1.8 C
Скопје
28/01/2023 02:19
МАКТЕЛ

   

Никовски: Пругата кон Бугарија е големо промашување

     

Неодамна, во разговор со луѓе од власта, по констатацијата дека пругата кон Бугарија е непотребен и долгогодишен трошок, реакцијата беше дека е тоа интерес на НАТО!? Ако е навистина така, тогаш оваа гарнитура на власт навистина не знае што прави. Дали свесно ја уништуваат Македонија за интересите на САД (НАТО)? Ако Алијансата има потреба од пругата, нека ја гради. Ако е ова точно, тогаш не ни гине и изградба и на пругата кон Албанија, што ќе значи нов исчекор кон банкрот на државата, со нови обврски без никаков ќар. Умните не постапуваат така. Пругата кон Бугарија има долга историја, полна со неуспеси. Најактуелна беше на почетокот на 1990-тите години, по распадот на СФРЈ, кога долги години имавме блокирана северна граница, поради санкциите на СБ на ООН врз Србија (СР Југославија), и нелегалната грчка блокада на јужната граница, која траеше околу 20 месеци (февруари 1994 – септември 1995). Пред блокадите, нашите стоки од увоз и извоз одеа главно со железница, преку Србија и пристаништето во Солун. Со оглед дека нашите железнички врски се само на правецот север – југ, блокадите на овие граници значеа прекинување на нашата главна трговска комуникациска врска со светот. Македонија се најде во безизлезна ситуација. Според Википедија, само од грчката блокада, штетите за Македонија достигнале две милијарди долари. Нема пресметка за последиците од северната блокада. Вкупните штети се сигурно повеќе од четири милијарди тогашни долари.

  

Висината на проценетите штети покажува што значеа овие блокади за земјата. Тие штети би биле проблем и за најбогатите држави. Додатни објаснувања не се потребни. Сериозни последици се чувствуваа најмалку 20 години, а долгорочните негативни рефлексии продолжуваат и до денес. На времето, се залагав дека Македонија мора да бара отштета или компензација и од ООН, бидејќи бевме директна жртва на нивната политика на санкции врз Србија, како и од Грција.

 

Атина, на пример, флагрантно го кршеше членот 5 од договорот ГАТТ со кој се регулираше светската трговија, според кој ниту една земја немаше право да го забрани транзитот на друга земја, која нема излез на море. Никој не реагираше, иако имаше недискутабилна основа. По обичај, во Македонија никој не се грижи за интересите на земјата. Впрочем, мислам дека овие компензации или отштети, не застаруваат и сѐ уште има можности нашата земја да ги актуализира и да си ги бара. Полска дури сега се сети да бара репарации од Германија, за Втората светска војна. Можеме да бидеме сосема сигурни дека голем број од нашите најголеми и најважни стопански капацитети, во добар дел, пропаднаа поради овие блокади на нашите граници. Резултатот беше трагичен – преку 200 000 работници останаа без работа.

  

Како потврда на тоа имам и лично искуство. Во тој период работев во Лондон и еден ден ми се јави главниот директор на една голема хемиска индустрија. Беше бесен и скоро викаше – што се замислуваат вашите од фабриката ОХИС, со која соработуваме повеќе од 20 години? Не ни ја испорачуваат стоката која редовно ја користиме и се правдаат дека била блокирана границата!? Што мислите вие, нервозно реагираше човекот, ние сме од друга планета па ќе нѐ лажете? Ми требаше време да го смирам и да му објаснам дека е така, за жал, и дека Атина, со блокадата на границата, се однесува како да е во 19 век. Му објаснив и дека добро го знам ОХИС, бидејќи пет години сум работел таму. Како излез, во тој период на блокирани граници, се наметна потребата од изградба на пруга кон Бугарија, којашто стана и главен приоритет. Чинам дека веќе имаше некакви проекти и релативно бргу се започна со изградбата. Сега читаме дека тогаш беа непотребно потрошени преку 100 милиони долари. Меѓутоа, веднаш беше јасно и дека, освен нагласениот стратегиски интерес – потребата да имаме диверзифицирани железнички врски, пругата нема никакво економско оправдување. Бугарските пристаништа на Црно Море се далеку и не можат да бидат конкуренција на Солун, та и на Драч. Кон Бугарија нема доволно ниту стоки, а уште помалку патници, кои би ја оправдале нејзината изградба.

    

Тоа го кажуваа и нашите експерти, ама го потврди и Германија. Берлин официјално ни понуди 30 милиони марки помош за изградба на пругата кон Бугарија, ама и со услов – Владата да донесе закон, со кој ќе се обврзе дека ќе врши рефакција (враќање) на дел од транспортните трошоци за превезената стока, со цел да се стимулира и оправда користење на оваа пруга. И на нашите експерти, и на германските, им беше јасно дека пругата нема да биде рентабилна, ќе носи загуби секоја година и дека Владата, на тој начин, ќе мора да ги покрива. За никого не беше спорно дека, ако владата секоја година не фрла додатни големи пари во бурето без дно, наречено пруга кон Бугарија, истата нема да може да функционира. Според првичните пресметки во 1990-тите, чинам, пругата требаше да чини нешто преку 200 милиони долари. Денес, сумата нарасна на преку 600 милиони евра!? Во Македонија, до сега, не е изграден објект, којшто би чинел приближно на таа огромна сума. Тоа е мега проект и за најразвиените. Најблиску беше несреќниот ФЕНИ, со преку 500 милиони долари, којшто се претвори во најголемиот стопански неуспех на државата, во голема мерка и поради безумни лични политички пресметки. Можеби не требаше да го градиме ФЕНИ ама, откако го изградивме, по никоја цена не смееше да се затвора. Времето покажа дека тоа беше непростлива грешка.

И сега, кога сме презадолжени и прашањето е само кога, а не дали ќе банкротираме, оваа наша влада, без грам памет, влегува во таква авантура со која ќе ја докусури државата. Ќе потрошиме огромни 600 милиони евра, и секоја година ќе фрламе нови милиони, во нашето најново фијаско. Покрај тие додатни средства, за да може железницата да функционира, ќе треба да се отплаќа и огромниот кредит. Со овој нерентабилен мега проект, не си ставаме трн во здрава нога туку голем клинец. Будалите немаат рогови. Пругата секако ќе има некакво стратегиско значење ама оваа инвестиција, сѐ заедно и без никакво сомневање, е најголемата глупост која досега ја направила македонската држава. Истото, апсолутно важи и за пругата кон Албанија. И за времето на Југославија, кога беше актуелно железничкото поврзување со Албанија, имаше две опции – или преку Македонија, или преку Црна Гора. Политичарите веројатно и војуваа која од двете републики да ја гради. Победи Подгорица. Лично ми е познато дека Црногорците се каеја после тоа, бидејќи и таа железничка врска беше економски неисплатлива и Црна Гора имаше сериозни проблеми и големи трошоци. Долго време таа и не функционираше.

Неодамна, во разговор со луѓе од власта, по констатацијата дека пругата кон Бугарија е непотребен и долгогодишен трошок, реакцијата беше дека е тоа интерес на НАТО!? Ако е навистина така, тогаш оваа гарнитура на власт навистина не знае што прави. Дали свесно ја уништуваат Македонија за интересите на САД (НАТО)? Ако Алијансата има потреба од пругата, нека ја гради. Ако е ова точно, тогаш не ни гине и изградба и на пругата кон Албанија, што ќе значи нов исчекор кон банкрот на државата, со нови обврски без никаков ќар. Умните не постапуваат така. Секако дека експертите треба да ја дадат последната проценка. Меѓутоа, сосема е логично да се констатира дека Коридорот 8, барем преку Македонија, засега треба да се сведе на изградба на модерен автопат и до бугарската и до албанската граница. Во прашање се мали дистанци а железницата е исплатлива само на долги. Црноморските нема никогаш да бидат главни извозно – увозни пристаништа за Македонија. Предалеку се. Албанските, пак, се преблиску за стоките да се товарат комбинирано на камиони до воз па на брод, и обратно. Од Скопје, до пристаништето во Драч, има неполни 300 километри коишто не дозволуваат повеќе претовари. До Софија, пак, има помалку од 250 километри и стоките кои ги разменуваме е многу полесно и побрзо да се превезуваат камионски до сите тамошни дестинации. За патниците, пак, не се исплатува да патуваат со воз кога со модерен автопат би стигнувале за максимум два и пол часа. Заради близината, не успеа и авионската линија која, од политички причини, беше по втор пат отворена.

При сите овие размисли, да не забораваме и дека, во целина, македонските железници се нерентабилни. Секоја година генерираат загуби. А ние, се насочуваме кон продлабочување на зијанот, место да бараме трајно решение преку некаква регионална интеграција! Просто неверојатно. Крајно време е надлежните да удрат со главите во ѕидот, и добро да размислат што прават. Тие носат економска одговорност, не политичка. Македонија не е доволно богата за да може да се расфрла со економски неоправдани проекти од овој тип. Барем засега, железничко поврзување со Бугарија и Албанија не ни е потребно бидејќи ем е економски неоправдано, ем е преголем залак. Во некоја подобра иднина, ако има потреба, тогаш нека се гради.

 

Најново

Ковачевски за „360 степени“: На државата и треба здружување на прогресивните сили за пристапување во ЕУ

Sase Ivanovski

Пендиков пријавил во бугарското МВР дека добивал смртни закани, софиското обвинителство ќе го испитува случајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДОДЕКА ВО УКРАИНА ГИНАТ ЦИВИЛИ ОД РУСКИТЕ РАКЕТИ И БОМБИ, ОВАЦИИ ЗА РУСКИОТ АМБАСАДОР БЕЗДНИКИН НА ПРОСЛАВАТА ЗА СВЕТИ САВА ВО МНТ

Sase Ivanovski

САД очекуваат брзо решение за стопираните разговори за влез на Шведска и Финска во НАТО

Sase Ivanovski

УЖАС: СЗО објави публикација со листа на лекови кои треба да се подготват во случај на нуклеарен напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николоски: Бугарија „продава“ демократија, а не спроведува 16 пресуди за Македонците од Судот за човекови права, добив поддршка во Совет на Европа да се воспостави механизам со кој ќе мора да ги спроведе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРОСЛАВАТА НА СВЕТИ САВА ВО МНТ: АМНЕСТИРАНИОТ ТЕРОРИСТ ДУРЛОВСКИ КОЈ ГО ОРГАНИЗИРАШЕ УПАДОТ НА 27-МИ АПРИЛ ЈА ПЕЕШЕ ХИМНАТА ПРЕД ТЕПАНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ОД СДСМ КОИ СЕГА СЕ МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски на свечената академија посветена на Св. Сава: Почитта кон различностите нѐ прави да бидеме обединети во заедничката идеја за мир и единство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: ПРЕФРЛАЊЕТО СО АВИОН ОД ОХРИД ВО СОФИЈА НА ПЕНДИКОВ Е ДИПЛОМАТСКИ ГАФ, ДРСКО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски – Вучевиќ: Ќе продолжи продлабочувањето на односите меѓу Северна Македонија и Србија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски за „360 степени“:  Парламентарното мнозинство е стабилно и има можност да се зголеми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ Е НА ПОВИДОК НОВ РАСКОЛ ВО СДСМ: ПЕНДАРОВСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ТЕЛМА ИСПРАТИ КРИТИКИ ЗА СПАСОВСКИ И ОСМАНИ?!

Sase Ivanovski

ФОТО ЛЕГЕНДАРЕ: САМО НА СВЕТИ САВА МУ УСПЕА ДА ГИ ОБЕДИНИ СДСМ И ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Вечерва со задоволство одговорив на поканата да присуствувам на Свечената академија по повод одбележување на Денот на Свети Сава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКО НАС ШТОМ НОВИНАРИ НА ТЕЛМА ПОЧНАА ДА БАРААТ ДА ЈА БОМБАРДИРАМЕ БУГАРИЈА СО БУГАРСКИ ХАУБИЦИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“ им снемува време – или нови имиња или клуч на врата

Sase Ivanovski

Македонското и бугарското МВР на заеднички состанок за безбедно чествување на раѓањето на Гоце Делчев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕВЕ ЗОШТО АМЕРИКАНСКИТЕ ТЕНКОВИ АБРАМС СЕ НОЌНА МОРА ЗА РУСИТЕ: НАМЕСТО ДИЗЕЛ МОТОР ИМААТ АВИОНСКИ МОТОР, ОКЛОПОТ Е НАПРАВЕН ОД ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ?!

Sase Ivanovski

Маричиќ за затегнатите односи помеѓу Софија и Скопје: Не е пријатно!

Sase Ivanovski

Колку чини одлагањето на решавање на проблемите?

Sase Ivanovski

Запленети половина тон тутун за наргиле и над 2 илјади парчиња електронски цигари

Tamara Ivanovska

СО КОЛА ГО ИЗГАЗИЛА БИВШИОТ ДЕЧКО Обид за убиство во Тетово

Sase Ivanovski

Расчистена разбојничка кражба во Скопје, сторителот го признал делото

Tamara Ivanovska

ИСТРАЖУВАЛ КОНОП ЗА МАГИСТЕРСКА, ДРЖАВАТА ГО ОСУДИЛА Научникот Матовски е во седумгодишен правен лавиринт!

Sase Ivanovski

КОВАЧЕВСКИ НА ТЕЛЕФОН СО ПРЕМИЕРОТ НА БУГАРИЈА Разговарале околу мирното чествување на Гоце Делчев на 4 февруари

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: После бегството на Абдиовски од затворот Шутка да бевме нормална држава Сокол ќе поднесеше оставка или “на клоци“ ќе беше избркан од функцијата

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Рубља патриотите на Апасиев во град Скопје ги гласаа бизнисите на ДУИ-СДС и Арсовска

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците на седница на претседателството одлучува за преговори со Владата

Sase Ivanovski

Костадиновски, Капитал Ассет Менаџмент: Нé чека економски тешка, но година со добри берзански можности

Sase Ivanovski

Тупанчески оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Tamara Ivanovska

ИНТЕРЕСНА ДИЛЕМА: ДАЛИ БЕЛГРАД СТОИ ЗАД ЕКСАЛАЦИЈАТА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА, И ЗОШТО?!

Sase Ivanovski

ШЕЌЕРИНСКА: Одлични студенти, одлична дебата во ЕУ ИНФО ЦЕНТАР!

Sase Ivanovski

Приведен крадец од Куманово, оперирал во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Вицепремиерот Битиќи на средба со јапонскиот амбасадор Казуја – Имаме голем потенцијал за унапредување на економската соработка

Tamara Ivanovska

Откажана претставата финансирана од Врабевски, кој имал желба да го израдува и насмее народот во Северна Македонија со гостување на бугарски театар

Sase Ivanovski

Ковачевски: Северна Македонија успешно се развива во Едно општество за сите

Sase Ivanovski

Стоилковски: На се што испотпопишаа Владата денес имаме ситуација на студена војна меѓу Македонија и Бугарија, а премиерот и претседателот си играат аналитичари

Tamara Ivanovska

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување

Tamara Ivanovska

Премиерот Ковачевски упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот

Tamara Ivanovska

Стоилковски: Цело СДС на сликање со бегалецот од затвор, ОСТАВКИ!

Tamara Ivanovska

МОН: Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите, наместо досегашните 3000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6050 денари

Sase Ivanovski

МОН: Денес започнува исплатата на студентските стипендии и субвенционираниот оброк

Sase Ivanovski

Приведено лице, барано со централна потерница, осудено на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СОВЕТНИКОТ НА ПЕНДАРОВСКИ, МАРКОВИЌ: АГРЕСИВНИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ ОД БУГАРИЈА ГИ ОБЕДИНУВА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА ЗАТОА ШТО СЕ ЧУВСТВУВАМЕ НАПАДНАТИ

Sase Ivanovski

Расчистени пет тешки кражби во Битола, пронајдените украдени предмети вратени на сопствениците

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ИМ ЧЕСТИТА СВЕТИ САВА НА СРБИТЕ ВО ЗЕМЈАВА: Благодарност до сите припадници на српската заедница во Република Северна Македонија за нивниот придонес во сите сфери на општественото живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПАСЕНОВСКИ: ПЕНДАРОВСКИ, КОВАЧЕВСКИ, АХМЕТИ И МИЦКОВСКИ ДА ИСПРАТАТ ПОРАКА НА ОБЕДИНЕТОСТ ОКОЛУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ЗАЕДНО ДА ГО ОДНЕСАТ ВЕНЕЦОТ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Sase Ivanovski

Утре ќе заврши Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ со учесници од четири континенти, посветена беше на творештвото на поетот Ацо Шопов

Sase Ivanovski

НЕВРАБОТЕНИ ОСТАНАА САМО НЕРАБОТЛИВИТЕ И НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ Што им остана на домашните бизниси на пазарот на трудот?

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ПРОГРАМСКИ ДИРЕКТОРИ ВО МКЦ: ИМА САМО ЕДНА ПАРТИЈА МЕЃУ НАС А ТОА Е МКЦ, СИТЕ ФАКТУРИ ПРЕД ДА СЕ ИСПЛАТАТ СЕ ОДОБРЕНИ ОД ГРАД СКОПЈЕ, ВО ТЕК Е РЕВИЗИЈА НА НАШЕТО РАБОТЕЊЕ И АПЕЛИРАМЕ ТАА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ОБЈЕКТИВНО

Sase Ivanovski

Вонредна европска турнеја на Бајден на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина?

Tamara Ivanovska

Ракетен напад во Украина, над 10 жртви

Tamara Ivanovska

Украина ќе бара борбени авиони откако ќе обезбеди тенкови

Tamara Ivanovska

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор за доцнењето на платите на вработените во Општина Тетово

Tamara Ivanovska

НАЈВАЖНО Е ЃУКАНОВИЌ ПОВЕЌЕ ДА НЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ Абазовиќ ја коментираше изјавата на Ескобар за Црна Гора

Tamara Ivanovska

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски на презентација на целите на работната група ,,Анализа на работни задачи”  

Sase Ivanovski

Градот Скопје и годинава со финансиска поддршка на дневните центри за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови на Црвениот крст на град Скопје

Sase Ivanovski

Чавушоглу: Бесмислено е да се одржи состанок со Шведска и Финска за нивните кандидатури за НАТО

Tamara Ivanovska

Поради големиот прилив на житарки, ЕК размислува за враќање на царините на украинскиот извоз во ЕУ

Tamara Ivanovska

КАКО НЕ ИМ Е СРАМ НА ВМРО ДПМНЕ ВАКВО СООПШТЕНИЕ ДА ПУШТАТ ДО МЕДИУМИТЕ, САМО ХАМАС И ХЕЗБОЛАХ ОДОБРУВААТ НАСИЛИЕ ВО ПОЛИТИКАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕO) Ексклузивна обиколка во новата специјализирана болница „Д-р Органџиски“ во Штип

Tamara Ivanovska

Игра на нерви за училишните директори меѓу вмровските општини и централната власт

Tamara Ivanovska

Четири момчиња силувале студентка, па ја исфрлиле на улица и ја усмртил автомобил – Злосторство кое ја шокираше Америка

Tamara Ivanovska

Ангелов: Тепаниот Пендиков чека бугарски пасош, моето враќање во Македонија зависи од бугарските институции

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Бомба на Крмов: ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени

Tamara Ivanovska

РУСКИТЕ ПОДМОРНИЦИ УШТЕ СЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА НАТО

Tamara Ivanovska

МЕДВЕДЕВ СЕ ЗАКАНУВА: АКО БИДЕМЕ ПОРАЗЕНИ ВО УКРАИНА, ЌЕ МОРА ДА УПОТРЕБИМЕ НУКЛЕАРКИ

Tamara Ivanovska

ОСНОВАЧОТ НА ПЕЈ ПАЛ ЈА СРУШИЛ ЦЕНАТА НА КРИПТО ВАЛУТИТЕ СО ПРОДАЖБА ОДЕДНАШ НА 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА КРИПТО

Tamara Ivanovska

ЛАВРОВ ЈА СПОРЕДИ РУСИЈА СО ЕВРЕИТЕ ВО ХОЛОКАУСТОТ, ДОБИ КРИТИКИ ОД ИЗРАЕЛ

Tamara Ivanovska

СПАСОВСКИ: Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!

Tamara Ivanovska

Спасовски: На денешен ден Глигоров беше избран за претседател, нека му е вечна слава

Tamara Ivanovska

Амбасада на САД: Коментарите на Џамбаски беа неодговорни и опасни, безусловно ги осудуваме сите закани со насилство

Tamara Ivanovska

Спасовски: Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна, тепачите и тепаниот се од иста групација!

Tamara Ivanovska

Доставени три барања за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: СДС во обид да се објасни се избрука – Што е следно Ковачевски да каже дека го изградил Скопје и сите други градови во Македонија?

Tamara Ivanovska

Приведени пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал

Tamara Ivanovska

Претрес во Виница, приведен дилер на дрога

Tamara Ivanovska

Честитка по повод Св. Сава националниот празник на српската заедница

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Честитка по повод празникот Свети Сава од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Tamara Ivanovska

Произведени 18.449 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ

Tamara Ivanovska

Leave a Comment