24.8 C
Скопје
30/06/2025 22:31
МАКТЕЛ

   

Оформени нови 15 предмети во Уставниот суд

      

Уставниот суд оформи 15 нови предмети во периодот од 27 октовмри до 24 ноември 2022 година по претходно поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост. Тим од советници и судии работат на нив и се во почетна фаза, односно претходна постапка. Напоменуваме дека оформувањето на предмет не значи прифаќање на наводите од иницијативите. Кога ќе бидат изготвени рефератите ќе бидат предадени за одлучување на седница на Уставниот суд.

У.бр.103/2022  Оспорен: Член 78-г од Законот за градење- Подносител на иницијативата: Даниел ГеоргиевскиОд наводите во иницијативата: Подносителот во иницијативата наведува дека со оспорената одредба се нарушува владеењето на правото и принципот на еднаквост пред законите бидејќи се даваат ексклузивни права и повластици на оние субјекти што ги прекршуваат законите. Конкретно се наведува дека оспорениот член е противуставен бидејќи се даваат права на оние субјекти коишто незаконски изградиле објекти само за типот на индустриски градби со класа на намена Г2(лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија).

   

У.бр.104/2022 Оспорен: Член 1 од Анекс за изменување на Колективен договор за здравствена дејност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/19) и член 4 од Анекс за изменување на Колективен договор за здравствена дејност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20).Подносител на иницијативата:  Насер Муареми и други.Од наводите во иницијативата: Подносителот наведува дека оспорените одредби ги ставаат во нерамноправна положба организациските директори споредено со медицинските директори, иако според него Законот за здравствена заштита не прави разлика во поглед на нивните обврски и одговорности.

У.бр.105/2022-Оспорен: Член 21 став 2 од Законот за даноците на имот.Подносител на иницијативата:Содржина на оспорената одредба: „При замена на недвижности даночната основа е разликата на пазарните вредности на недвижностите кои се заменуваат”Од наводите во иницијативата:Подносителот смета дека оспорената одредба овозможува привилигирано одданочување на размена на една недвижност за друга недвижност и во тој случај данокот на промет се плаќа само на разликата меѓу вредноста на недвижностите, односно со данок на промет на недвижност се задолжува учесникот во размената кој внел недвижност со поголема вредност. Во иницијативата се наведува дека оспорената одредба не е во согласност со Уставот и владеењето на правото кое произлегува од него како темелна вредност.

У.бр.106/2022-Оспорен: Делот „на овој член“ од алинеја 4 на ставот 1 од членот 101 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019).Подносител на иницијативата: Игорчо Точев. Од наводите во иницијативата:Подносителот наведува дека оспорената одредба може да доведе до заблуда при примена бидејќи не е во согласност со владеењето на правото предвидено во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

У.бр.107/2022- Оспорен: Член 54, 68, 69 став 1 алинеја 1, член 98 став 1, член 99 став 4, член 100, 101 од Колективен договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.220/22).Подносител на иницијативата: Кирил Михајлоски, адвокат.Од наводите во иницијативата:Подносителот смета дека оспорената одредба е спротивна на Уставот кој обезбедува еднаквост на сите граѓани во слободите и правата, како и дека не е во согласност со Законот за работните односи. Се наведува дека оспорената одредба ги става во понеповолна положба граѓаните кои не се членови на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура- СОНК, бидејќи оние работници кои не се членови на СОНК според подносителот не може да остваруваат права на отсуство од работа со надоместок на плата, право на регрес на годишен одмор, право на јубилејна награда, право на надоместок за вонредно ангажирање и придонес во предучилишното воспитание и образование итн.

У.бр.108/2022-Оспорен: Член 271 став 1, член 272, 275, 276 од Колективниот договор.Подносител: Синдикат на полиција на Македонија.Од наводите во иницијативата:Во иницијативата се наведува дека оспорените одредби се неуставни и спротивни на Законот за работни односи бидејќи Синдикатот на полицијата во Македонија се доведува во нееднаква положба и не може рамноправно да ги застапува правата на неговите членови за разлика од другиот синдикат. Подносителот упатува на дискриминација и нееднаквост и на членовите на Синдикатот на полиција на Македонија.

У.бр.109/2022-Оспорен: Делот: „став 4“ од член 152 став 1 точка 2 од Законот за градење.Подносител: Игорчо Точев Од наводите во иницијативата:Подносителот смета дека оспорената одредба е противуставна бидејќи ги доведува во заблуда оние кои би ја применувале нормата, односно оспорениот став го тангира странското правно лице и неговите обрски, како и прекршочна одговорност за правното лице кое вработува странско физичко лице како проектант без потврдено овластување од комората. Оспорената одредба според него не е согласно Уставот и владеењето на правото бидејќи потврденото овластување од комората кое се бара како странското физичко лице би било вработено како проектант во правно лице , не е предмет на уредување на членот 42 став 1,2, 3 и 4 од истиот закон.

У.бр.110/2022, У.бр.111/2022 и У.бр.112/2022-Оспорен: Одлука за превземање на мерки на услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.232/22).Подносител:ЗЕЛС, Марко Колев градоначалник на Велес, Ацо Ристов градоначалник на Радовиш. Од наводите во иницијативите: Подносителите наведуваат дека Владата излегла од своите надлежности и ингеренции бидејќи ја донела оспорената Уредба со која се забранува основање на јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење на дејност од јавен интерес- јавно осветлување. Ја оценуваат како спротивна на Уставот, Законот за јавни претпријатија, Законот за трговски друштва, Законот за комунални дејности и Законот за енергетика. Се наведува дека Владата наместо со Уредба требало да направи интервенција преку закон кој ќе биде донесен од Собранието.

У.бр.113/2022-Оспорен: Член 4 и член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Репубчика Македонија“ бр.97/10).Подносител: Бојан Стојевски, адвокат.Содржина на оспорената одредба: (член 4): „Основицата утврдена согласно со членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката во износ од 23.153 денари се применува заклучно со исплатата на платите за декември 2011 година а од јануари 2012 година се применува основицата во износ од 25.726 денари”.

-(член 1): „Платите на избраните и именуваните лица во Републиката во 2014 година може да се зголемат за 4% започнувајќи со исплатата на платите за октомври 2014 година”.Од наводите во иницијативата:Подносителот на иницијативата наведува дека оспорените одредби се во спротивност со владеењето на правото и обезбедувањето на правната сигурност затоа што според него платите на именуваните и избраните лица се замрзнати на некој начин со основица од 25.726 денари, зголемена за 4% во 2014 година. Се наведува дека оспорените членови се во спротивност со Законот за плати и други надоместоци на избрани и именувани лица во кој е предвидено дека основица за пресметување на платата е просечната месечна плата по вработен во Републиката за претходната година. Вo иницијативата се наведува дека се создаваат услови за различно толкување на оспорените одредби и дека на оваа категорија избрани и именувани лица им се повредува правото на соодветна заработувачка којашто произлегува од нивниот статус.

У.бр.114/2022-Оспорен: Делот „и 2“ од член 22 став 1 и член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија.Подносител: Игорчо Точев. Од наводите во иницијативата:Подносителот на иницијативата наведува дека оспорената одредба упатува на примена на членот 13 став 2 од Законот за трговија кој сметано од 05.02.2019 годиан не е повеќе во правниот промет.  Во иницијативата се наведува дека владеењето на правото подразбира дека во правниот поредок треба да постојат јасни  и прецизни норми и кога една упатува на примена на друга норма,  истата треба да е во правна сила.

У.бр.115/2022-Оспорен: Делот „став 4 на“ од член 113 став 4 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/15).Подносител на иницијативата: Игорчо Точев. Од наводите во иницијативата:Подносителот наведува дека содржината на оспорената одредба упатува на примена којашто не е содржана во одредбата и на тој начин не постои правно-функционална целина. Според иницијативата оспорениот дел содржински не утврдува начини на заверка на управните акти како истите би биле конечни и извршни и на тој начин не е во согласност со владеењето на правото како темелна вредност.

У.бр.116/2022-Оспорен: Уредбата за изменување и дополнување На Уредбата за униформата и оанаките на униформата на полицијата бр.41-2346/1 од 15.03.2022г. („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.67/22)Подносител на иницијативата: Политичка партија „Левица”Од наводите во иницијативата:Подносителот на иницијативата наведува дека со оспорената Уредба се врши директна закана врз унитарниот карактер, суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на државата. Се наведува дека ниту Законот за внатрешни работи, ниту Законот за полиција предвидуваат можност за отстапување од принципот на единственост на униформата на полицијата. Во иницијативата е наведено дека со оспорената уредба се нарушува системот на нормативна хиерархија и се овозможува заобиколување на уставните и законските одредби. Подносителот на иницијативата тврди дека согласно меѓународно-правната анализа која е приложена со иницијативата, двојазични униформи во унитарни држави не постојат.

У.бр.117/2022-Оспорен акт: Општата спогодба за царина и трговија (ГАТТ) од Член 22 став 3 точка/алинеја 2 од Законот за надворешно трговско работење („Службен весник на Република Македонија“ бр.45/02 и 31/03).Подносител на иницијативата: Игорчо Точев.Oд наводите во иницијативата: Според наведеното во иницијативата Општата спогодба за царина и трговија не е повеќе дел од меѓународните договори кои се во прамет промет и опстојувањето на нормите на таков договор во внатрешниот правен поредок е беспредметно.

   

Најново

СДСМ за Димитриевски: Човекот кој ја градеше кариерата како силен борец против ДУИ, сега ведне глава пред ВЛЕН

Sase Ivanovski

ТРАМП ОТКРИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВРЗ ТЕХЕРАН „Не беа спремни да го преместат ураниумот, истураа бетон за да го затворат влезот“

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Како е можно сите проекти на СДС во нивното владеење да се завршени 90%, а ни еден 100%?

Sase Ivanovski

Меџити: ДУИ не знае да биде опозиција

Sase Ivanovski

МНР го потврди загинувањето на 9-годишната Адна во Италија: Конзулатот е во комуникација со семејството

Sase Ivanovski

Рекорден мај со ВЛТ добивки: Видеолотарија Касинос Австрија на играчите им исплати над еден милион евра

Sase Ivanovski

АКТЕРОТ МЕЛ ГИБСОН ЈА ПОСЕТИ СВЕТА ГОРА, ФОТКИТЕ СЕ ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маалски муабети на Герасимовси со жителите на Градски ѕид: Ново зеленило и урбана опрема, помош за реконструкција на фасадите и лифтовите

Sase Ivanovski

ЛЕКОТ PAXITACEL Е НАРАЧАН, ЗА НЕГО ИМА ЗАМЕНА Сите пациенти ја добиваат потребната терапија, велат од Онкологија

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Денес остварив средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, @MartaKosEU, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА: Денеска, на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот, ја споделив нашата визија за посветена, правична и одржлива иднина

Sase Ivanovski

РУЧАТЕ ВО ОХРИД, А ПЛАЌАТЕ КАКО ВО МОНТЕ КАРЛО Туристите се жалат на високите цени, угостителите креваат раменици

Sase Ivanovski

НАЈЏЕЛ ФАРАЖ И ЕДИ РАМА СЕ СКАРАА ЗА АЛБАНСКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ, ПА СЕ ОПКЛАДИЈА Кој изгуби и што треба да направи губитникот?

Sase Ivanovski

ИРАН СЕРИОЗНО ПОДДРЖУВА СВЕТ БЕЗ ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ Министерот Аракчи потсети на иранскиот напад со хемиско оружје врз Сардашт

Sase Ivanovski

„МОЈ ТЕРМИН“ СО НОВИ ПРАВИЛА Ќе се знае точно кој каде треба да оди

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ 50 ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ГАЗА ПО ЗАКАНАТА ЗА ПРИНУДНА ЕВАКУАЦИЈА Растат стравувањата од посилен удар

Sase Ivanovski

ИРАН МУ ЗАБРАНИ ПРИСТАП НА ДИРЕКТОРОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА НУКЛЕАРНА АГЕНЦИЈА Не дозволува ниту надзорни камери

Sase Ivanovski

„ИЗРАЕЛ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ЗА ДА СЕ РАЗОРУЖА ХЕЗБОЛАХ“ Бејрут има неколку барања за Тел Авив

Sase Ivanovski

„НЕ СУМ ОБАМА, ПА ДА МУ НУДАМ НЕШТО НА ИРАН“ Трамп вели дека не разговара со Техеран по американските напади

Sase Ivanovski

Јанчев од Левица: Кожуф е наш дом, нема да дозволиме уништување за хидроцентрали

Sase Ivanovski

ААВМУ ГИ ОСУДИ ЗАКАНИТЕ НА КОСТАДИНОВ КОН ЛАТАС „Политичарите треба да дадат пример за достоинствена комуникација“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 50.000 ЛИЦА ЕВАКУИРАНИ ВО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА Горат Измир, Маниса, западот и југоистокот на земјата

Sase Ivanovski

ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЛОКИРАНИ АКО БУГАРИЈА НЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД БИЛАТЕРАЛИЗАЦИЈАТА Процесот на евроинтеграции е жив, а бугарското вето е пречка само за отварање на преговорите според рамката

Sase Ivanovski

РАБОТНИК СЕ ПОВРЕДИЛ СО ВИЉУШКАР НА ПАРКИНГ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР Завршил во болница со тешки повреди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историски најслаб извештај од ЕУ, заложбите на ВМРО-ДПМНЕ се само декларативни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Електронскиот попис не може да обезбеди точни податоци за место на живеење и да потврди националност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ЗА МАЛКУ ЌЕ ГИ ПРЕГАЗЕШЕ ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: Покрај Владата на Унгарија и унгарската централна банка е наш голем пријател и поддржувач

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Новите 20 предмети подготвени и испорачани до обвинителство

Sase Ivanovski

(Видео) Најмалку 30 лица уапсени при обид за учество на Парадата на гордоста во Истанбул

Sase Ivanovski

Левица: Најпрофитните компании исплаќаат срамно ниски плати или немаат ниту еден вработен

Sase Ivanovski

Од утре забрана за движење во шумите – казни до 2.000 евра

Sase Ivanovski

19-годишна девојка пијана предизвикала сообраќајка во Радовиш и побегнала од местото

Sase Ivanovski

Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк, го нарече чист комунист

Sase Ivanovski

Еврејски доселеници нападнаа израелски војници на Западниот брег

Sase Ivanovski

Најмалку 46 лица го загубија животот во поплавите во Пакистан

Sase Ivanovski

(Видео) Гори глисер во каналот Студенчишта во Охрид, околу него паркирани десетина други

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Пуштен е во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра

Sase Ivanovski

Петрушевски: СДС и Филипче, преку Костадинов се закануваат на новинари, сакаат да ги исплашат и да внесат несигурност

Sase Ivanovski

Процесот на европската интеграција на Македонија не е само бугарското вето, вели Муртезани

Sase Ivanovski

Затвореник од „Идризово“ украл 550 таблети и телефони за време на викенд отсуство

Sase Ivanovski

Ново намалување на цените на горивата од полноќ

Sase Ivanovski

СДСМ: МВР во функција на партиски бизниси: милионскиот тендер доби советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци со позитивни реакции за реновирањето на култната сала „Работнички“

Sase Ivanovski

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов, институциите да реагираат

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДЕБЛОКАДА НА  ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Коленичењето е одлика на СДС, за да не им падне владата коленичеа пред ДУИ и молчеа за криминалот на Груби

Sase Ivanovski

„Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија“, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

НАША ГОГА НА МАСА СО КРАЛОТ НА ШПАНИЈА И ШЕФОТ НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ: Со особена чест присуствував на приемот што го приредија Н. В. Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција во величествениот амбиент на кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО

Sase Ivanovski

ИРАНСКИ ВРХОВЕН ШИИТСКИ СВЕШТЕНИК ИЗДАДЕ „ФАТВА“ ПРОТИВ ТРАМП И НЕТАНЈАХУ Експерти ова го толкуват како повик на тероризам

Sase Ivanovski

УКРИНА ИЗГУБИ УШТЕ ЕДЕН Ф-16 ЗАГИНА УКРАИНСКИ ПИЛОТ ОТКАКО СОБОРИЛ 7 ДРОНОВИ Русија нападнала над 500 воздушни цели во најмасовниот удар досега

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА, ТРАМП БАРА КРАЈ НА ВОЈНАТА Палестинците и ОН предупредуваат дека никаде во енклавата не е безбедно

Sase Ivanovski

Лазов: ДСЗИ е посветен на обезбедување на безбедни услови за сите граѓани

Sase Ivanovski

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска направија хаос во образованието

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со оро и порака „Ќе ве блокираме додека не ги тргнете машините“ се протестираше за спас на Дошница

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Помина мандатот на Сашко Митовски, а освен скандали и празни ветувања, граѓаните не видоа ништо, време е за промени во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Масовна Парада на гордоста во Будимпешта, не успеа обидот на Орбан да ја забрани

Sase Ivanovski

Жена од Јапонија паднала од височина кај Канео

Sase Ivanovski

Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Sase Ivanovski

Судијата не знае да чита пресуди од Стразбур, преместете го да не ја брука државата: Апасиев за спорот меѓу Мицкоски и Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈСТРАШНИОТ ЛИФТ ВО СВЕТОТ: Без врати, никогаш не застанува?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛИЈА ДИМОВСКИ СО НОВА ТЕОРИЈА ЗОШТО БУГАРИЈА СЕ ЛУТИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Sase Ivanovski

БОРИС ТАДИЌ: НИКОГАШ НЕМАЛО ПОГОЛЕМА КУКАВИЦА НА ВЛАСТ ВО СРБИЈА!

Sase Ivanovski

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на дронови

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

КОСТА КОСТАДИНОВ МНОГУ МУ СЕ НАЛУТИ НА ЛАТАС ШТО МУ ГО НАВРЕДИ ТАТКОТО КОЈ Е ПОЧИНАТ

Sase Ivanovski

Сончево и ветровито со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

Не е важно колку заработувате: Оваа финансиска навика е клучот до среќата и внатрешниот мир

Sase Ivanovski

Ешерихија коли „демне“ во базените: Ова мора да го знаете доколку планирате да пливате

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Sase Ivanovski

На денешен ден – 30 јуни: Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно

Sase Ivanovski

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО ЧЕКАЊЕТО ПО 10 СААТИ Е НАДВОР ОД УМОТ!“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!

Sase Ivanovski

(Видео) Коли без таблички пред влезот на кочанската полиција за „одбрана“ од мајките што протестираат?!

Sase Ivanovski

Трагедија во Италија: Се удави 10-годишно девојче со потекло од Македонијa

Sase Ivanovski

Небезбедно Охридско пристаниште – капетаните предупредуваат на сериозни ризици за патниците и бродовите

Sase Ivanovski

ВЈТ Белград: Приведени осуммина подготовувале напади врз државни институции; Блокади на граѓани низ цел Белград

Sase Ivanovski

(Видео) Незаборавна вечер под ѕвездите: „Massive Attack“ приреди музички ритуал во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski
Вчитувам....