Концертот се оддржи по повод 8 годишнина од канонизацијата на Мајка Тереза и 30 годишнина на воспоставување на дипломатски односи помеѓу С.Македонија и Светата Столица.
Концертот се оддржи во Меѓународниот Младински Центар- Сан Лоренцо а истиот е реализиран во соработка со Амбасадата на Р.С.М. при светата столица Министерството за Култура и Туризам на Р.С.Македонија, Дикастерот за лаици,семејство и живот на светата Столица.
Во програмата беа опфатени аранжмани од стари македонски, албански и духовни песни, нжимаше дела премиерно изведени. Програмата е аранжирана за флејта и виолина од Ермаљ Мехмети.
Под големи импресии сме од овој значаен концерт, салата беше преполна кога имаш пред се една публика која е мошне интересирана за вакви звуци неможеш без да дадеш се од себе за да можеш да го реализираш она за што само уметноста може да го креира а тоа е односот помеѓу публиката и изведувачот да станат една целина, осетивме како духот на мајка Тереза не Водеше низ Целиот концерт.
Многубројната публика го следеше концертот со огромно задоволство и внимание, аплаузот беше се посилен и посилен после секоја изведена точка и публиката преку силниот аплауз ги врати уметниците на Бис.