-На младите луѓе им треба, а тие и заслужуваат држава која ќе го цени успехот врз основа на талентот и трудот, а не врз основа на политиката или на лични познанство. Промена на ваквата траекторија бара промена во културата. Таа не е никаде позначајна и поочигледна од промена во политичката култура и политичката волја.
-Тие мора да се залагаат за систем кој е транспарентен од почеток до крај и кој гради долгорочна средина на добро владеење што ќе опстојува без разлика кој е на власт. Беше точно пренесено, како што самата слушнав, дека јас борбата против корупција во државата ќе ја направам приоритет на амбасадата на САД во Скопје. Тоа е точно, продолжи Агелер. Обраќањето на Агелер во живо го гледаа и слушаа претседателот Стево Пендаровски, собранискиот спикер Талат Џафери, вицепремиерката за транспарентност Славица Грковска, министерот за правда Никола Тупанчевски.