Започнавме акција со чистење на две големи депонии на Кале, а сликите покажуваат вистинска еколошка катастрофа.
На депонијата службите затекнаа секаков вид отпад за кој беше потребно да се ангажираат дури три камиони кои беа преполнети со ѓубре и кабаст отпад.
Ова не е прв пат нашите хигиеничари да го чистат овој дел на Центар темелно и со ваков итензитет. И повторно да го затекнат истото на терен.
Апелираме до граѓаните сите заедно да се грижиме за нашата средина.
Време е да ја преземеме одговорноста и да создадеме чиста и здрава иднина за сите на нас.