
Три беспилотни летала успеаја да бидат потиснати со електронско војување, изгубија контрола и отстапија од зацртаните цели. Уште пет летала беа соборени од ракетниот и вооружениот систем „Панцир-С“ во московскиот регион.
Инцидентот беше наречен терористички напад.Според градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанјин, две лица побарале медицинска помош, но не им била потребна хоспитализација. Жителите се привремено евакуирани. На социјалните мрежи беа објавени видеа од нападот, како и од зградите кои беа оштетени за време на бомбардирањето.