31.8 C
Скопје
07/06/2025 11:14
МАКТЕЛ

   

„Парите на сметка одбиени, а ние должни“ – вработените во Здравствен дом Скопје ги боли глава од тендерот за нов софтвер

      

Нов распишан тендер за софтвер во Здравствен дом-Скопје е причината поради која вработените во оваа јавно-здравствена установа со која директорува Самир Исени, се во голем хаос и проблеми. Возач на итната помош за „Слободен печат“ вели дека 38 години не му се случило ова што му се случува сега – административните забрани му се одбиваат од платата, а не се уплаќаат таму за каде што се наменети, во банка!

-Бидејќи имам хипотекарен кредит, вообичаено ми се задржува дел од платата и автоматски се уплаќа во банката како рата. Но, откако директорот го отстрани стариот систем, мене парите ми се задржуваат, ама не се уплаќаат во банка. Отидов кај директорот во канцеларија да го прашам каде се парите, ми одговори дека ми ги прикачуваат на друго место, ми ги чувале. Го прашав дали на дрво ми ги прикачуваат парите и да ми ги дадат, за да си ги однесам во банка да си ги уплатам самиот, бидејќи очигледно е дека самата установа не го прави тоа преку сметководството како што беше случај пред тендерот. Молчеше. И вчера самиот отидов во банка да уплатам рата, зашто ми се јавуваа дека доцнам и дека мартовската рата од кредитот Здравствен дом Скопје ми ја уплатил на крајот на мај. Не можам да ги чекам нив и да се доведувам во ризик од извршители, а каматите очекувам да ми ги плати Здравствен дом Скопје, изјави за „Слободен печат“ возач на итната медицинска помош со 38-годишен стаж чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата. Тој додаде дека за оваа ситуација запознаен бил премиерот Христијан Мицкоски и финансисиската полиција.

   

„Парите на сметка одбиени, а ние должни“

Друга вработена чиј идентитет исто така ѝ е познат на редакцијата, ни рече дека Фондот за здравство го има исплатено покачувањето за март кон вработените од Здравствен дом, ама тоа не легнало на сметките на вработените, туку е во некој „облак“ и порамнување не е направено. За вработените во Здравствен дом Скопје да го добијат покачувањето од март месец, установата треба да испрати барање за порамнување.

-Откако почна ова со софтверот, немаме додатоци на плата. Платите претходно беа уплаќани на 10-ти секој месец, а последните три месеци се доцни. Сумите за административните и синдикалните забрани не се уплатени на местата каде што ги должиме, а на сметка не ни се прикажуваат, што значи дека ни се земени и стојат во некој „облак“. Не ни ги даваат ни парите да одиме сами да си ги уплатиме. Парите на сметка одбиени, а ние должни. Покачувањето од ФЗОМ е префрлено, но за март месец ние не го гледаме, корекција ќе се направела месецов и така ни кажуваат секој месец – рече таа. Претседателот на независниот синдикат на здравствени работници Боби Бојчевски за „Слободен печат“ изјави дека поради тоа што директорот на Здравствен дом Скопје решил да го заменува софтверот во установата – тоа довело до административен башибозук на кој жртви се сите.

-Поради заменувањето на софтверот, не е исплатено мартовското покачување на платата како што беше предвидено. Имаме членови на синдикатот кои имаат хипотекарни кредити за станови, но веќе 2 месеци не се пуштени пари кон банките иако тие им се одбиени од платите. Нашите членови што со синдикални потврди зеле производи од продавници со кои Синдикатот има склучено договор – мебел, бела техника – исто така два месеци не им се одвоени ратите и не се исплатени кон продавниците. Наместо да се работи на стариот софтвер кој е тука во Здравствен дом со години и вработените знаат да го работат, а потоа кога ќе пристигне новиот да бидат обучени сметководителите, се случува обратното: прво го вадат целосно стариот софтвер, а новиот не знаеме каде е. Ова доведе до хаос во платниот промет на Здравствен дом Скопје, ни рече Бојчевски.

Бекап прво „има“ па „нема“

На страницата на Бирото за јавни набавки може да се види објавениот оглас кој тече до 12 јуни за „услуги за одржување и поправка на софтвер“. Од прикачените документи се гледа дека тендерот неколку пати бил пролонгиран со роковите односно се продолжило времето за доставување понуди, од непознати причини. Во тендерската документација во која имавме увид, оставен е простор цената на софтверот да се плати поскапо, ако се јави само еден понудувач што ќе понуди повисока цена од таа што е утврдена во одлуката за јавната набавка на софтверот. Од денот на потпишувањето на договорот, истиот мора да се испорача во рок од 60 дена според објавената тендерска документација. Во меѓувреме, стариот софтвер е изваден од употреба а директорот на Здравствен дом Скопје Самир Исени вели дека немале бекап на податоците и потребно било време тој бекап да се обезбеди. Инаку „Слободен печат“ пред 2 месеци кога првпат почнаа проблемите со софтверот и кога на вработените им доцнеа платите, го праша директорот Исени дали имаат бекап на податоците од вработените и тогаш тој ни одговори:

„Информацијата која сте ја добиле не е точна, значи имаме бекап и ако сакате може да дојдете и да се уверите на лице место“. Но, два месеци подоцна, кога му го поставивме прашањето во што е проблемот со софтверот поради кој има административни неисплаќања на кредити на вработените и не било исплатено мартовското покачување на плата за 1.300 луѓе, тој ни рече:

-Боби Бојчевски не е директор и тој знае многу добро дека проблемот е во тоа што бекапот го немаме. И сега дури да го вратиме требаше време. А во меѓувреме процедурата за нова фирма е во тек и би требало да се заврши до крајот на овој месец. Кредитите на сите се исплатени, освен на 4-5 души коишто имале грешки при внесувањето на податоците, но и за нив ќе се реши деновиве, изјави директорот на Здравствен дом Скопје Исени.

   

Најново

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Sase Ivanovski

Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година

Sase Ivanovski

ФОТО | Русија: Експлозија на железничка пруга во Воронеж, напад и во Брјанск

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Немаме билатерален проблем со Македонија, сменете го уставот и имате преговори со ЕУ!

Sase Ivanovski

„Половина година подоцна, рацете уште ви се уште покрвави“ – студентски протести во Ниш

Sase Ivanovski

Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација

Sase Ivanovski

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот

Sase Ivanovski

Од британските пари ќе се изгради болница во Кичево, откако старата не можеше да се догради 40 години

Sase Ivanovski

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа…“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: За разлика од Ставрески, јас се што мислев му кажував во лице на Груевски, затоа бев сменет

Sase Ivanovski

Петрушевски: Струјата со СДСМ поскапе, зашто фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

Sase Ivanovski

Унапредување на билатералната соработка и поддршка за европските интеграции, во фокусот на посетата на Муцунски во Париз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: ЈАС ПОМОГНАВ БЕЖОСКА ДА СТАНЕ ГУВЕРНЕР, НО ТАА ПОТФРЛИ ВО БОРБАТА СО ИНФЛАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ДА ГИ ЧУВАМ ВО КРИПТО ВАЛУТИ, ЕЛ САЛВАДОР СЕ КОЦКАШЕ СО ТАКОВ ПОТЕГ И ТОА ЗАВРШИ КАТАСТРОФАЛНО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Евентуална девалвација на денарот би предизвикала огромен ценовен шок, имаме доволно државни резерви да го браниме курсот ако затреба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Трамп со своите крипто валути тргува со влијание, се чудам како тоа му го дозволуваат, тој се правда дека тоа го правел и Бајден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Силна валута не секогаш е добра работа, го прави извозот скап, така пропадна холандски Филипс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски: Нема одговор од Софија за иницијативата за средба на самитот на НАТО

Sase Ivanovski

Внимавајте: Утре сончево и многу топло

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руте: Нова цел за членките на НАТО е 5% од БДП за одбрана

Sase Ivanovski

НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ ВО ВРСКА СО СМРТТА НА ТРИГОДИШНОТО ДЕТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Славески: Граѓаните можат да бидат сигурни, курсот на денарот останува стабилен

Sase Ivanovski

Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на разговор, одлагале отпад на дива депонија

Sase Ivanovski

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАНДОВ: Не сум сигурен дека Груевски ќе биде безбеден во затворот Идризово ако се врати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како Чоко Бошковски донесе реми за Македонија на гостувањето кај Белгија во 1994-година

Sase Ivanovski

Арсовска: Пред 21 година токму на Духовден е роден мојот син, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу

Sase Ivanovski

Кочанчанец возел со 2,25 промили алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕСТ ЗНАЦИ ДЕКА СИ ИМАТЕ РАБОТА СО ЛИЧНОСТ СО НИСКА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Sase Ivanovski

Интервју со Претседателот на македонското Собрание Африм Гаши: ВЛЕН ниту е „ранета“, ниту претрпе „земјотрес“

Sase Ivanovski
Вчитувам....