ООУ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЈА ЗАПОЧНУВА УЧЕБНАТА ГОДИНА СО НОВИ СМАРТ ТАБЛИ И КЛИМА УРЕДИ
ООУ „Свети Кирил и Методиј“ од оваа учебна година е побогато со 7 нови смарт табли и 10 клима уреди, кои ќе го подобрат образовниот процес. Дел од овие набавки се реализирани со поддршка од Центарот за развој на Скопски плански регион, општествено одговорни компании и буџетот на Општина Центар. Покрај тоа, со донација од компанијата Рамстор, доопремена е и сензорната соба за децата со попреченост.
Општина Центар продолжува да го модернизира образованието и унапредува образовниот процес во интерес на учениците и наставниот кадар.