Шеикот Тамим ибн Хамад ал Тани има три жени и 13 деца. Катарскиот шеик стапи во својот прв брак во 2005 година. Неговата прва сопруга со која се појавува во јавноста, шеиката Ал Мајаса бинт Тамим бин Хамад Ал Тани е и негова роднина. Имаат две ќерки и два сина. Пред осум години се ожени по трет пат. Неговата избраничка е Шеиха Нора бинт Хатал Ал Досари. Третиот брак му донесе три сина и ќерка.Колективното нето богатство на владејачкото кралско семејство се проценува на околу 335 милијарди долари. Само главата на кралското семејство, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, се проценува дека вреди околу две милијарди долари.Семејството Тани поседува бројни имоти ширум светот, вклучувајќи го и лондонскиот облакодер Шард, Олимпиското село, стоковната куќа Хародс, Канари Варф, касарната Челзи и Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк. Членовите на кралското семејство имаат удел и во банката Баркли, Бритиш Ервејс и Фолксваген.