28.8 C
Скопје
02/05/2025 14:26
МАКТЕЛ

     

ОЈО Сопругата на Пеце Мирчески користела возила со шофер од фирма со која тој склучувал тендери

      

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – едно осомничено за продолжени кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 и Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1, додека другото е осомничено за продолжено Давање поткуп од член 358 став од Кривичниот законик. Сопругата на Пеце Мирчески користела возила со шофер од фирма со која тој склучувал тендери, тврди Обвинителството Првоосомничениот, во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики, примил друга корист за себе и за својата сопруга за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши. Тој не го пријавил постоењето на судир на интереси, односно потпишувал изјави за непостоење на судир на интерес и не се изземал во постапките за вкупно 5 јавни набавки на кои била избрана фирмата сопственост на второпријавениот, иако во текот на целиот тој период остварувал директна материјална корист за себе и за својата сопруга. Така тој за лични потреби и цели без надомест користел патничко моторно возило „фолксваген пасат“ сопственост на фирмата, а неговата сопруга дополнително користела услуги за превоз со возила и возачи.

Осомничениот и откако бил разрешен од функцијата директор на Службата за општи и заенички работи на Владата на Република Северна Македонија, од фирмата сопственост на второпријавениот продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило „фолксваген пасат“, како и уште едно возило марка „ауди Q8”, за што му е поведена скратена постапка и согласно ставот 3 на кривичното дело – примање поткуп. Второосомничениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, во повеќе наврати во период од три години, на службеното лице му давал друга корист за него и за друг за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши, односно да не се изземе од постапките и да ги потпише договорите за јавни набавки. Во периодот од 01.01.2022 до 13.06.2024 година, во повеќе наврати, со намера да прибави за себе или за друг противправна имотна корист, осомничениот директор присвоил и пари во значителен износ од 1.792.859 денари. Имено, тој потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство, во кои прикажувал невистинити податоци дека се работи за службени патувања и за службени потреби и цели и со тоа овозможил за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист и го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија за наведениот износ, со што е осомничен дека извршил проневера во службата.Исто така, за првиот осомничен, поведена е скратена постапка и за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година, во својство на директор и одговорен менаџер на Авио службата при Службата за општи и заеднички работи, тој несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа нанел штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 3.444.615 денари. Иако знаел дека пилотот вработен во Службата за општи и заедничи работи не ги исполнува условите за капетан – водач на воздухоплов, му овозможил на лицето да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата за тоа работно место.

   

Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред сè вработени во Службата за општи и заеднички работи кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен. За второосомничениот обвинителството предлага мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница или забрана за нејзино издавање, како и забрана да остварува каков било контакт со другиот обвинет во текот на постапката.

  

Најново

Беровчанец нападнал полицаец па бил приведен

Sase Ivanovski

Маж од Паланечко ја претепал сопругата

Sase Ivanovski

Вучиќ доби ново предупредување од ЕУ пред заминувањето за Москва

Sase Ivanovski

За 3,9 проценти намален бројот на работници во индустријата во првиот квартал

Sase Ivanovski

Бугарија за Коридорот 8: „Николовски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот?“

Sase Ivanovski

ЈАСНА ТОНОВСКА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Светската неизвесност носи ризици за македонската економија

Sase Ivanovski

ОКТА ОСТВАРИ СИЛНА ПРОФИТАБИЛНОСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Годината започна со предизвици на меѓународниот пазар

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

ТРАМП ВОВЕДЕ КАЗНЕНИ ЦАРИНИ ЗА „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ Еве колку ќе ги чини Американците производот примен по пошта

Sase Ivanovski

РУБИО ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА РУСКАТА ПАРАДА? Медиумите во Кремљ тврдат дека државниот секретар на САД ќе ја посети Москва, Вашингтон молчи

Sase Ivanovski

КОРОНАВИРУСОТ ПОТЕКНУВА ОД САД?! Кина објави „бела книга“ за пандемијата

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

САД ЌЕ РАБОТАТ ВО СЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА ДА СЕ ПОСТИГНЕ МИРОВЕН ДОГОВОР Дипломатијата треба да ги зближи позициите на Украина и на Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ДАМАСК Нетанјаху е одлучен да ги заштити сириските Друзи

Sase Ivanovski

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИСПУКАЛ КУРШУМ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Ќе добие кривична пријава за предизвикување општа опасност

Sase Ivanovski

СДСМ Е ГЛАДНА ЗА ВЛАСТ И ДОЛГО ЌЕ ОСТАНЕ ГЛАДНА Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од портпаролката Кузеска

Sase Ivanovski

Телото на украинската новинарка која почина во руски затвор Москва го врати со знаци на тортура и со исчезнати органи

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛИЈА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Мицкоски најавува период на развој

Sase Ivanovski

“Го сакав како син, сега ја сакам како ќерка” Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

Sase Ivanovski

Демографскиот проблем го влошува недостигот на работници во Грција

Sase Ivanovski

Европската Унија е подготвена да понуди договор вреден 50 милијарди долари за да ги избегне царините на Трамп

Sase Ivanovski

Започнува исплатата на субвенции за потрошена струја

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево и топло со можни поројни дождови

Sase Ivanovski

Топ Тема – Повторно избори без измени на Изборниот законик 30.04.2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден од бродовите на „Флотилата за слобода“ на Газа е во пламен и испратил СОС, по наводниот напад со беспилотно летало крај брегот на Малта

Sase Ivanovski

Утринава жена прегазена кај АМСМ

Sase Ivanovski

Злато под земја, геополитика на површината: Детално за договорот за минералите

Sase Ivanovski

Богојески им ги раскина договорите на тројца евалуатори, немале завршено обука за да оценуваат апликации

Sase Ivanovski

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, реагираат од СДСМ и ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Путин за првпат ги отвори вратите од својот стан во Кремљ, еве како изгледа неговиот дом

Sase Ivanovski

Колку се работи во Србија – повеќе отколку во секоја од земјите на ЕУ

Sase Ivanovski

Популистичката партија на Најџел Фараж освои уште едно место во британскиот парламент

Sase Ivanovski

(ВИДЕОАНКЕТА) Дали им верувате на новинарите?

Sase Ivanovski

Довербата во еврото расте: 25% од депозитите на бугарските домаќинства сега се во евра

Sase Ivanovski

Дали наскоро ќе се вработат 100.000 хрватски пензионери? Доаѓа клучна промена

Sase Ivanovski

Норвешкиот пензиски фонд, кој е најголем во светот остана без 40 милијарди долари!

Sase Ivanovski

Куќа и штала изгореа во Марчино поради неизгасната скара

Sase Ivanovski

Бугарските банки наплатиле 12 отсто повеќе од провизии во првиот квартал

Sase Ivanovski

Демографскиот проблем го влошува недостигот на работници во Грција

Sase Ivanovski

Судија во Тексас ги блокира депортациите според Законот за странци

Sase Ivanovski

Тетовската болница му бара 30 илјади евра на доктор за лекарска грешка со катетар, што не е докажано кој ја направил

Sase Ivanovski

Во кочанската болница на рехабилитација се триесетина повредени во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Трамп го преименуваше Денот на победата и најави и дополнителен празник за славење на победите на САД

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ватикан: Се инсталира оџакот на Сикстинската капела за престојниот избор на нов папа

Sase Ivanovski

Маж од Кумановско возел со 1,78 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Словенија е единствената земја-членка на ЕУ што го слави Денот на трудот два дена!

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ќе ја обнови водоводната мрежа на улица во Долно Лисиче

Sase Ivanovski

Се пиело и возело на Први мај: Казнети 132 возачи под дejcтво на алкoxoл

Sase Ivanovski

Во јуни ќе се знае кој ќе добие субвенции за струја

Sase Ivanovski

Македонија уназадува во слободата на медиуми, пад од шест места од лани

Sase Ivanovski

Трамп нареди укинување на финансирањето на државните медиуми

Sase Ivanovski

Избрани зетот и невестата за Галичка свадба

Sase Ivanovski

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Sase Ivanovski

САД и Украина потпишаа договор за минерали кој го зацврстува вложувањето во одбраната на Киев од Русија

Sase Ivanovski

Шведски новинар е осуден во Турција поради навреда кон Ердоган

Sase Ivanovski

Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

ССНМ: Колективните договори се основа за подобрување на работничките права во медиумите

Sase Ivanovski

Шест месеци од трагедијата на железничката во Нови Сад

Sase Ivanovski

Финансиските злоупотреби при изградбата на Тетовскиот театар: Предметот стигна до Врховен суд

Sase Ivanovski

Студентите плаќаат, но не ги избираат своите претставници во Студентското собрание на Универзитетот во Тетово

Sase Ivanovski

Треба ли власта да му се лути на Бујар Османи?

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Денес ги славиме оние кои работат вредно, посветено и пожртвувано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Скопје беше прославен Меѓународниот ден на џезот, дел од светско движење на УНЕСКО

Sase Ivanovski

Солидарност со семејствата на загинатите од Кочани преку фотоактивизам

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Sase Ivanovski

Митева: Владина делегација учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во делчевско, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Демократски Сојуз: Одржани првите политички консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Азербејџан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерна глума на ССМ дека ги бранат работниците, додека прават договори со СДС

Sase Ivanovski

ВЛАДА: СДСМ ја лаже јавноста, сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Левица да каже како од левичарска партија се стекна со имот вреден 1 милион евра за 400 000 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се гладни не за правда, туку за враќање на криминалниот луксуз

Sase Ivanovski

Бачев го честита 1 Мај: Тажно е со работниците, 30 години бандитите од власта стануваат најголеми капиталисти а работниците остануваат на улица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Дебар, пронајдени пиштол и муниција

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Работничките права се човекови права – борбата продолжува!

Sase Ivanovski
Вчитувам....