20.8 C
Скопје
07/06/2025 21:55
МАКТЕЛ

   

Најскапа е водата во Кочани, најевтина во Боговиње: Земјава годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење

      

Земјата годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење. Скоро половина од водните претпријатија работат со финансиска загуба, а кај најголем дел од нив и загубата на вода е поголема од 40 отсто, се наведива во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.Како што соопштија од Центарот во земјава има 67 снабдувачи со вода за пиење и секој наплаќа различна цена за својата услуга. Најголем дел од нив имаат различни цени за „домаќинствата“ и за „останатите потрошувачи“, односно правните лица, фирми или институции. Според истражувањето за цените и потрошувачката во земјава, најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,5 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани – дури 48,79 денари за кубик, што е за 6,5 пати повеќе. Просечната цена на кубик вода за пиење во земјава е 27,49 денари. Инаку, домаќинствата од Маврово плаќаат само 2,6 денари за кубик, но и 210 денари фиксен месечен надоместок, поради што не се први на листата со најниска цена.

Истражувањето покажува дека првите пет општини со најниски цени за водата за пиење се Боговиње, Теарце, Желино, Врапчиште и Росоман. Додека најскапа вода плаќаат четири општини од источниот регион, Кочани, Делчево, Пробиштип и Берово, како и Свети Николе. За правните лица, цената за кубик вода е најниска за потрошувачите во Желино, 13,42 денари, додека убедливо најскапа е водата за скопските фирми, дури 68,10 денари за кубик. Останати потрошувачи, просечно плаќаат по 45,25 денари за кубик вода за пиење, што е дури 65 отсто повеќе од домаќинствата.

   

Правните лица во Желино, Теарце, Боговиње,Тетово и Кривогаштани плаќаат најниска цена, а највисока цена за водата за пиење покрај Скопје, плаќаат и Делчево, Берово, Старо Нагоричане и Велес. Додека во Старо Нагоричане плус се плаќа и фиксен надомест од 87 денари на секоја месечна сметка за вода за пиење, се наведува во истражувањето.
Во земјава вкупно има 667.076 регистрирани потрошувачи домаќинства и 41.632 останати потрошувачи, односно правни лица. Град со најголем број регистрирани домаќинства е Скопје кои има 271 илјада домакиства. Охрид има над 30 илјади регистрирани домаќинства,а Прилеп има над 20 илјади. Останатите градови имаат помалку од 20 илјади домаќинства.

Скопје има регистрирани десет илјади правни лица кои се потрошувачи на вода за пиење. Во Тетово и Битола има повеќе од три илјади потрошувачи, а Куманово има околу три илјади. Охрид и Прилеп имаат околу два илјади останати потрошувачи, а помеѓу илјада и илјада и 500 имаат Струмица, Струга, Кавадарци и Штип.
Како што се вели во соопштението фирмите просечно трошат 194 отсто повеќе вода отколку домаќинствата. Просечната месечна потрошувачка на вода за домаќинствата изнесува 12,02 кубни метри вода, додека кај фирмите потрошувачката е скоро тројно поголема, односно 35,37 кубни метри вода.

Просечно најмалку вода на месечо ниво трошат трошат домаќинствата во Старо Нагоричане, само по 2,4 кубици, а со мала потрошувачка, пониска од седум кубици месечно се и Ранковце, Охрид, Чашка и Карбинци,а најмногу вода месечно трошат домаќинствата во Маврово и Теарце, со по 70 кубици месечно, како и Боговиње со 40 кубици месечно. Сите други домаќинства во земјава просечно трошат по помалку од 25 кубици вода месечно.

Кога станува збор за правните лица, според истражувањето на Центарот, просечно најмала потрошувачка има во Старо Нагоричане каде фирмите месечно трошат само по 1,6 кубици, а со потрошувачка под десет кубици месечно се и Кривогаштани, Демир Хисар, Зелениково и Ново Село. Спротивно, најмногу вода за пиење месечно трошат фирмите во Демир Капија, по 142 кубици, а со многу висока потрошувачка од над 90 кубици месечно се и фирмите во Илинден, Скопје, Маврово и Велес.

Цената во градовите кои имаа над 40.000 жители просечно изнесува 31 денар за кубик. Дури во девет од 11 големи градови цената на водата се движи од 29 до 39 денари за кубик. Исклучок се Тетово и Гостивар, каде цената на водата е 16, односно 17 денари за кубик. Скопје е околу просекот, и цената изнесува 32 денари за кубик.
За правните лица потрошувачи на вода за пиење, во поголемите градови, просечната цена изнесува околу 54 денари за кубик. Поединечните цени на десет од 11 градови се движат од 42 до 68 денари, со исклучок на Тетово каде цената на водата за правните лица изнесува 25,5 денари за кубик. Најскапа вода за фирмите има во Скопје, 68,10 денари.

Нависоки и најниски цени вода за пиење правни лица
Просечната потрошувачка на вода за пиење, меѓу големите градови е околу десет кубици месечно по домаќинство. Во Охрид просечно се троши по околу шест кубици, додека во Тетово по повеќе од 13 кубици месечно. Просечната потрошувачка на вода за пиење во Скопје е нешто помалку од девет кубици.

Правните лица во големите градови, пак, просечно трошат дури 4,5 пати повеќе вода од домаќинствата, односно по 45 кубици месечно. Најмалку вода трошат фирмите во Тетово, по 15 кубици, а најмногу фирмите во Скопје, по 99 кубици месечно.
Како што соопшти ЦГК во земјава годишното производство на вода е 245 милиони кубни метри вода, а од неа се губат повеќе од половина, односно околу 60 проценти или 146 милиони кубни метри вода. Најмногу вода за пиење се губи во Скопје, и тоа дури 63 милиони кубни метри годишно. Ова е 43 отсто од целата загубена вода во земјава. Исто така многу вода се губи и во градовите Гостивар, Тетово и Кичево. Најрационални во овој однос, односно со најмали апсолутни загуби на вода за пиење се Могила, Желино, Чашка, Конче и Старо Нагоричане.

Загуби на вода за пиење
Најголема загуба, од повеќе од еден милион евра има кочанското претпријатие, што е точно една четвртина од вкупните загуби на овие претпријатија. Со поголеми загуби се и водоводните претпријатија на Велес, Битола, Скопје и Струга. Кај 72 отсто од претпријатијата со финансиска загуба, загубите на вода за пиење се поголеми од 40 проценти, се наведува во истражувањето.

   

Најново

Украински пратеник обвинува: Зеленски ги зема парите на загинатите војници

Sase Ivanovski

Бројот на загинатите во нападот во Харков се искачи на четири, 60 се повредени, меѓу кои и едно бебе

Sase Ivanovski

Трамп му се закани на Маск за прв пат од почетокот на спорот: Ќе се соочи со „сериозни последици“

Sase Ivanovski

Германија планира да ги прошири своите бункери и засолништа поради страв од конфликт со Русија

Sase Ivanovski

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа

Sase Ivanovski

Локализиран пожар во село Пелинце – изгоре една куќа, избегната поголема катастрофа

Sase Ivanovski

Франција: Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет

Sase Ivanovski

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК го искина писмото од претседателката Силјановска Давкова: Ова за мене не важи, вие не сте способни!

Sase Ivanovski

Поранешната на Илон Маск го повика Трамп: Еј Доналд, јави се ако ти треба совет за раскинување

Sase Ivanovski

Вклучување на Машинскиот факултет – Скопје во European ManufacturingSurvey: Пат кон регионална релевантност и видливост

Sase Ivanovski

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈАНСКАТА ПРИНЦЕЗА ЕДВАЈ ЈА ПРИЖИВЕА НЕСРЕЌАТА СО МОТОР Марија Каролија се огласи од болничкиот кревет

Sase Ivanovski

ЕУ ги менува правилата: Драстично ќе се намали надоместокот за доцнење на летовите?

Sase Ivanovski

СВР Скопје поднесе пријава за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул.„Словенија“

Sase Ivanovski

Минималните плати во Европа низ призмата на трошоците за живот

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев оствари повеќе билатерални средби на вториот ден од конференцијата на Интерпол која се одржува во Атина, Грција

Sase Ivanovski

Захарова: На Украина не и требаат граѓани, ниту живи, ниту мртви

Sase Ivanovski

Кремљ: Путин ќе му помогне на Трамп со Иран

Sase Ivanovski

Ристески: Многу нови мерки и повеќе средства во Оперативниот план за вработувања за 2025 година

Sase Ivanovski

180 сообраќајни прекршоци вчера во Скопје, 15 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

ЕНЕС ИБРАХИМ: Не можам да го разберам амбасадорот Улусој, кој заедно со министерот со српско етничко потекло Стоилковиќ, кој има радикални политички ставови, ги посетува селата во источна Македонија, каде што живеат Турци

Sase Ivanovski

МУ ВЕЛАТ „АУФИДЕРЗЕН“ НА ФОЛКСВАГЕН СО 400.000 ЕВРА ОТПРЕМНИНА Автомобилскиот гигант штеди спогодувајќи се со 20.000 вработени

Sase Ivanovski

БИЛ АГРЕСИВЕН КОН ПОЛИЦАЈЦИ Скопјанец е приведен во Кавадарци

Sase Ivanovski

Работодавачите бараат пензионерите да работат повеќе од 180 дена годишно

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Владата со конкретни мерки и политики кои доведоа до раст на БДП, скоро 11 милијарди денари од Буџетот вбризгани во македонската економија

Sase Ivanovski

ГЕРМАНСКИ ГРАД БАРА НОВИ ЖИТЕЛИ: Нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа

Sase Ivanovski

„Волстрит журнал“: Иран набавил илјадници тони компоненти за балистички ракети од Кина

Sase Ivanovski

Извозот на Украина во ЕУ повеќе не е без царина

Sase Ivanovski

Високи безбедносни мерки за фудбалскиот натпревар Албанија – Србија во Тирана

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Се вжештува атмосферата во Тирана пред натпреварот Албанија – Србија

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел ја води Европа кон конфликт, Украина ја претставува како штит на континентот

Sase Ivanovski

Николовски: Парите од британскиот кредит да се искористат за проекти што ќе враќаат пари

Sase Ivanovski

За две недели регистрирани 71 случај на лептоспироза во Кантонот Сараево

Sase Ivanovski

Во пакет на DHL пронајден бел прав – 12 лица побараа медицинска помош во Германија

Sase Ivanovski

НОВ НЕУСПЕХ ЗА ЈАПОНИЈА Леталото се урна при слетувањето на Месечината

Sase Ivanovski

Патраклиски: За Мерцедес правиме 300.000 работни маички

Sase Ivanovski

Патраклиски од ЕАМ: Бизнисот го започнавме со 7.000 марки во станот на баба ми

Sase Ivanovski

МАСК ЗА ТРАМП: Без мене немаше да ги добие изборите, каква неблагодарност

Sase Ivanovski

Николоски: Допрва ќе ги добиеме условите за задолжувањето со британскиот заем

Sase Ivanovski

Недељковиќ: Модернизирањето на пругата ќе ја зголеми значително економската соработка и туризмот со Србија

Sase Ivanovski

Трамп загуби 1,1 милијарда долари од јавното препукување со Маск

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патраклиски во „Бизнис муабети“: Како ЕАМ наиде на соработка со Илон Маск?

Sase Ivanovski

Прес – конференција на Крстевски за вториот Јавен повикза финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на Општина Куманово за 2025 година

Sase Ivanovski

Израелската војска верува дека го пронашла телото на лидерот на Хамас Мохамед Синвар

Sase Ivanovski

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Sase Ivanovski

СО ЛИЧНА КАРТА НА ШТИПЈАНКА ЗЕМАЛ БРЗИ КРЕДИТИ Се запознале на Фејсбук, ѝ ветил работа во странска фирма

Sase Ivanovski

Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира

Sase Ivanovski

Зошто Халкидики има се почесто земјотреси?

Sase Ivanovski

Славевски: Не можам да се пофалам дека уживав во функцијата претседавач на Совет на Град Скопје

Sase Ivanovski

ПРОДАЖБАТА НА ТЕМУ НАГЛО ПАДНА: Веќе не е евтино, ниту толку едноставно

Sase Ivanovski

14.372 ЛИЦА СЕ ПОВРЕДИЛЕ ПРИ ЖРТВУВАЊЕ ЖИВОТНИ Курбан Бајрам бил крвав во Турција

Sase Ivanovski

Анкета: Се зголемува поддршката за демохристијаните, се намалува за Алтернатива за Германија

Sase Ivanovski

„Егзит“ остана без финансирање како казна за поддршка на студентските протести

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ЈА НАДИГРА БЕЛГИЈА, АМА ИСПУШТИ 3 БОДА Алиоски постигна гол за паметење!

Sase Ivanovski

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Sase Ivanovski

“Мајка ми е мртва за мене” или Зошто жените ги прекинуваат врските со токсичните родители?

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ja пренасочува опремата против дронови наменета за Украина кон Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Бранимир Јовановиќ за „Слободен печат“: Фалбите за економски раст се празни флоскули и чист пи-ар

Sase Ivanovski

Митови и факти ЕП 16 | Ѓорчев: Колективниот Запад не постои, светот е мултиполарен

Sase Ivanovski

Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме

Sase Ivanovski

Трамп нареди истрага за активностите на Џо Бајден

Sase Ivanovski

ЗОШТО НЕ Е ДОБРО ДЕЦАТА ДА ИМААТ СВОИ ПАРИ? Не смеат да прават што сакаат и да трошат без да прашаат

Sase Ivanovski

МОМЧЕ ОД НЕГОТИНО БИЛО ПРЕТЕПАНО ОД ТРОЈЦА НАСИЛНИЦИ Побегнало кај родителите, удриле и по нив

Sase Ivanovski

Хамас тврди дека израелската армија го опколила делот од Газа каде што држи израелски заложник

Sase Ivanovski

АНГЕЛА И АНДРЕЈ СЕ ВРАТИЈА ДОМА Од болницата во Белград отпуштени се последните пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

САД го назначија Алексус Гринкевич за нов врховен командант на НАТО за Европа

Sase Ivanovski

Парите од УСАИД, САД ќе ги даваат на фондација за помош на Газа

Sase Ivanovski

Министрите на НАТО ја договорија најголемата програма за оружје од Студената војна

Sase Ivanovski

ДЕН ЗА СПОМНУВАЊЕ НА МРТВИТЕ Македонски народни обичаи и верувања за Духовден

Sase Ivanovski

Со 250 милиони долари, Стејт департментот ќе го финансира доброволното враќање на мигрантите

Sase Ivanovski

СРЦЕТО РЕАГИРА БУРНО НА ЖЕШТИНАТА Еве како да се заштитите и да спречите срцев или мозочен удар

Sase Ivanovski

ЗА ОНИЕ НА КОИ ХРАНАТА ИМ Е УТЕХА Еве како да препознаете емоционално прејадување

Sase Ivanovski

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ СВЕТА ГОРА Се стресе Халкидики, туристите се во паника

Sase Ivanovski

КОЛКУ ПАТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ СЕКС ЗА ДА НЕ БИДЕТЕ ДЕПРЕСИВНИ? Науката го откри магичниот број

Sase Ivanovski

АПСАЈД ДАУН Биполарно растројство: 10 симптоми и како да ги препознаете?

Sase Ivanovski

Косово: И 28. обид за конституирање на парламентот заврши без успех

Sase Ivanovski

Русија ја обвинува Украина за одложување на договорената размена на затвореници

Sase Ivanovski

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир

Sase Ivanovski

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда

Sase Ivanovski

ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Sase Ivanovski
Вчитувам....