Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднело предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување, соопштија од Јавното обвинителство. Против него е поведена постапка бидејќи во два одвоени настана, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите во двата случаја успеале самите да се оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот.
„Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од Судот е прифатена“, соопштија од Јавното обвинителство.