Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“.Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. Престижното признание „Банка на годината“ магазинот The Banker го темели на основ на повеќе критериуми меѓу кои, остварените финансиски резултати, иновации и развој на нови производи, услуги и технологии, вредност за клиентите, лидерство во општеството и стратешка предност во однос на конкуренцијата.
„Да се понесе, по единаесетти пат, признанието „Банка на годината“ од најдолготрајната меѓународна банкарска титула во светот е вистинска чест за нашата Банка и доказ за силното управување, здравиот деловен модел, довербата на клиентите и посветеноста на тимот. Благодарен сум на нашите клиенти и сите мои колеги. Без нив ниту една награда не би била возможна.“ – изјавува Претседателот на УО на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ по повод признанието и додава: „Оваа 2022 година ни покажа колку силно влијание имаа претходните две ковид години врз функционирањето на бизнисот, барајќи од нас големите предизвици да ги претвориме во решенија за иднината. Следејќи ја значајната промена на навиките на нашите клиенти поради пандемијата, економската криза и придвижувањето на клиентите во дигиталниот свет, ние во НЛБ Банка го засиливме развојот на иновативни производи прилагодени на потребите на нашите клиенти и целата економија. Нашите идни планови и натаму остануваат поврзани со интересите на граѓаните и економијата на земјата. Два аспекта ќе бидат особено важни во тој поглед. Прво, одговорното делување во насока на одржлив развој и второ, нашите производи, кои ќе бидат насочени кон поддршка на клиентите да го најдат својот пат во дигиталниот свет. Секако, клиентите се во фокусот на сè што правиме, а нивното задоволство останува наш врвен приоритет.“
За The Banke – Меѓународната публикација за финансии The Banker е во сопственост на The Financial Times Ltd. Речиси еден век, The Banker е водечки светски магазинкој ја следи банкарската индустрија преку теми поврзани со глобалните финансиски случувања, отсликани преку мислења, профили и интервјуа на банкарски и финансиски фигури. Признанијата на The Banker за „Банка на годината“ се сметаат за Оскари во банкарската индустрија и истите се доделуваат на врвни финансиски институции во светот.