Интересно е да кажеме дека ова е можеби единствената винарија која е од Прилеп и за сега многу успешно го прославува овој регион со своите вина. Кој е Гоце? Гоце е еден исклучително пасиониран и чесен винар кој едвај чека на 01.03 да отиде во пензија за да може целосно им се посвети на лозјето и вината. Пасијата успева да ја пренесе и на својот син, па сега се неразделни компањони кога станува збор за вината.
На површина од 1 Ха, одгледува Вранец, Прокупец и Жупљанка и неговата лозарска пасионираност и прецизност е пренесена и во неговите вина. Минатата година тоа се потврди и кога на Декантер освои 90 поени за неговиот Вранец Барик. (Најголем успех за наша мала семејна винарија на ова натперавување). Од белите пак е познат по неговата Сарика Куве. Покрај овие има и Пловдина, Прокупец и Мускат. Ве охрабруваме да ги пробате и да дадеме подршка.