19.8 C
Скопје
11/03/2025 12:19
МАКТЕЛ

    

Остани ѓубре до крај – Македонија нема никакви капацитети за рециклирање отпад

      

Колумна на Ѕвездан Георгиевски, БИРН
Директорот на прилепски „Комуналец“, Рубин Абрашоски се жали дека во Одделението за рециклажа се натрупале огромни количества пластичен отпад. Причината за тоа е драстично намалениот извоз за овој тип отпад.Според медиумите, директорот Абрашоски, излезот од „пластичната криза“ го бара во државата (а, каде на друго место?) – државата да ги стимулира приватните компании што го откупуваат овој вид отпад и да помогне во изнаоѓањето нови пазари за негов извоз. Во веста што ја лиферуваа медиумите уште се наведува дека Прилеп е шампион во селектирањето отпад и дека на тој начин, на годишно ниво селектира од илјада до 1.200 тони пластика и хартија.

На извесен начин, „шампионот во селектирање отпад“ уште еднаш го отвора вечното прашање на македонскиот идентитет – управувањето со отпадот. Имено, веста имплицира дека досега извозот на пластичниот отпад одел релативно добро и дека запрел во последните месеци.Првото прашање што (мене ми) се поставува е: зошто некој воопшто би увезувал од Македонија пластичен или каков било друг отпад? Односно, ако некој има некаква полза од отпадот, зошто ние немаме? Втората дилема што не е јасно објаснета во веста е: зошто отпадот, ако веќе се наоѓа во Одделението за рециклирање во прилепски „Комуналец“, не се рециклира, туку само се натрупува? И третото, веројатно, најбанално прашање е: што значи тоа „шампион во селектирање отпад“, во земја која нема ниту традиција, а богами ниту инфраструктура за селектирање отпад.

   

Одговорот на сите три прашања може да се сведе во една реченица – Македонија нема никакви капацитети за рециклирање отпад. Според некои податоци, кај нас отпадот се рециклира помалку од 0,5 проценти, за разлика од Словенија, на пример, каде што стапката на рециклирање достигнува 60 проценти.Во Швајцарија, која според нашиот врежан стереотип, е недостижен идеал, од околу 700 килограми комунален отпад по жител, околу половина (340 килограми) се користи како гориво во 30 горилници/електрани (по една на 280.000 жители) во кои се произведува електрична и, во зависност од годишното време, топлинска и разладна енергија.

Освен тоа, тие имаат 350 компостани и биоплински погони (по еден погон на 24.000 жители), 60 електрани на биомаса (по една на 140.000 жители) и стотици сортирници.
Според некои податоци, кај нас отпадот се рециклира во помалку од 0,5 проценти, за разлика од Словенија, на пример, каде што стапката на рециклирање достигнува 60 проценти
Кога Македонија навистина би сакала да биде Швајцарија, тогаш овој број слободно намалете го за четири, па и за петпати. За Скопје, и покрај големата населеност, веројатно би била доволна една електрана, неколку компостани (за да не се развезува биоотпадот од еден до друг крај на градот), барем еден биоплински погон и неколку сортирници. Но, за почеток, во Македонија, отпадот воопшто не се селектира или се селектира во минимален процент.

Ја разбирам евентуалната забелешка на читателот дека е сосема погрешно да се споредуваме со Швајцарија, дека сме далеку од нивните култура, традиција, систем… со светлосни години, но со кого да се споредиме? Со Африка? Може!
киловат часови електрична енергија на годишно ниво. Ова е сосема доволно да се задоволат потребите на една третина од жителите на петмилионскиот главен град.
Натаму како нус-производи се произведуваат тули, а се рециклираат и 3,6 милиони килограми метал на годишно ниво. Не е на одмет да се спомене дека целата инвестиција за оваа електрана чинела околу 120 милиони долари.

Погонот за биогас во Кејптаун, Јужноафриканска Република, (инвестиција од 27 милиони долари) обработува 219 милиони тони отпад годишно и произведува квалитетен биогас што се користи во транспортот, јаглерод диоксид за индустријата и вештачко ѓубриво.Што се однесува до самата пластика, можеме да го земеме примерот на Португалија. Таа денес важи за еден од најголемите производители за пластични делови и галантерија за светската автоиндустрија. И сето тоа од преработен пластичен отпад.

Португалија, меѓу другото, важи за еден од најголемите увозници на пластичен отпад и извозник на готови производи. Во случај Македонија да направи некоја мала стратегија за развој на поливинилската индустрија, тогаш ни „Комуналец“ од Прилеп би немал никакви проблеми.
Во Македонија на дневно ниво се создаваат над 2.500 тони отпад, односно околу милион тони на годишно ниво. Реално, тоа не е премногу отпад. Ниту по жител, ниту во светски рамки
Но, ајде да се научиме првин да го селектираме отпадот. Во „шампионот во селектирање отпад“, Прилеп, се селектираат само пластиката и хартијата (на едно место), а другото ѓубре се остава во друг контејнер. Во другите градови, верувам, дека е уште полошо. За руралните средини, каде што некое комунално претпријатие со својот камион поминува еднаш или двапати неделно, а некаде воопшто и не поминува, не треба ни да зборувам.

Од друга страна, се чини дека во земја како што е нашата, само со поставување инфраструктура за различни видови отпад во урбаните средини (различни контејнери за секој вид отпад), проблемот не може да се реши. Веројатно е потребна реорганизација на комуналните претпријатија, па и извесна политика на „морков и стап“ за да се стекне навика за селектирање на домашното ѓубре. Значи, од една страна, стимулација на граѓаните, а, од друга страна, високи казни за непочитување на правилата.
Во Крагуевац, Србија, на пример, нашле начин како на тие што ја одложуваат пластиката на посебно место да им се обезбеди бесплатен градски превоз. Еден пријател ми вели дека оваа мерка повеќе не важи, ама дека граѓаните во голем процент се навикнале да си го селектираат отпадот.

Според некои податоци, во Македонија на дневно ниво се создаваат над 2.500 тони отпад, односно околу милион тони на годишно ниво. Реално, тоа не е премногу отпад. Ниту по жител, ниту во светски рамки. Само една централа, како онаа во Адис Абеба, ќе апсорбира 40 проценти од целиот наш отпад. Плус компостани, погони за биогас, поливинилски постројувања…
Ама реалноста е сосема поинаква. Тонеме во ѓубре.Мислењата и ставовите изнесени во колумните се на авторите и не нужно ги рефлектираат позициите и уредувачката политика на БИРН Македонија

  

Најново

Реституцијата на бугарските ниви „заора“ во длабоки проблеми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во две автобуски несреќи во Мексико загинаа 25 лица

Sase Ivanovski

Синот на Доналд Трамп пристигна во Белград

Sase Ivanovski

Трамп: Украина можеби нема да преживее

Sase Ivanovski

Медицински хеликоптер се урна во Мисисипи, загинаа три лица

Sase Ivanovski

Таравари се откажа од „Ѓока констракшн“ – паркингот на Клинички останува без странски стопан

Sase Ivanovski

Македонците не одат на печалба во Хрватска за помалку од 1.300 евра месечна плата

Sase Ivanovski

Oблека, парфеми, суплементи за миленици и автоделови паднаа во рацете на цариниците

Sase Ivanovski

Хрватските инспектори во акција: трговците продаваат производи со ограничени цени поскапи од дозволеното?

Sase Ivanovski

Русија сака да возврати со „орешник“ на украинскиот напад со дронови врз Москва

Sase Ivanovski

Родители со ниски приходи ослободени од плаќање надомест за градинки во Аеродром

Sase Ivanovski

„Фолксваген“ лани продал повеќе колбаси отколку автомобили!

Sase Ivanovski

Вложување во одбраната мора да биде приоритет за сите земји во Европа, порача фон дер Лајен

Sase Ivanovski

Мицкоски на 82-годишнината од депортацијата на македонските Евреи: Никогаш нема да дозволиме историјата да се повтори

Sase Ivanovski

Српскиот пензиски Фонд исплатил повеќе од 117 милиони евра на пензионери во странство

Sase Ivanovski

Криминалците на Венко Филипче го труеле народот со канцероген мазут, велат од „Белата палата“

Sase Ivanovski

Уште малку, па ќе снема место: Водич за сместување во Белград за оние кои доаѓаат за протестот на 15 март

Sase Ivanovski

Вработените во блокираната зграда на РТС влегуваат преку подрумските прозорци.

Sase Ivanovski

Започнува судењето за смртта на фудбалската легенда Марадона

Sase Ivanovski

Филипче: Работниците со право бараат повисоки плати, а ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува дека се политички мотивирани

Sase Ivanovski

Приведено лице во штипско, управувал возило со 151 км/h  на место каде е дозволено 80 km/h

Sase Ivanovski

Просечниот хрватски работник плаќа 400 евра месечно за пензија

Sase Ivanovski

Кратка преписка за криминалниот директор на СУГС Гимназија ,,Oрце Николов”

Sase Ivanovski

Трамп го брани Маск по падот на акциите на „Тесла“: Утре ќе купам нова „тесла“

Sase Ivanovski

Започна официјалната посета на претседателката Сиљановска-Давкова на Република Азербејџан

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Азербејџан: Градиме пријателства со цел поефикасно справување со современите безбедносни предизвици

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и СДС се против националните интереси на Македонија, сервилноста, аматеризмот и „виткањето на кичма“ се единствената политика која ја познава СДС на меѓународен план

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставка од Андоновски за скандалот со тендерските мрежи во министерството

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов призна дека е пиун на СДС, ДУИ и Левица, за политичките барања на ССМ

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставка од министерот Андоновски

Sase Ivanovski

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Sase Ivanovski

Претресите траеле цела ноќ – Капушевски и Јахоски уште не се изведени пред судија на претходна постапка

Sase Ivanovski

Во Струмица и Радовиш вчера изгаснати 12 пожари на отворено

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот, совет кого СДС го брани, постави судија на ДУИ за претседател на Врховен

Sase Ivanovski

Нови мерки на ЕУ за нелегални мигранти: Од депортација до забрана за влез

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денес ќе чуете како криминалците на Филипче поради провизии и бизниси со неговиот бизнис ас Јахоски го труеле народот со канцероген мазут

Sase Ivanovski

Денеска се одбележуваат осумдесет и две години од холокаустот на македонските Евреи

Sase Ivanovski

Николоски: Преговарме за нови авиолинии Скопје – Прага и Охрид – Карлови Вари

Sase Ivanovski

Герасимовски: Јавен повик за финансиска поддршка на Светски ден на поезијата – преку музиката го славиме македонското литературно богатство

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во посета на Азербејџан

Sase Ivanovski

Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Жесток украински напад со дронови врз Москва, едно лице загина, неколку се повредени

Sase Ivanovski

Жителите на Гренланд денеска избираат нов парламент

Sase Ivanovski

На состанокот во Саудиска Арабија САД ќе ја притиснат Украина за примирје

Sase Ivanovski

Српските студенти го блокираа влезот во РТС: Никој нема да влезе додека не се ослободи јавниот сервис

Sase Ivanovski

Бројот на загинати во сириските судири и убиства од одмазда надминува 1.000 луѓе

Sase Ivanovski

Греам за паузата за помошта во Украина: „Ако се повлечеме од Украина, ќе биде полошо од Авганистан“

Sase Ivanovski

Маск кризира додека цената на акциите вртоглаво паѓа

Sase Ivanovski

Пазарџискиот пристап на Трамп кон дипломатијата е движечка сила на светската сцена

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Трифун Костовски

Sase Ivanovski

Новите коли имаат решение за копуците кои не даваат жмигавец кога вртат

Sase Ivanovski

РАСТАТ СТРАВУВАЊАТА – НА ПАТ Е НОВА ВОЈНА?! Во Сирија целосен хаос, се споменува и копнена инвазија!

Sase Ivanovski

ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ НАГЛО ПАДНА – најголем пораст на еврото во последните 16 години

Sase Ivanovski

Руските бомби беа незапирливи – но Украина ги направи бескорисни

Sase Ivanovski

„АДИНГ“ ЈА ИМА ДОБИТНАТА ФОРМУЛА! Како добивката на оваа скопска хемиска индустрија порасна за 82 отсто?!

Sase Ivanovski

Иран, Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби додека Трамп ги руши западните сојузи

Sase Ivanovski

Спасовски: Интерпелацијата за Судскиот совет е класичен упад во уставниот поредок

Sase Ivanovski

„Икс“ е под масивен хакерски напад, вели Маск и открива кој смета дека стои зад него

Sase Ivanovski

Драматично обраќање на бугарскиот Уставен суд: Се прави обид за саботажа на изборниот процес

Sase Ivanovski

Вучиќ се заканува: Не се шегувам – ќе има обид за револуција, ама државата ќе покаже дека е држава

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците: Паркингот на Универзитетскиот Клинички Центар треба да биде управуван од институцијата, а не од приватни фирми

Sase Ivanovski

Обвинетиот за убиството кај Мавровка го призна делото: Не сакав да го убијам човекот, многу се каам

Sase Ivanovski

Постигнат договор: Сириските Курди ќе се интегрираат во новите државни институции

Sase Ivanovski

Како да се спаси изгубената Европа

Sase Ivanovski

НЕМА ОФЛАЈН, МАСК ГИ СМИРИ СТРАВУВАЊАТА Старлинк ќе продолжи со работа во Украина

Sase Ivanovski

„ЌЕ ИНВЕСТИРАМЕ МИЛИЈАРДИ И ЌЕ ВЕ НАПРАВИМЕ БОГАТИ“ Ден пред изборите Трамп повторно го повика Гренланд да стане дел од САД

Sase Ivanovski

ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО УКИНЕ ПРАВНИОТ СТАТУС НА 240.000 УКРАИНЦИ ВО САД Можна е забрзана депортација

Sase Ivanovski

ЗАЕДНИЧКА ВЕЖБА НА САД И ИЗРАЕЛ – ПОРАКА ЗА ИРАН? Американските Б-52 и израелските Ф-15 симулираа напад

Sase Ivanovski

Се разгледуваат можности за авиолинии Скопје-Прага и Охрид-Карлови Вари

Sase Ivanovski

Рубио: Чистката на програмите на УСАИД е завршена со отстранување на 83 отсто од нив

Sase Ivanovski

Како одговор на царините на Трамп: Онтарио ја зголемува цената на струјата за американските домаќинства

Sase Ivanovski

Двојкаш со само една четворка меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Зеленски нема да учествува на американско-украинските преговори: Трамп очекува голем напредок

Sase Ivanovski

И Васко Ковачевски и други 10 лица опфатени со истрагата за нелегална набавка на деривати

Sase Ivanovski

Приведени сопственикот на РКМ, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, газда на Пуцко Петрол

Sase Ivanovski

Ургентно за криминалниот директор на СУГС Гимназија ,,Oрце Николов’

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: По повод јубилејот 25 години Жан Митрев Клиника, одобруваме 25% попуст на кардиоваскуларниот пакет кој вклучува: ЕХО на срце, ЕКГ, доплер на крвни садови, консултација со кардиолог и терапија доколку има потреба од истата

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА Е КАНАДА: НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН КАКО ПРЕМИЕР, ТРУДО СИ ЈА ЗЕМА СО СЕБЕ ФОТЕЉАТА

Sase Ivanovski

КИА УДРИ ПО ТЕСЛА И ИЛОН МАСК

Sase Ivanovski

Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми, законските измени утре на владина седница

Sase Ivanovski
Вчитувам....