Поранешниот министер за правда, Кренар Лога денеска се огласи со поразлична објава. Во екот на пожарите во Македонија, тој со јавна објава на својот Фејсбук профил им се заблагодари за нивната работа.
– Некои херои се обични луѓе меѓу нас, кои си ја вршат својата работа и не се забележуваат! – напиша Лога на Фејсбук. Еве ја неговата објава:
Неговата објава очекувано предизвика бројни реакции, од кои секако сите беа со пофалби за пилотите кои со денови секојденовно се борат да им помогнат на пожарникарите со пламените јазици. Инаку како што е познато пензионираните пилоти Васко Михалчев и Стоје Арсовски се вратија на работа за да се борат со пожарите. Пред кратко време им беа понудени нови договори, поради недостатог на пилоти за возење на ер тракторите во земајва.