Наградата што ја доделуваат AUTO BILD и BILD am SONNTAG е една од најреномираните од ваков вид во автомобилската индустрија. Овогодинешната награда „Златен управувач“ за целосно новиот Grandland е 21 по број за Opel.Новиот Opel Grandland, кој наскоро ќе пристигне во продажните салони, веќе можеше да го прослави својот прв голем успех. Врвниот SUV ја освои наградата „Златен управувач“ за 2024 година во Германија. Стилски, динамичен, простран и со портфолио на електрифицирани погони, моќни аргументи кои ги убедија експертите да го наречат најновиот модел „произведен во Германија“ „Најдобар автомобил до 50.000 евра“. Наградата што ја доделуваат AUTO BILD и BILD am SONNTAG е една од најреномираните од ваков вид во автомобилската индустрија. Овогодинешната награда „Златен управувач“ за целосно новиот Grandland е 21 по број за Opel.
– Новиот Opel Grandland веќе ја носи автомобилската иднина на патиштата. Тоа е првиот Opel на BEV-native платформа. Ова овозможува возење без емисии во комбинација со одлична удобност. Овој спој во комбинација со смелиот и елегантен дизајн на Opel е исклучителен. Воодушевени сме што AUTO BILD и BILD am SONNTAG го наградија овој иновативен дух со Златен управувач – рече извршниот директор на Opel, Florian Huettl, на церемонијата на доделување награди во Axel Springer Haus во Берлин.
Opel јасно претстави што значи „German Energy“ (Германска енергија) и како брендот ја замислува автомобилската иднина со концептниот автомобил Opel Experimental. Целосно новиот Opel Grandland веќе прави многу од визионерските иновации кај Experimental реалност. Врвниот SUV е првиот Opel на BEV-native STLA Medium платформа и нуди бројни револуционерни технологии, паметна опрема и одржливи решенија. Секогаш сјае со новиот 3D Vizor, во зависност од нивото на опрема дури и за прв пат со осветлен Opel Blitz. Кога се гледа одзади, Grandland го има и осветлениот натпис Opel.
– Opel Grandland освојува со својот уникатен дизајн и модерен кокпит. И тоа покажува колку е важно денес на клиентите да им се даде слобода при изборот на нивниот погон. Без разлика дали е hybrid, plug-in hybrid или целосно електричен – секој ќе ја најде вистинската верзија – изјави Robin Hornig, главен уредник на AUTO BILD.
Во кабината, возачите на Grandland можат да погледнат на два широки екрани. Заедно со опционалниот Intelli-HUD (head-up дисплеј), тие гарантираат дека возачот може секогаш да го држи погледот на патот. Дополнително, Pure Mode ја намалува содржината што се прикажува на неопходен минимум ноќе или при поголеми брзини. Ергономските седишта со индивидуално прилагодливи странични перничиња, сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken e.V. (AGR), исто така обезбедуваат извонреднои и, пред сè, опуштено задоволство при возењето. Патентираната ергономија на Intelli-Seat е стандардна на двете предни седишта. Безбедноста и удобноста се зголемени со функции како што се приспособлививитеIntelli-Lux HD светла без отсјај со повеќе од 50.000 елементи и практичната Pixel Box. Има осветлена, проѕирна стаклена површина под која паметниот телефон може индуктивно да се полни. И со волумен до 1.645 литри, новиот Grandland има броен простор за товарење.
Opel и „Златен управувач“: 21 добитници од Rüsselsheim
Целосно новиот Opel Grandland е најновиот модел од Opel во гордата гама на добитници на „Златен управувач“. Наградата која од 1976 година ја доделува издавачката куќа Axel Springer BILD am SONNTAG (од 2009 година во соработка со AUTO BILD) по 21-ви пат ја освои германскиот производител на автомобили. Сè започна во 1978 година, две години по првото доделување на наградата, со Opel Senator A.
На патот до победата за наградата „Златен управувач“, читателите на AUTO BILD and BILD am SONNTAG се секогаш први. Тие гласаат за новите возила и на тој начин ги избираат своите три фаворити во секоја категорија за финалето. Потоа на тркачката патека DEKRA Lausitzring во Германија, истакнато жири составено од новинари, возачи на трки и експерти за автомобили ги испитува поединечните финалисти според критериумите засновани на шемата за тестирање на AUTO BILD.
„Златен управувач“ / година | Moдел |
1978 | Opel Senator A |
1979 | Opel Kadett D |
1981 | Opel Ascona C |
1982 | Opel Corsa A |
1984 | Opel Kadett E |
1987 | Opel Senator B |
1990 | Opel Calibra |
1994 | Opel Omega B |
1995 | Opel Vectra B |
1999 | Opel Zafira A |
2002 | Opel Vectra C |
2005 | Opel Zafira B |
2009 | Opel Astra J |
2010 | Opel Meriva B |
2012 | Opel Zafira Tourer |
2015 | Opel Astra K |
2017 | Opel Ampera-e |
2020 | Opel Corsa-e |
2021 | Opel Mokka-e |
2022 | Opel Astra L |
2024 | Opel Grandland |