Организаторите на денешната Парада на гордоста“ која ќе се одржи во централното градско подрачје во Скопје, на социјалните мрежи објавијс препораки за посетителите на Парадата.
❗ВАЖНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА ПАРАДАТА ❗
❌Поради безбедносни аспекти, препорачливо е постојано да се движите во помали или поголеми групи во и надвор од зоната на Прајдот. Исклучително е важно по заминувањето од зоната на Парадата (стадион на АРМ) или во било кој момент кога ќе одлучите да напуштите, тоа исто така да го направите со придружба и од себе да ги отстраните сите видливи обележја, симболи, знамиња и визуелни материјали што асоцираат на Парадата.
🗺️Движете се постојано по рутата на парадата и во насоката по којашто маршираат присутните. Доколку не присуствувате на настаните на стадионот на АРМ, движете се без никакви видливи обележја или знамиња.
🫂Бидете во контакт со луѓето со коишто сте дошле заедно и бидете постојано заедно. Доколку доаѓате сами, пристапете кон група на луѓе, запознајте се и поминете го овој ден со нив.
🗣️Избегнувајте секакви провокации од страна и не реагирајте на нив. Не се впуштајте во конфронтации, туку само дистанцирајте се и пријавете го случајот во полиција.
❌Забрането е внесување на остри и стаклени предмети, пиштоли на вода или било какви предмети од сличен тип, балони, пиротехника и оружје.
🌊Препорачуваме со себе да носите удобни чевли, вода, крема за заштита од сонце и средство за заштита од убоди на комарци.
🪩Влезот во Стадионот на АРМ е до 23:00.
💸Препорачуваме плаќање со картичка во делот за храна и пијалоци на Стадионот на АРМ или пак со точна сума на кеш.