Сепак, во емисијата „Мој топ 11“ се присети на својот тежок почеток во Италија и на хрватската легенда која таму му помогна.
Во сезоната 2003/04, 20-годишниот Пандев дојде во Анкона, каде ѕвезда беше десет години постариот Милан Рапаиќ. Пандев го стави во идеалниот тим на кариерата, а објасни и зошто:„Милан Рапаиќ бидејќи додека бев во Анкона многу ми помогна во кариерата. Имав финансиски проблеми бидејќи клубот не ни ги исплаќаше платите и тој ме зеде да живеам со него. Тој е феноменален човек и пријател.
Бев дете кое не добиваше плата и немаше пари, па не можев да си ја платам киријата. Потоа ме покани да живеам со него и бев таму половина година. Тој исто така разиграно ме турна. Наш тренер беше Џовани Галоне, кој го тренираше Рапаиќ во Перуџа, а Мики му рече:
„Господине, гледате како му оди на малиот на тренинг, нека игра“. И дојде првиот натпревар против Болоња. Пред неа Мики ми приоѓа и ми вели: Дете, денес играш од прва, не ме разочарувај! Дадов гол за Џанлука Паглиука и, добро, не го разочарав“.