Македонската музичка сцена продолжува да тагува по трагедијата во Кочани, во која животите ги загубија членовите на групата „ДНК“ и нивни соработници – музичарите Андреј Ѓорѓиески, Сара Пројковска, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Стевановски и Александар Коларов, како и официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов.
Емоционална порака до нив упатија и членовите на групата „Нокаут“, кои преку социјалните мрежи се простија од своите колеги и пријатели. „Не е лесен животот на музичарите, но не смее да биде трагичен. Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар, Филип, Александар, и сите вие кои прерано ги изгубивте животите во Кочани, мирно ви небо. Најдлабоко сочувство од ‘Нокаут’“ стои во нивната објава на Инстаграм.
View this post on Instagram
Да потсетиме, бројот на жртвите во разорниот пожар што го зафати ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани продолжува да расте. Според најновите информации, досега загинаа најмалку 59 лица, додека бројот на повредени кои се хоспитализирани низ болниците низ Македонија достигна 155.Огнената стихија избувна во преполниот клуб во утринските часови, а според сведоците, пожарот брзо се проширил, оставајќи малку време за бегство.