Во рамки на посетата, како што најавија од Кабинетот на Стоилковиќ, македонската делегација ќе оствари средба со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, претседателот на Собранието Ана Брнабиќ, како и со претставници на неколку ресорни министерства.
– Разговорите на највисоко ниво ќе бидат одлична можност за дефинирање на следните заеднички чекори и активности, меѓу кои разгледувањето не само за можноста за претставување, туку и за учество на македонското стопанство при реализацијата на ЕКСПО2027, а ќе биде искористена и за иницирање редовни меѓувладини седници меѓу македонската и српската Владата, кои би требало да трасираат нови можности за подобрување на билатералната соработка и можности за заедничка соработка со трети пазари, како и за интензивирање и унапредување на активностите поврзани со процесот Опен Балкан, се наведува во соопштението.
Целта за реализација на оваа меѓународна средба, се подвлекува, е да се отслика нивото на одличните билатерални односи меѓу двете земји, а истата ќе биде и подготовка за посетата на претседателот на Владата на Република Србија Вучевиќ на покана од претседателот на Владата на РС Македонија Христијан Мицкоски, планирана за крајот на септември.