Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски во интервју за неделникот Фокус вели дека геополитика нема прашан за изградба на Коридорот 8 и 10. „Дел од овие тези ги пласираа оние кои на коруптивен начин сакаа да ја добијат работата за третата фаза за пругата кон Бугарија. Случајот има неколку елементи. Првиот и клучен елемент е предвидената цена на чинење. Тоа е 24 милиони евра по километар, што е поскапо и од автопатот.
Само за илустрација, цена на чинење на брза пруга било каде во Европа со 200 километри на час е 4 до 10 милиони евра, зависно од теренот. Овде за пруга која ќе оди со 60 километри на час е 24 милиони евра“, објаснува Николоски. Според него исто како за потегот кон Блаце, избрана е како што вели најтешката траса. „Не знам дали знае јавноста, но единствен начин да се изгради третата делница е само преку пруга како на каубојските филмови. Толку теренот е планински и лош, па само преку пруга може да се носат материјали, работници. Камион не може да пристапи. Невидена работа“, кажа Николоски.
Николоски со прашање до неговите претходници „зошто тоа е проектирано така, зошто покрај тунел кој завршува нигде испроектирани се 2 тунели под Крива Паланка?“. „Тоа ни Швајцарија не го прави. Јас се сметам за прошетан човек, но никаде во Европа и светот не сум видел да се градат тунели под градови. Има покрај градови, низ планини, но под градови нема“, вели Николоски кој укажува дека прво, многу е јасно оти е пумпана цената. Ние не сме глупави, категоричен е Николоски, да прифатиме таква пумпана цена за проект кој веројатно нема да се изгради никогаш.