13.8 C
Скопје
14/04/2025 18:58
МАКТЕЛ

    

Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени азбестни честички во воздухот

      

Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени честички од азбест. Оние граѓани на Кочани кои што се наоѓале во близина на објектот, тимовите што ќе учествуваат во отстранувањето на остатоците од градбата, увидните тимови и луѓето што кобната ноќ на 16 март успеале да избегаат, мора да се прегледуваат редовно, апелираат лекарите со кои зборуваше „Слободен печат“. Самиот материјал не може да изгори ни да се стопи и претставува еден од најогноотпорните материјали. Проблемот настанува кога азбестот со кој бил изграден покривот и дел од конструкцијата во импровизираниот објект „Пулс“ се разградува, како што било случај со изгореното кабаре без лиценца. Тогаш влакната од кои е составен азбестот се пренесуваат во воздухот, но не може да се видат со голо око. Сите шест форми на азбест Светската здравствена организација ги оцени како канцерогени. Азбестните влакна од сронета, разградена азбестна површина може да останат во воздухот со денови, пред да паднат на земјата. Тие се толку мали и лесни, што со самото движење може да се разлетаат повторно. Станува збор за многу специфичен, сензитивен материјал.

– Кај нас во Австралија се прави скрининг на сите што некогаш биле во контакт со азбест за време на работен однос. Многу е опасен. Работниците не смееме да ги тераме да работат околу азбест што веќе се распаѓа, освен со специјални заштитни костуми – изјави за „Слободен печат“ менаџерка-инженер, која работи на градежни проекти во Австралија со години. Таа додаде дека доколку азбестот се заменува со друг материјал, сите што се во близина го дишат и затоа треба да се постави мониторинг за да се измери концентрацијата заради безбедноста на оние што го отстрануваат од теренот. По употребата, работничката облека се става во специјални вреќи и не смее да се допира без специјални ракавици. Откако азбестот ќе биде подобен за отстранување, треба да се отстрани со целосна заштитна опрема, со посебни ракавици, а треба да има просторија за деконтаминација. Така е во Австралија.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

   

Спасените од пожарот, треба да се прегледуваат редовно Доктор Бојан Трајковски за „Слободен печат“ вели дека не може да се каже колкаво е „загадувањето“ што азбестот од „Пулс“ го направил, но дека тие луѓе што биле внатре треба да се следат медицински долгорочно, затоа што ако се случат промени на полошо кај нив, тогаш тие би настанале по подолг временски период. -Азбестот е штетен за луѓето што се долгорочно изложени на него и тогаш доведува до мезотелиом, што е најтежок облик на рак на обвивката на белите дробови. Втората болест до која доведува е рак на белите дробови. Третата е азбестоза што претставува слепување на алвеолите во белите дробови и тешко дишење. Изложеноста била кратка, но не можеме да оцениме колкаво е загадувањето што азбестот го направил додека луѓето биле внатре – ни рече доктор Трајковски. Трајковски додава дека во 2005 година низ цела Европа е воведена забрана за азбестот во градежништвото и тогаш почнуваат да се формираат служби што го отстрануваат и го транспортираат од објектите. Нивните системи за заштита се т.н. хазмат системи. Докторот смета дека по пожарот не би можеле да се во опасност сите жители на Кочани, туку медицинско следење поради азбестот треба да има само за присутните во „Пулс“ во критичната ноќ.

Пожар во Кочани / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Професор доктор Мери Цветковска од Градежниот факултет при УКИМ од Катедрата за механика и материјали за „Слободен печат“ рече дека не се точни наводите во медиумите дека азбестот изгорел. -Тој е токсичен тогаш кога е разграден. Не е горлива покривка, туку спаѓа во материјалите што се негорливи, со висока класа „а-1“. Не испушта чад и топлина, но од топлината може да се скрши, а при кршењето влакната што ќе ги испушти кога се разградува се канцерогени. Има посебни, специјални тимови што треба да ги спуштат таблите, да ги транспортираат во посебни депонии. Додека е во цврста и здрава плоча, азбестот не е опасност, но кога ќе почне да се раздробува, тие ситни влакненца се опасни и затоа се транспортира на посебно уреден начин, со специјални камиони, со заштитна опрема – објасни професорката Цветковска за „Слободен печат“. Во земјава има правилник за минималните барања за безбедност и здравје на вработените од ризиците поврзани со изложување на азбест при работа. Станува збор за стар правилник, објавен во Службениот весник уште во 2009 година. Со правилникот се бара работодавачите да не ги изложуваат вработените на концентрација на азбест во воздухот поголема од 0,1 влакно на кубен сантиметар измерени во однос на осумчасовен пондериран временски просек. Експертите кои учествуваат во транспортот на азбестните остатоци во различни објекти, а со кои разговараше „Слободен печат“, апелираат државата сериозно да се постави при расчистувањето на теренот и да ангажира лица кои се обучени. -При транспортирањето, плочите од азбест се ставаат на палета со димензии 120 на 180. Градежни фирми ги демонтираат таблите, се редат 20 или 30 од нив, потоа задолжително врз нив се става заштитна фолија и се врзуваат за да не лета прашината и се носат до депонијата Дрисла, која трајно ги вкопува во сериозни ископи. Тоа е решението по закон – ни рече експертот. 

Пожар во Кочани/ Фото: „Слободен печат“, Слободан

Работата со азбест вклучува многу строги правила кои што во правилникот се наведени, а меѓу нив клучна е опремата за заштита. И Правилникот за работа со азбест го потенцира ова. Во Правилникот е наведено дека вработените и нивните претставници кај работодавачите треба да имаат пристап до резултатите од мерењата на концентрацијата на азбест во воздухот и да можат да добијат објаснувања за тие резултати. Ако резултатите ја надминуваат вредноста од 0,1 влакно на кубен сантиметар измерени во однос на осумчасовен пондериран временски просек, тогаш засегнатите вработени и нивните претставници кај работодавачот се консултираат за мерките што треба да ги преземат. Правилникот за работа со азбест упатува на здравствени проверки на луѓето што работат со него и водење поединечно здравствено досие за секој работник. Исто така, се води и евиденција на временската изложеност во просториите каде се  работи во близина на азбест што е распаднат, а заштитни мерки се многу строги.

  

Најново

Цената на златото паѓа од рекордно високото ниво, но останува над 3.200 долари за унца

Sase Ivanovski

Предлог измени на Закон за медиуми, двајца вработени во големите портали, еден вработен и еден хонорарец во малите

Sase Ivanovski

Тетовец нападнал две лица кои му укажувале лекарска помош во болница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Струшкиот градоначалник Мерко го прослави 68-от роденден

Sase Ivanovski

Мицкоски: Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави

Sase Ivanovski

Угина јагуарот од скопската Зоолошка градина по тешка борба со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи

Sase Ivanovski

Тимот на Трамп се обидува да прикаже самодоверба и смиреност по неговите царински потези кои ги вознемирија пазарите

Sase Ivanovski

По законските измени, во тек е нов повик за субвенциониран студентски оброк

Sase Ivanovski

Анализа: „Колку и од каде купуваат Македонците онлајн од странство, а од каде најмногу купуваат од домашните е-трговци?“

Sase Ivanovski

Академската година изминува, ваучерите за електронски уреди за студентите уште се најавуваат

Sase Ivanovski

Почина перуанскиот новелист и нобеловец Марио Варгас Љоса

Sase Ivanovski

„Здрава Котлина“ го тужи градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов

Sase Ivanovski

Светскиот ден на уметноста ќе се одбележи со настанот „Центарски улици 3“ утре на Улица Македонија

Sase Ivanovski

Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Уапсен 91-годишник кој пукал со оружје во Тетово

Sase Ivanovski

Ќе се избира нов судија за Судот во Стразбур, наследник на „баџанакот“ Јован Илиевски

Sase Ivanovski

Таравари: Утре ќе се донесе одлука, или продолжуваме со ВЛЕН или одиме сами на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сведоштво од „Пулс“: Лежев затрупан под тела, успеав да ја извадам раката за да ме извлечат

Sase Ivanovski

Експерти од Англија и наши доктори подготвуваат протокол за проценка на клиничката слика на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Советот на Кочани го избра Венко Крстевски за в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

СДСМ: Една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ добила тендер за изградба на пазарот во Неготино со петпати повисоки цени од реалните

Sase Ivanovski

ФАКТИ, СОМНЕЖИ И НЕВИСТИНИ

Sase Ivanovski

„Каде најмногу купуваат онлајн Македонците во странство, а од каде најмногу се купува од домашните е-трговци?“

Sase Ivanovski

Влада на РСМ: Продолжуваме со интензивна поддршка на земјоделскиот сектор-грантови од 10.000 евра за младите земјоделци

Sase Ivanovski

Премиерот Мицкоски на работна посета во Обединетите Арапски Емирати

Sase Ivanovski

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали

Sase Ivanovski

Најдобрите млади иноватори го освоија Машинскиот факултет со своите идеи

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Повисоки плати за сите вработени во образованието за 12 проценти, во еден мандат зголемување ќе има од 46% до 60 % со цел модерно и квалитетно образование

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го блокираше проектот за нов Клинички центар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вечерва во 360°: Ние сме опозиција на владата на ВМРО-ДПМНЕ, не на државата – интервју со потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова

Sase Ivanovski

Апостолоски: Се вложува во унапредување на содржините кои ги нуди СЦ Борис Трајковски, младите имаат квалитетен спортски центар

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ ЗАМИНАЛ ЗА ТУРЦИЈА ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕ ГО УБИЛА ТУРСКА ВОЈСКА, ТУКУ ВРХОВИСТИ Заминал на пат за да се одмори од состаноци

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ БРАНИ ЛИ СО ДЕМИР КАПИЈА, МЕСТЕНКИ И СО СЛАБИ ДОКАЗИ? Палевски ќе дава исказ пред Судот

Sase Ivanovski

ЌЕ НЀ ПОСИПАТ ДОЖД, ПУСТИНСКА ПРАШИНА И ПЕСОК Следува недела на многу променливо време

Sase Ivanovski

Објавена „Час по незадолжителна лектира“ од Мојсова-Чепишевска – прва книга за македонскиот роман во 21. век

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС сонува лоши сонови, наместо да ги прераскажуваат истите, нека се информираат за истрагата за случајот Кочани

Sase Ivanovski

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ АЕРОДРОМИТЕ ПОРАДИ ДОЛГ? Кризата може да го загрози меѓународниот авиосообраќај

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ КОИ НЕ ГИ ИСПОЛНИЛЕ ОБВРСКИТЕ КОН ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ЗА РЕДОВНО ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА 2024 ГОДИНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАЈГОЛЕМИОТ ПОДВОДЕН ТУНЕЛ ВО СВЕТОТ ЌЕ ИМА И КРУЖНИ ТЕКОВИ Норвежаните знаат како да ги исечат карпестите фјордови

Sase Ivanovski

Продолжува неизвесноста за рудниците во Струмичко: Ќе се отворат или ќе платиме стотици милиони долари отштета?!

Sase Ivanovski

Во српското Собрание пристигна предлогот за состав на новата Влада

Sase Ivanovski

Азески: Образованието почна да зборува со јазикот на бизнисот, одливот на мозоци мора да престане, а извозот да загосподари

Sase Ivanovski

ПРИСТИГНА ПРВИОТ AI-ТУТОР ОД МАКЕДОНИЈА Умниверзум ќе им помага на учениците со математичките потешкотии

Sase Ivanovski

На делницата Требеништа-Струга-Ќафасан не се работи ништо, а треба да се изгради до 2027 година

Sase Ivanovski

КОЈ Е МАНДАТАР НА НОВАТА СРПСКА ВЛАДА? Мацут досега имал само еден јавен настап

Sase Ivanovski

Мојсоска: Судскиот совет со блага казна за судијата кој му овозможил бегство на припадник на УЧК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАУЧНИЦИТЕ „ОЖИВЕАЈА“ ВОЛК ОД ЛЕДЕНОТО ДОБА Со новата научна метода еден ден може да бидат вратени и мамутите

Sase Ivanovski

ПОЈАДУВА АВОКАДО И ЏВАКА ЛИСТОВИ КОКА Има 125 години и секое утро го бара истото

Sase Ivanovski

ГО УДРИ МАРКЕС СО ТУПАНИЦА И САКАШЕ ДА СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕРУ Кој беше контроверзниот и брилијантен Марио Варгас Љоса?

Sase Ivanovski

МБАПЕ МУ СЕ ИЗВИНИ НА ИГРАЧОТ ОД АЛАВЕС За малку ќе му ја скршеше ногата на Бланко

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА СО ЦАРИНИТЕ НА САД МОЖЕ ДА БИДЕ ШАНСА ЗА МАКЕДОНИЈА Димитриеска Кочовска очекува директно да извезуваме во САД

Sase Ivanovski

Ралев: Од урбанистички и од хуман аспект во Скопје се живее со стрес

Sase Ivanovski

Амбасадорот осомничен по пожарот во „Пулс“ се врати во Македонија – се бараат мерки на претпазливост

Sase Ivanovski

Вкупно 57 од 193 пациенти се лекуваат во болниците низ Скопје и странство, двајца во критична состојба

Sase Ivanovski

Пронајден е починат планинарот кој исчезна кај Велес

Sase Ivanovski

Палевски: Не се чувствувам ниту како монструм, ниту како убиец

Sase Ivanovski

„Ако утре ме нема“ треба да биде химна на животот!

Sase Ivanovski

По завршување на натпревар нападнат 25-годишен фудбалер од општина Дебрца

Sase Ivanovski

Пукање среде ноќ од автомобил во Петровец

Sase Ivanovski

Левица поднесе интерпелација за министерот Тошковски

Sase Ivanovski

Околу 3.000 жени трчаа во Скопје: Оваа трка е симбол на женската моќ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)„Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“: Советничка на ВМРО-ДПМНЕ си поднесе оставка во Кочани

Sase Ivanovski

Маргарет Бурк-Вајт, фотограф за магазинот LIFE, се подготвува да фотографира еден од орлите на 61-от кат од зградата Крајслер во Њујорк во 1934 година

Sase Ivanovski

Моношината Alweg , дизајнирана од германската компанија Alweg во раните 1950-ти, означи клучна промена во повоената урбана мобилност

Sase Ivanovski

ЦУ: Директорот на Царина: годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани, за 5 месеци поднесени кривични пријави за повеќе од цел три годишен период

Sase Ivanovski

Градот Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата 808 во општина Гази Баба, која беше во катастрофална состојба поради повеќе децениското неодржување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЈДЕ БИГОРСКИ, СЕГА СТЕ ВИЕ НА РЕД: КАТОЛИЦИТЕ ВО МАЛАГА, ШПАНИЈА ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН ПРИЛИЧНО СПЕКТАКУЛАРНО

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен кавадарчанец, возел со 2,16 промили алкохол

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски со младите и пензионерите: Животните вештини се учат со срце и се паметат засекогаш

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи : Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Жените Ромки заслужуваат повеќе!

Sase Ivanovski

Општина Карпош: СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ ДОБИВААТ ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: За викендот 2324 сообраќајни прекршоци, дури 1132 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Предлог Законот за јавното обвинителство е објавен на ЕНЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и Заев се тендер тандем, нив не ги интересира народот, туку провизиите за висококатници во Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трипуновски: Преку Јавниот повик за Мерката 112 ги вклучуваме младите во секторот земјоделство

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука: Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода пет лица на територија на СВР Куманово, четворица возеле пребрзо во населено место, еден под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

Sase Ivanovski
Вчитувам....