„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која неми од неизлечива болка и тага секојдневно плачеме за секое невино дете што загина и за Драган кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Вечно во тага“, соопшти семејството на момчето, пренесува „N1 Белград“.
Тринаесетгодишното момче 3 мај упадна во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и уби осум ученици и чуварот на училиштето, а шестмина од нив беа ранети. Пред неколку дена на повредите им подлегна уште едно дете, со што бројот на загинати е десет лица.Момчето пукало од пиштолот на татко му, а потоа повикало полиција и пријавил што направил.