МАКТЕЛ

     

Нобелова награда за мир: Не смее да згасне мисијата за свет без нуклеарно оружје!

      

Велат дека нуклеарното оружје е гаранција за мир. Но, нуклеарното оружје може да биде употребено и од терористи. Ако Русија, на пример, го искористи против Украина, ако Израел го употреби против Газа, тоа нема да запре таму. Политичарите треба да го знаат ова, предупредуваат хибакушите, луѓе што ги преживеале ужасите во Хирошима и Нагасаки. Сосема неочекувано, но и сигурно позаслужено од повеќето други годинешни кандидати и поранешни лауреати, здружението на Јапонците што ги преживеале експлозиите на атомските бомби во Хирошима и Нагасаки се добитници на Нобеловата награда за мир.

Норвешкиот нобелов комитет за мир со ваквиот избор само привидно ги заобиколи големите војни во Украина и на Блискиот Исток, бидејќи пораката против користењето нуклеарно оружје секогаш е актуелна. Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот близок соработник Дмитриј Медведев повеќе пати јавно предупредија дека Москва го поседува најголемиот нуклеарен арсенал во светот, има нови средства за испорачување на бомби и дека нема да се колеба да ги употреби ако оцени дека се загрозени опстанокот или територијалниот интегритет на земјата. Кремљ лани се закануваше дека ќе посегне по арсеналот ако бидат загрозени дури и Крим и другите окупирани украински области, кои Москва официјално ги смета за руска територија.

   

На Блискиот Исток, пак, Израел пука кон Хамас во Газа и кон Хезболах во Либан од сите конвенционални оружја, но не смее да се заборави дека и Израел поседува нуклеарни бомби, кои сами по себе не го постигнуваат ефектот на одвраќање на „заколнатите непријатели“ и Иран, како нивен главен ментор, спонзор и активен поддржувач. И Иран упорно настојува да разие или да стекне нуклеарна технологија, декларативно за да ја користи за генерирање струја, но многу поверојатно за да им се придружи на нуклеарните сили, со што би и на тоа поле би се изедначила со Израел.

Северна Кореја со години наназад го развива својот атомски арсенал, а и често тестира проектили, со што претставува голема нуклеарна закана за Јужна Кореја и Јапонија, па и за САД – земји што ги смета за непријателски.

Свои атомски бомби имаат и Индија и Пакистан – соседи што хронично имаат територијални спорови, па и погранични пресметки со жртви. САД, Обединетото Кралство, Франција и Кина денес не се закануваат никому со својот нуклеарен арсенал, но се спремни да возвратат ако бидат нападнати со такво оружје. Но, се додека во хангарите и во подморниците имаат бомби, и тие се општа закана. А, и никој не може да гарантира дека во Белата куќа, во Елисејската палата или во Даунинг 10 во блиска или во далечна иднина нема да дојде лидер со „нервозни прсти“, кој лесно би го притиснал црвеното копче.

Затоа е непроценлива мисијата на луѓето од Нихон Хиданкјо, кои на залезот од својот животен век активно и упорно ги споделуваат со светот своите ужасни искуства од 1945 година, кога ги преживеале нападите со атомски бомби во Хирошима и во Нагасаки.

Со цел за да ја завршат побрзо војната и со оправдување „да спречат многу повеќе човечки жртви во безмилосни бомбардирања и судири“, САД на 6 август 1945 година фрлија атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима, а три дена подоцна и врз Нагасаки. Да не капитулирала веднаш Империјата на изгрејсонцето, Американците имале спремни уште неколку бомби. Директно од експлозијата, а и како последица од радијацијата, во Хирошима загинаа меѓу 90.000 и 166.000 луѓе, а во Нагасаки уште 60.000 до 80.000. Точниот број никогаш нема да биде познат, ако се имаат предвид луѓето што загинале од канцер и од други болести поврзани со радијацијата.

Движењето на преживеаните од атомските бомби во Хирошима и Нагасаки, познати како хибакуши, ја добива Нобеловата награда за мир, за неговите напори да постигне свет без нуклеарно оружје и за демонстрирањето преку лични сведоштва, дека нуклеарното оружје никогаш повеќе не смее да биде користено. Извонредните напори на Нихон Хиданкјо и на други хибакуши придонесоа многу за воспоставувањето нуклеарно табу – соопшти Норвешкиот нобелов комитет за мир.

Притоа се забележува дека луѓето што го преживеале пеколот во Хирошима и Нагасаки долго време биле прикриени и заборавени. Во 1956 година локалното здружение на жртви, заедно со жртвите од нуклеарните тестови низ Пацификот, ја формирале Јапонската конфедерација на луѓе што страдале од атомски и термонуклеарни бомби. Името подоцна било скратено во Нихон Хиданкјо, а денес е највлијателното од сите здруженија на хибакуши. Од година на година здружението има се помалку членови, но нуклеарната закана не стивнува.

Еден ден хибакушите повеќе нема да бидат меѓу нас како историски сведоци. Но, со силната култура на сеќавање и посветеност, нови генерации во Јапонија го чуваат и го пренесуваат нивното искуство. Тие инспирираат и поучуваат луѓе низ светот. На тој начин тие помагаат да се задржи нуклеарното табу, кое е услов за мирољубива иднина на човештвото – соопшти Нобеливиот комитет. Во низа истражувања за најголемите ризици за уништување на човештвото, нуклеарните арсенали се на првото место, пред удар на астероид, незапирливо ширење вирус или одметнат систем на вештачка интелигенција.

„Часовникот на апокалипсата“ на Билтенот на атомските научници со години наназад одбројува едвај некоја минута до самоуништување на човештвото како последица од нуклеарен холокауст. Стрелките на часовникот сега одбројуваат едвај 90 секунди до полноќ, најблиску до самоуништување од кога било досега. Во времето кога бил воспоставен како „мерка за ризикот“ во 1947 година, часовникот одбројувал 7 минути до полноќ, а најдалеку бил во 1991 година, по крајот на Студената војна, кога стрелката била 17 минути до полноќ.

Тошијуки Мимаки од Нихон Хиданкјо, укажува дека светот денес е многу опасно место за живеење и го спореди своето детство со сегашноста на децата од Газа. Во Газа децата се во крв. Исто како што беше во Јапонија пред 80 години – изјави Мимаки.

Заблагодарувајќи се за наградата, тој тврди дека е можен свет без нуклеарна закана. Велат дека нуклеарното оружје е гаранција за мир. Но, нуклеарното оружје може да биде употребено и од терористи. Ако Русија, на пример, го искористи против Украина, ако Израел го употреби против Газа, тоа нема да запре таму. Политичарите треба да го знаат ова – предупреди Мимаки.

Право да предлагаат кандидати за Нобеловата награда за мир имаат пратеници и министри од влади ширум светот, судии од избрани меѓународни судови, универзитетски професори по историја, социјални науки, право, филозофија, теологија и религија, директори на мировни институти, членовите на Норвешкиот нобелов комитет и поранешни добитници на наградата. Нобеловата награда за мир лани ја доби иранската активистка Наргес Мохамади „за нејзината борба проти репресијата на жените во Иран и за борбата за промовирање човекови права и слобода за сите“. Мохамади сѐ уште не ја примила лично наградата, бидејќи отслужува казна во озлогласениот затвор Евин во Техеран.

   

Најново

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Крис Павловски ја бара гробницата на Александар Велики?

Sase Ivanovski

22 ОД 34 ОПШТИНИ ВО ГРАДОВИТЕ НЕ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ОЗЕЛЕНОСТ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Sase Ivanovski

Кумановец измамен за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свинската маст се враќа на трпезата: Научно оправдана и здрава

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

Sase Ivanovski

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Sase Ivanovski

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Sase Ivanovski

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Sase Ivanovski

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Sase Ivanovski

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Sase Ivanovski

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Sase Ivanovski

Пренџов: Сè додека оваа актуелна политичка генерација предводена од премиерот Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

Sase Ivanovski

„Гуш и бац е љубов“: Ден кога децата учеа, се играа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Sase Ivanovski

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski
Вчитувам....