабков: Русија како претседавач на групата пет нуклеарни сили ги одлага сите состаноци за 2024 година

Sase Ivanovski

Приведен е радовишанец, треба да одлежи уште две години од 6-годишната затворска казна

Sase Ivanovski

МЗ: Работиме на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Политиките на СДСМ ги унапредуваат правата на жените, остануваме активни во борбата против родовото насилство

Sase Ivanovski

132 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Лидерска средба утре за изборите, техничката влада и за евроинтеграциите

Sase Ivanovski

Пентагон: Американски воен брод нападнат во Црвеното Море

Sase Ivanovski

До вторник стабилно, а потоа дожд и снег

Sase Ivanovski

Вучиќ-Мелони: Италија бара брз процес за проширување со гаранции цела Европа да биде обединета

Sase Ivanovski

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

Sase Ivanovski

Студентите на Бреинстер креираат апликација со која граѓаните ќе пријавуваат загадување во Скопје

Sase Ivanovski

Поради снег откажани десетици летови од Амстердам

Sase Ivanovski

Шварценегер го осуди нападот на Хамас: Се сретна со преживеаните и нивните семејства

Sase Ivanovski

Фајон: Уставните измени се неопходни државата да оди напред

Sase Ivanovski

Киев тврди дека руските сили пукале во украински војници кои сакале да се предадат

Sase Ivanovski

Израелската офанзива се шири кон југ, Хамас тврди дека за 24 часа има 700 убиени

Sase Ivanovski

„Ако Трамп победи на изборите во САД, ќе прогласам независност на Република Српска“

Sase Ivanovski

Богоев: И ЕК нотира висока усогласеност на нашето законодавство со законодавството на ЕУ во полето на Царината

Sase Ivanovski

Кличко: Зеленски плаќа за грешките што ги направи!

Sase Ivanovski

Кирби: Елиминирањето на раководството на Хамас е корисна тактик

Sase Ivanovski

Лефков: Не е премиер Албанец, туку премиер на препорака од ДУИ, најкриминалната партија

Sase Ivanovski

Франција ќе го забрани пушењето на плажите, во парковите, шумите и во близина на училиштата

Sase Ivanovski

ИЛЈАДНИЦИ ПАТНИЦИ СЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО БАВАРИЈА Снег и мраз ја парализираа Германија

Sase Ivanovski

Дали воведување на „Пронајди ме“ ќе го забрза пронаоѓањето на исчезнати деца?

Sase Ivanovski

Вулканот Марапи во Индонезија еруптираше, автомобилите и патиштата се прекриени со пепел

Sase Ivanovski

Уапсена е валандовчанка, го нападнала сопруго

Sase Ivanovski

Борел жали за континуираните напади врз Газа, го повикува Израел да ги почитува законите за војна

Sase Ivanovski

Маричиќ: Граѓаните ќе почувствуваат како е да се биде дел од ЕУ многу порано од предвиденото

Sase Ivanovski

Британски товарен брод погоден од ракета во Црвеното Море

Sase Ivanovski

Македонија во Дубаи ја претстави инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција

Sase Ivanovski

ЈО бара притвор за тројца од петмината приведени во случајот со исчезнатата Вања

Sase Ivanovski

Во Тетово, Охрид и во Скопје нападнати полицајци кои вршеле службени дејствија

Sase Ivanovski

Кузеска: Со новите мерки пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните 5 месеци

Sase Ivanovski

Приведен е 21-годишен скопјанец, предизвикал пожар во автомобил

Sase Ivanovski

Тројца повредени во две сообраќајки со мотоцикл

Sase Ivanovski

Апасиев реизбран за претседател на Левица

Sase Ivanovski

Полицијата спречи меѓународен транспорт на дрога, уапсени дилери од Горна Матка и Грчец

Sase Ivanovski

Британски „Ескпрес“: Посетете ја Македонија додека се уште не е преплавена од туристи

Sase Ivanovski

Ѓорчев го брани Мицкоски од О’Брајан: Интервјуто за 360 со критики било пред “добра“ средба очи во очи

Sase Ivanovski

АД ЕСМ: Јавната набавка за ангажирање на помошна механизација е рамковна спогодба, ќе се користи кога ќе биде неопходно

Sase Ivanovski

Шпанската полиција заплени 915 килограми кокаин на „Балканскиот картел“

Sase Ivanovski

Исчезнатото 13 годишно девојче од Кочани пронајдено е синоќа од нејзиниот татко

Sase Ivanovski

Богоев: Сигурен сум во двојна победа на изборите на Европскиот фронт

Sase Ivanovski

Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ е кола којашто вози до Вашингтон и Брисел

Sase Ivanovski

АНЃУШЕВ СЕ СРЕТНА СО МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА МАЛТА, ЈАН БОРГ

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕДНА ГОДИНА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО НА „АЛКАЛОИД“ И СОС ДЕТСКО СЕЛО

Sase Ivanovski

Битиќи во фабриката „АТС АММО“ – Самоков: Полноправното членство во НАТО создаде можности за раст на домашните компании

Sase Ivanovski
Вчитувам....