13.8 C
Скопје
24/04/2025 07:40
МАКТЕЛ

     

Петте најпознати проруски дезинформации на новинарот Такер Карлсон

      

Хрушчов не бил Украинец и тоа не била причината за трансферот на Крим од Русија кон Украина во 1954 г., таа не им продава оружје на мексикански наркокартели и не произведува биолошко оружје, а Зеленски не е диктатор и не го забранува рускиот јазик. Тоа се дезинформации од (про)руски извори, кои низ американскиот медиумски простор ги шири новинарот Такер Карлсон, што како штетно влијание доаѓа и кај нас. Пишува: Вангел Башевски, Вистиномер, Новинарот Такер Карлсон е озлогласен по ширењето на дезинформации од (про)руски извори низ американскиот медиумски простор, што како штетно странско влијание доаѓа и кај нас (примери: тукатукатукатука и тука). Вистиномер издвојува пет негови најбитни дезинформации и да ги анализираме: Хрушчов не бил Украинец и тоа не била причината за трансферот на Крим Ќе почнеме со најновиот случај на ширење дезинформации од страна на Карлсон, а тоа беше неговото интервју од 21.3.2025 г. со американскиот дипломат Стив Виткоф, кој е вклучен во преговорите за војната во Украина и кој е исто така пристрасен кон Русија.

Виткоф се осврна на регионите, кои Русија ги анектираше во Украина: Кримскиот, Донечкиот, Луганскиот, Запорошкиот и Херсонскиот, неточно тврдејќи дека месното население се изјаснило за тоа на референдуми, но под окупација тие не можат да бидат легитимни и тие беа отфрлени со резолуции на ООН (види: тука и тука). Сепак, Карлсон го поддржа Виткоф додавајќи: Хрушчов, на некој начин, просто ги направи нив да бидат делови од Украина.

   

Не е точно дека советскиот лидер Никита Хрушчов ѝ ги одзел сите овие региони на Русија и ѝ ги предал на Украина, а Виткоф не само што не го коригираше Карлсон, туку се согласи со него. Во времето на Хрушчов, од руска под украинска власт бил префрлен само Крим, а Карлсон изнесе уште една неточност во врска со тој советски лидер: Мислам дека Хрушчов бил Украинец Зад ова, навидум, невино изразување на мислење, стои дезинформација која датира од 2014 г., а нејзината цел е да ги обвини Украинците за неправда нанесена кон Русија и да ја оправда нејзината илегална инвазија и анексија на Крим, која се случи во таа година. Меѓутоа, анексијата од 2014 г. не беше праведно враќање на Крим во составот на Русија, туку реокупација на Крим од нејзина страна. Русија го зазела Крим во 1783 г. од Кримските Татари, кои потоа ги гонела, сведувајќи ги на малцинство и заменувајќи ги со етнички Руси. Кримските Татари дури имале заеднички обид со Украинците да се ослободат од руската власт во 1918 г. Хрушчов не бил Украинец. Тој бил од Курската Област на Русија, а според него и неговите блиски, тој бил Русин. Неговото родно село е близу Украина, но тој го опишал како етнички руско, а тоа што тој работел во Украина и во даден период раководел со неа не го прави Украинец, иако на шега него го нарекувале така и нему му се допаѓал украинскиот фолклор. Раководителите на советските републики не морале да бидат припадници на титуларните нации на тие републики.

Официјалното објаснување за трансферот на Крим во 1954 г. била територијалната, стопанската и инфраструктурната врска со Украина, а некои сметаат дека тоа било потребно за развој на Крим, кој под руска власт бил запуштен, особено по Втората светска војна и прогонот на Кримските Татари. Други сметаат дека целта била и измена на демографијата на Украина со вклучување во неа на значителен број на етнички Руси, а тука влијаела и лажната увереност дека СССР нема никогаш да се распадне и дека Украина и Русија вечно ќе бидат заедно. Украина не им продава оружје на мексикански наркокартели Во својот поткаст од 10.2.2025 г. Карлсон изјави: Втор факт. Факт, а не нагаѓање, туку факт е дека украинските вооружени сили препродаваат огромен процент, до половина од оружјето кое им го испраќаме. Половина! И тоа не го нагаѓам, туку знам сигурно дека тоа е факт. Факт, во ред? Не шпекулација. И, тие тоа го продаваат и многу од тоа завршува кај наркокартелите на нашата граница. За ова Карлсон не нуди доказ, иако се расфрла со фрази од типот: „Тоа е факт“, кои сами по себе не докажуваат ништо. Со оваа тема се бавеле повеќе аналитичари: тукатука и тука, а тие обвинувања за Украина се темелат врз вест од мексикански медиум за наркокартелите и нивното вооружување, која била извитоперена од руските пропагандисти. Украина во веста се споменува, но не како извор за тоа оружје, туку само како земја во која се користи такво оружје.

Нема доказ дека Украина продава оружје на мексикански наркокартели, што заради оддалеченоста би било пресложено и неисплатливо, а и преризично, зашто тоа би можело да биде откриено, што би било штетно по угледот на Украина и нејзината кауза. И, Украина од САД главно добиваше тешко вооружување (ХИМАРСНАСАМСПатриотАбрамс и сл.), кое не би вршело работа за некакви наркокартели. Сепак, Карлсон го додава и следново: Нашите разузнавачки агенции се потполно свесни за ова. Зарем ќе ми тврдите дека тие не профитираат од ова, зарем мислите дека ЦИА не профитира од ова? Да, тие тоа го прават. Не можам да го докажам тоа, но верувам во тоа. Карлсон тука ги обвинува дури и самите американски разузнавачки служби за вмешаност во таа трговија со оружје, кое САД им го даваат на Украинците, што нема некоја логика. Притоа, Карлсон повторно не нуди никаков доказ и дури признава дека не го поседува. И, згора на сè, на власт во САД сега е Доналд Трамп, кој е миленик на Карлсон и кој е критичен кон Украина и пристрасен кон Русија, а и воинствено настроен против мексиканските наркокартели, па зошто Трамп не ја спречи таа трговија и не ја обелодени? Она за што има индиции е тоа дека во Украина има поединци и групи, кои во тој воен хаос крадат понешто оружје и се обидуваат да го продадат, но украинските власти главно се справуваат со тој проблем и тој не е дотолку голем за да дојде дури до прагот на САД. Тој проблем е „напумпан“ од страна на руските пропагандисти, за кои се смета дека дури и самите објавуваат такви огласи на т.н. дарквеб (криминален сегмент од интернетот, кај што се продава дрога, оружје и сл.), со цел за тоа да ги оцрнат Украинците, а нема логика тие да го продаваат оружјето кое им е потребно за нивната одбрана и опстанок.

Зеленски не е диктатор Во интервјуто со британскиот новинар Пирс Морган од 31.1.2025 г., Карлсон го осуди Володимир Зеленски како „диктатор“, тврдејќи дека тој не бил демократски избран. Но, Зеленски беше демократски избран за претседател на Украина во 2019 г., а тоа што тој остана на власт и по истекувањето на мандатот не е диктатура, туку се темели врз чл. 11, став 3 од Законот за воена состојба, согласно кој мандатот во таква состојба се продолжува, а согласно чл. 19, став 1, избори притоа не се одржуваат. Во полза на тезата дека Зеленски е „диктатор“, Карлсон вели и дека: Тој исто така забрани религиозни деноминации. Тој забрани јазична група, а сето тоа ми личи на карактеристика на диктатура. Тука Карлсон го премолчува фактот дека Украинската православна црква (УПЦ) до неодамна беше под јурисдикција на Московската патријаршија, која ја поддржува руската агресија, па во УПЦ има елементи на „петта колона“ и затоа украинските власти ѝ поставија законски рок таа да се реформира, затоа што, во спротивно, таа ќе биде забранета. И, спротивно на она што го сугерира Карлсон, Зеленски не го забранил рускиот јазик, а неговата слободна употреба е гарантирана со чл. 10 од уставот на Украина. Вистина е дека имаше контроверзи околу еден закон, кој премногу го привилегираше рускиот јазик во одредени региони на Украина, па многумина беа за негово укинување, околу што веќе сме пишувале, но тоа не значеше забрана на рускиот јазик. Во Украина беа спроведени и законски мерки за доминација на украинскиот јазик над рускиот, затоа што под јаремот на Руската империја украинскиот јазик бил угнетуван, а под СССР бил перфидно потиснуван во полза на рускиот, што продолжило дури и во самостојна Украина под водството на проруски политичари како Виктор Јанукович. Во интервјуто со Морган, Карлсон вели и дека Зеленски: Ги убива своите политички опоненти.

Нешто слично Карлсон изјави и во еден свој твит од 1.3.2025 г.: Украинците исто така убија одреден број на луѓе во разни земји во политички убиства и се обидоа да убијат и други, вклучително американски новинари и европски шеф на држава. Сето ова е вистина и сето тоа ќе излезе на површина во некој момент. Подобро е сега да почнеме да го обвинуваме Зеленски за тоа. Наместо тоа да го поткрепи со докази, Карлсон порачува дека „сето тоа е вистина“ и дека „тоа ќе излезе на површина во некој момент“, што е под секое ниво на аргументација. Тој ја обвинува Украина и за убиството на прорускиот пропагандист Џејми Вајт, но според сите индиции, тој бил убиен од криминалци крај неговиот дом во Остин, Тексас. Карлсон ја обвинува Украина и за смртта на прорускиот пропагандист Гонзало Лира, инаку државјанин на Чиле и САД. Тој бил приведен во Украина за оправдување на руската агресија, по што требало да лежи во домашен притвор, но тоа го прекршил со обид за илегален премин на границата со Унгарија. Лира бил фатен и завршил во реален притвор, кај што, наводно, заболел и починал, што е контроверзно, но нема цврст доказ дека бил убиен. Западните новинари не го игнорирале Путин Карлсон е првиот американски и општо западен новинар, кој го интервјуираше Владимир Путин по сеопфатната инвазија врз Украина, која драстично ги влоши односите меѓу Русија и Западот. Карлсон тврдеше дека западните новинари го игнорирале Путин и не му давале шанса да се искаже, што, наводно, за првпат му го овозможил Карлсон. Но, тоа го демантираше портпаролот на Путин, Димитри Песков, кој откри дека барања за интервјуа од западни новинари имало, но дека тие биле одбивани како „необјективни“, што го потврди и новинарката Кристијана Аманпур.Украина не произведува биолошко оружје Карлсон ја шири и теоријата на заговор дека Украина со помош од САД произведува биолошко оружје, но службеници на ООН негираат такво нешто. Лаборатории за такво оружје реално делувале во бившиот СССР, но по неговиот распад, САД им помагале на екссоветските републики да ги контролираат опасните вируси во нивните лаборатории. САД и Украина потпишале договор за тоа, но тој не е за производство на биолошко оружје. САД помагаат такви лаборатории и за научни цели и за борба против болести, а такви лаборатории има и во Русија и во нив беа развивани вакцини против ковид. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Променливо облачно и нестабилно

Sase Ivanovski

Силниот земјотрес го „разбуди“ Мраморното Море

Sase Ivanovski

Песков за „Ле Поинт“: Мир е можен доколку Киев се повлече од териториите под руска контрола

Sase Ivanovski

Украина тврди дека нападнала руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија

Sase Ivanovski

Карлос Сантана итно префрлен во болница

Sase Ivanovski

Бела куќа: Зеленски се движи во погрешна насока во однос на мировните преговори

Sase Ivanovski

Сообраќајна несреќа на „Рекорд“, дошле екипи на Итната помош

Sase Ivanovski

Додик по обидот за апсење: Законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат во Р. Српска

Sase Ivanovski

ММФ: Глобалниот јавен долг може да стане двојно поголем од вредноста на сите произведени стоки и услуги

Sase Ivanovski

Ивановиќ: Ако петтемина пратеници на Таравари ја напуштат власта, не би направиле потрес

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Моментот кога се обидоа да го апсат Додик во источно Сараево

Sase Ivanovski

Снопче: Кога Мицкоски ќе каже дека местото на Алијанса не е во Владата, ние веднаш ќе излеземе

Sase Ivanovski

На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот, директорот вели дека не доаѓале на работа

Sase Ivanovski

ЕУ не се откажува од партнерството со САД

Sase Ivanovski

Тензии во источно Сараево – тешко вооружени специјалци го чуваат Додик од апсење

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Проектираниот раст од 3,7 oтсто е реален

Sase Ivanovski

Норвешка туристка фрапирана од лошите услови во скопската Зоолошка градина

Sase Ivanovski

Ние ќе одлучиме кога ќе му ставиме крај на насилството, вели Вучиќ

Sase Ivanovski

Стотици македонски знамиња развиени во Тирана како дел од „Неделата на македонската култура“

Sase Ivanovski

Насилник од скопско ја нападнал сопругата со тврд предмет

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали се води хајка против градоначалникот на Карпош?

Sase Ivanovski

Филипините четири дена ќе жалат за смртта на папата Франциск

Sase Ivanovski

Над 6.200 вработени во МВР денеска добиле бонус-плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАМАВИЗИЈА EП07 – Камилоска: Сакаме трето дете, и јас и Павле сме од многудетни семејства

Sase Ivanovski

Германец ќе оди во затвор 32 месеци поради неонацистички текстови на рок-музика

Sase Ivanovski

Муцунски се сретна со Камп, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства

Sase Ivanovski

Од утре ќе биде затворена една лента од автопатот на влезот во Тетово

Sase Ivanovski

Трамп го нападна Зеленски за ставот околу Крим: „Заврши ја работата, ќе ја изгубиш цела држава“

Sase Ivanovski

Евролигата го урна рекордот по гледаност: Партизан на врвот, Црвена звезда на второто место

Sase Ivanovski

Киев Индепендент: Признавањето дека Крим е руски би било кршење на меѓународното право

Sase Ivanovski

Курти: Дадовме оставка, но нема да дозволиме институционален вакуум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Израелската војска нападна училиште во Газа, над 10 луѓе загинаа

Sase Ivanovski

Германија и Европа преплавени со кокаин

Sase Ivanovski

Почина затвореник од штипскиот затвор

Sase Ivanovski

Грк пријавил украден автомобил, го оставил 20 дена паркиран во Мичурин

Sase Ivanovski

Тони Михаловски: За пуста функција и преку трупови ќе газите, ја распнавте културата

Sase Ivanovski

Обвинителството отвори предмет за неправилен третман на пепелта од РЕК Битола

Sase Ivanovski

Загинаа 26 лица и 17 се повредени во напад врз туристи во индискиот дел на Кашмир

Sase Ivanovski

Секој граѓанин лани создал по 438 килограми комунален отпад

Sase Ivanovski

Девет загинати и десетици повредени во руски напад врз автобус во Украина

Sase Ivanovski

Трамп најави можен пресврт при изјава дека царините за Кина „ќе се намалат значително“

Sase Ivanovski

Царината спречи обид за шверц на парфеми од Дубаи

Sase Ivanovski

Скопјанец ќе одговара за демнење, три месеци ја следел неговата поранешна сопруга и психички ја вознемирувал

Sase Ivanovski

Во тек е акција на Јавното обвинителство и МВР за кривични дела сторени на штета на ФЗО

Sase Ivanovski

Илон Маск сигнализира значително повлекување од одделот за ефикасност по падот на профитот на Тесла

Sase Ivanovski

Телото на папата Франциск пренесено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Sase Ivanovski

Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија ќе се одржи во петок

Sase Ivanovski

Панел-дискусија по повод 30 годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во ЕУ

Sase Ivanovski

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Sase Ivanovski

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Sase Ivanovski

СРПСКАТА ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ВУЧИЌ Дали бил употребен звучен топ?

Sase Ivanovski

ЕВЕ ЗОШТО РУБИО ГО НЕМА ВО ЛОНДОН Го налутила изјавата на Зеленски за Крим

Sase Ivanovski

ОТКРИЕНА НОВА „МЕТАСТАЗА“ Повеќе од 50 лица преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии

Sase Ivanovski

ПАЛЧО ТВРДИ ДЕКА СО КВАЛИТЕТЕН ЌОТЕК СЕ ИЗНУДЕНИ ИСКАЗИ ПРОТИВ НЕГО „Нарачаната пресуда се темели на едно фалсификат видео и на два трагично смешни искази“, вели Палевски

Sase Ivanovski

ПОСЛЕДНАТА ПОНУДА ОД ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ Е ДОЛГА ЕДНА СТРАНИЧКА Кој ќе се откаже од територии во мировните преговори?

Sase Ivanovski

Палевски-Криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања оти имотот ќе прејде кај Александар

Sase Ivanovski

Фетаи: Алијанса за Албанците на Таравари останува во владиниот тим, работата во извршната власт продолжува нормално

Sase Ivanovski

Абас: Хамас мора да го предаде оружјето и да стане политичка партија

Sase Ivanovski

Од страв скокнале од височина – Над 150 луѓе повредени во земјотресот во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палевски тврди дека доказите на Обвинителството се фалсификат

Sase Ivanovski

Јакимовски: Мислев ќе ме ослободат па да се почастиме денес, хајката се води долго време, ме измачија

Sase Ivanovski

Трендафилов: Инспектори, обвинители, административци немаат сѐ уште земено плата, не е време за пиво и скара, туку за борба за работнички права

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страв од нов земјотрес во Истанбул, повредени над 150 луѓе кои бегале во паника

Sase Ivanovski

Меџити: Владините институции континуирано преземаат мерки против загадување на воздухот

Sase Ivanovski

 Македонски стартап тимови на српскиот „Универзум” – Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“

Sase Ivanovski

Јакимовски осуден на три ипол години затвор за бесправна изградба на објекти за општината

Sase Ivanovski

Манасиевски: СДС повикуваше да го смениме Уставот за да се гордееме, со објаснување дека нема да има нови блокади – ќе се извинат ли сега?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција, таа е инструмент за оздравување на нашата држава

Sase Ivanovski

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Преку реализација на капитални проекти, директни странски инвестиции и раст на економијата, на одржлив начин ќе продолжат да растат сите плати

Sase Ivanovski

Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

Sase Ivanovski

СДСМ: Трошоците растат а платите стагнираат – стандардот на граѓаните се влошува

Sase Ivanovski

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Sase Ivanovski

До кога ќе молчат Заев и Филипче за тоа дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи?

Sase Ivanovski

Министерката Димитриеска-Кочоска на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

Sase Ivanovski

Приведен велешанец за издржување затворска казна од осум години

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Радовиш, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Кривична пријава за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

Ленче Нелоска именувана за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....