Од 2 до 4 октомври во Лисабон се одржа 6. Европски конгрес за онколошка фармација на кој присуствуваа и наши вработени од Одделот за болничка аптека. Тие зедоа учество со постер- презентација на тема: “Мојот ден со онколошка фармација”.
Преку практични предавања, иновативни активности, бројни работилници, постер- презентации и интерактивни сесии беа разменети знаења од областа на онколошката фармација, вклучувајќи ги и: клиничката фармација, фармацевтската нега, фармакотехниката и асептичните препарати, фармако-економијата и пристапот до онколошките лекови. На конгресот специфичен фокус бил ставен на терапевтските области, како што се: имунотерапијата и орално насочените лекови.
View this post on Instagram