Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево беше отпуштен од Клиничкиот болнички центар (КБЦ) Загреб, каде што се лекуваше од повремено нарушување на срцевиот ритам- пишува Политика. Пленковиќ ја напушти болницата нешто по 17 часот. Хрватската Влада соопшти дека премиерот во понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист. „Процедурата на која Пленковиќ беше подложен синоќа беше претходно планирана и помина без проблеми, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе се врати на редовните обврски и партиски активности“, соопшти хрватската Влада.
Според програмата, хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ во понеделник треба да ги посети реновираните згради во Загреб, кои беа оштетени во земјотресот пред пет години, и да присуствува на комеморацијата на претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ, како и на состанокот на жупанијата Вараждин на ХДЗ и на прославата на 35-годишнината од основањето на ХДЗ, известува дека Тањуг.