24.8 C
Скопје
11/06/2025 23:01
МАКТЕЛ

   

Повеќето угостителски објекти во Скопје немаат одобрение за летните тераси, општините ќе ги уриваат, но не кажуваат кога

      

Сите оние што си присвоија јавен простор повеќе од дозволеното, затворија премини и го попречуваат движењето на луѓето, сега со право стравуваат дека терасите во кои вложиле многу пари, ќе им бидат урнати. Вакво нешто веќе се случи во Струмица, а во Скопје градоначалниците сè уште ги толерираат и им даваат време на угостителите самите да си ги отстранат неправилностите.

Годинава за првпат угостителите што не се придржуваат до елаборатите што ги доставиле за одобрение за урбана опрема, не добиваат дозволи за поставување маси и столчиња пред објектите. Популарните летни тераси, кои во изминатите години по донесувањето на законот со кој се забрани пушење во затворен простор почнаа да функционираат цела година и притоа се доградија, проширија и застаклија за да можат да работат и преку зима, по ужасната трагедија во Кочани, подложат на строги контроли. Па, така, сите оние што си присвоија јавен простор повеќе од дозволеното, затворија премини и го попречуваат движењето на луѓето, сега со право стравуваат дека терасите во кои вложиле многу пари, ќе им бидат урнати. Вакво нешто веќе се случи во Струмица, а во Скопје, градоначалниците сè уште толерираат и им даваат време на угостителите самите да си ги отстранат неправилностите. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на последната седница на Советот извести дека Град Скопје не одобрува ниту една согласност за поставување урбана опрема, па според закон, штом нема согласност, таа треба да се отстрани. Но, како што посочи, во Карпош има тераси во кои луѓето вложиле и повеќе од 30 илјади евра, а како што е сега ситуацијата ќе треба да се уриваат во цела Лептокарија, Порта Влае, кај Млечен ресторан, односно секаде каде што нема одобрение, како што рече, треба „да се земе багерот и да се чисти“.

Искрен да бидам, има некои тераси што се пристојни и во рамките на дозволено, но има некои што се надвор од сите норми и етички кодекси, поставени во тревници и на премини што го попречуваат движењето на луѓето. Има и такви на кои со елаборат им се одобрени 30 квадрати, а тој си направил 130 квадрати летна тераса – рече Јакимовски.

   

Советниците донесоа заклучок, еден вид компромисно решение, Општината во наредниот период да постапува во три фази – во првата ќе бидат отстранувани објекти кои имаат урбана опрема на премини и кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Во втората фаза, ќе бидат отстранувани тие што зафатиле поголем простор од дозволениот, а во третата тие што се придржувале до добиената дозвола, но сепак не им била продолжена.

Од Град Скопје тврдат дека не е точно дека ниеден угостителски објект нема одобрение, туку дека сите оние чии елаборати, кои ги доставиле до Град Скопје, соодветствуваат со состојбата на терен и исполнуваат услови според закон, имаат добиено согласност за поставување урбана опрема.

Од ова е исклучок општината Центар што ги има преземено лично ингеренциите за издавање согласност за поставување урбана опрема и за тоа постапуваат нивните инспекциски служби. Град Скопје нема ингеренции за уривање бидејќи по Закон е единствена единица на локална самоуправа што нема градежна инспекција, а за утврдување дали одреден угостителски објект има изградено објект или поставил само урбана опрема, во согласност со закон единствено имаат надлежност скопските општини – велат од Градот.

Пред извесен период во ЗЕЛС е формирана работна група што работи на изготвување правилник за поставување урбана опрема со кој треба да се унифицираат правилата кои ќе важат во целата држава. Оттаму велат дека досега работната група одржала неколку средби, а на последната, на која биле поканети и претставници од угостителите, било договорено тие да достават свој предлог во делот на поставување урбана опрема пред објектите.

Во следниот период (по усогласување на термините на членовите на ова работно тело) ќе се одржи нова средба на работната група, на која ќе се разгледуваат и пристигнатите предлози од угостителите, кога се планира да се утврди и предлог верзија. Според досегашниот начин на работа на ЗЕЛС, предлог-верзијата на Правилникот ќе биде испратена на разгледување до сите општини што ќе испратат свои забелешки. Со внесените корекции, предлогот ќе биде разгледан од Управниот одбор на ЗЕЛС, а дури потоа доставен до Министерството за транспорт – објаснуваат од ЗЕЛС.

Во очекување на правилникот со кои ќе се одредат заедничките критериуми, побаравме одговор од останатите скопски општини за тоа како ќе постапуваат со угостителите што немаат одобрение за летни тераси. Од Општина Кисела Вода велат дека целта е да се обезбеди функционален систем во кој сите субјекти ќе работат во согласност со стандардите и законите, без притоа да се наруши дејноста на угостителскиот сектор, кој е значаен за локалната економија.

Ве известуваме дека се спроведени контроли од надлежните служби. За сите објекти што имаат поставена урбана опрема без соодветна дозвола, оставен е разумен рок да се усогласат со важечките прописи и законската регулатива. Општината активно комуницира со засегнатите страни, со цел да се обезбеди законитост, но и да се сочува континуитетот во работењето на угостителските објекти. Доколку по истекот на дадените рокови не се постапи според утврдените обврски, општината ќе постапи во рамките на законските надлежности – велат од Кисела Вода.

Оттаму додаваат дека внимателно ги третираат сите реакции и барања што доаѓаат од угостителите, имајќи предвид дека тие претставуваат важен дел од локалната економија, но дека целта е да се обезбедат рамноправни услови за сите, почитување на прописите и зачувување на урбаниот ред и јавниот интерес.

Инспекциските служби на Општина Аеродром во изминатиот период извршиле вонредни контроли на сите угостителските објекти што работат на територијата на општината.

По сета собрана документација, би можеле да ве информираме дека во моментов се спроведуваат постапки за над 40 објекти. Инаку, комуналната и градежната инспекција на Општина Аеродром е секојдневно на терен и ги врши редовните контроли во угостителските објекти, тврдат од Аеродром, без да прецизираат дали ќе ги уриваат летните тераси на локалите што немаат одобрение за нивно поставување.

Општина Центар е една од општините каде што се наоѓаат најголем број кафеани и ресторани, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски, објаснувајќи дека имале веќе неколку состаноци со угостителите заедно со градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром поврзано со летните тераси.

 Ја отворивме темата и на ЗЕЛС по немилиот настан во Кочани, изработивме и информативни листови што беа доставени до сите угостителски објекти и во нив беше наведено што сѐ треба да поседуваат за да ги исполнат условите, покрај елаборат, ПП-заштита и ред други закони што треба да ги почитуваат за да функционираат. На ЗЕЛС се договоривме да се направи посебно комисија за да се класифицира, сите да имаме исти услови за вадење одобрение за урбана опрема, мислам дека утре или задутре повторно има состанок работната група, со цел да се направат овие програми, правилници што ќе важат во целата држава – вели Герасимовски.

Според него, во меѓувреме општинската инспекција казнува, дадена била и насока сите што не ги исполнуваат условите да добијат решение за отстранување, а на тие што ги исполнуваат, им се продолжува решението за поставување урбана опрема. Општина Центар дава одобрение за поставување летни тераси на Боемска 1 и 2 и на дел од угостителските објекти во Мал ринг. Но, ниедна од општините не прецизира до кога ќе се толерира работењето на летните тераси што немаат дозвола за поставување и кога би се случило нивното евентуално уривање.

   

Најново

Славески: Дополнителна работа не е срамота, и јас во Америка работев во супермаркет

Sase Ivanovski

ПАПАТА ЛАВ Е ДАЛЕЧЕН БРАТУЧЕД СО ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА Неочекувано откритие во светот на спортот

Sase Ivanovski

ПАПАТА ГИ КРИТИКУВА НАЦИОНАЛИСТИЧКИТЕ ПОЛИТИКИ „Нема простор за зони што нè одделуваат од соседите“

Sase Ivanovski

ЕУ и Велика Британија постигнаа договор за статусот на Гибралтар

Sase Ivanovski

НБМ: Внимателно да се следи инфлацијата, нема промена во монетарната политика

Sase Ivanovski

Леа (15) од Косово е меѓу убиените во масакрот во австриски Грац

Sase Ivanovski

На пациент во прилепската болница за првпат му е вграден имплант во рака

Sase Ivanovski

Јаневска ќе ги враќа децата од странство – Вратете се тука нема ни учебници да ви тежат на грбот

Sase Ivanovski

Макрон: Ќе ги забраниме социјалните мрежи за лица под 15 години

Sase Ivanovski

Управниот суд може да го поништи изборот на шестмина судии во Апелација

Sase Ivanovski

Американската амбасада во Ирак се подготвува за евакуација поради зголемена безбедносна закана

Sase Ivanovski

Обвинителството сè уште верува дека таткото на Вања помагал во грабнувањето на детето

Sase Ivanovski

Османи- Премиере, вие ја преминувате основната линијата на политичка пристојност кога за тоа нема никаква потреба

Sase Ivanovski

Тошковски: Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Поднесени 1400 пријави за самовработување, ќе се реконструира Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“

Sase Ivanovski

КХС: Доста со манипулации – вистината заслужува да се каже!

Sase Ivanovski

YouTube ги „олабавува“ правилата: Не отстранува говор на омраза – ако е во јавен интерес

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев продолжува да го подржува спортот, особено кога станува збор за младите

Sase Ivanovski

Се обидела да ги убие сопствените баба и дедо – уапсена девојка од Битола

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши се обрати на 113-та сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева: Пристојната работа мора да биде столб на секоја иднина

Sase Ivanovski

Мицкоски го демантира Филипче за авторитарна власт, СДСМ му испрати листа на аргументи

Sase Ivanovski

Обвинителството бара доживотна казна затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Sase Ivanovski

Софија бара исполнување на францускиот предлог. Дополнителни услови нема , му кажал Георг Георгиев на Тимчо Муцунски

Sase Ivanovski

Од новите осум вработени во Центарот за јавно здравје, ниту еден не е Македонец

Sase Ivanovski

Апасиев доби ќерка

Sase Ivanovski

Мајката на Вања се огласи за прв пат по убиството на 14 годишното дете

Sase Ivanovski

СДСМ: Муцунски и ВМРО ДПМНЕ неуставно ја узурпираат и ја партизираат дипломатијата

Sase Ivanovski

Герасимовски: Вечерва на средба со дебармаалци – караванот „Се гледаме во маало“ продолжува

Sase Ivanovski

Герасимовски: Зелениот регистар е гаранција за зачувување на урбаното зеленило

Sase Ivanovski

Герасимовски: Одличен одзив на „Цел Центар на точак“ – исцрпени средствата за велосипеди, повикот за дополнителна опрема сѐ уште е во тек

Sase Ivanovski

Герасимовски во Капиштец: Вложуваме во квалитетен живот на центарци, програмата заедно ќе ја пишуваме

Sase Ivanovski

СДСМ: Еве зошто владата на Мицкоски е авторитарна

Sase Ivanovski

Гостиварка уплатила летување во Грција кај младата измамничка од Богданци, која издаваше станови кои не се нејзини

Sase Ivanovski

Лицето на ужасот: Австриските медиуми ја објавија сликата на убиецот од Грац

Sase Ivanovski

Македонија ќе го загуби секој десетти жител до 2050 година, отселувањето го пустоши Западниот Балкан

Sase Ivanovski

Неуспешен и 30-тиот обид за конституирање на косовското собрание

Sase Ivanovski

Десет жени жртви на измама на Косово – наместо донации, потпишале кредити

Sase Ivanovski

Големите партии со нова сопка за независните кандидати, бројот на гласачите по општини ќе го дефинира прагот на потписи

Sase Ivanovski

МЗШВ објави јавни повици за финансиска поддршка за модернизација на земјоделските стопанства

Sase Ivanovski

Необучени работници и исцрпени мајстори страдаат на српските градилишта

Sase Ivanovski

Мортус пијан стружанец возел со 2,61 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Автомеханичар од Гостивар ќе одговара за измама

Sase Ivanovski

Момче од Турција е уапсено во Скопје, полицијата му нашла куршуми за автоматска пушка во автомобилот

Sase Ivanovski

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и кажале дека ќерка и прегазила дете во странство

Sase Ivanovski

Полициска акција и претреси за дрога во Велес – запленети 37.000 евра

Sase Ivanovski

Васил Јованов: Не сум го сторил тоа за кое ме товарат, ве молам и јас да осетам малку правда

Sase Ivanovski

Талентираните ученици во Кисела Вода можат да се пријават за награди, објавен е јавен оглас

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Муцунски за партизирање на дипломатијата, од МНР одговорија дека целта им е системска професионализација

Sase Ivanovski

Филипче си прави лош пи-ар со изјавата дека сме авторитарна држава, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

Георгиев до Муцунски: Бугарија нема нови услови, надвор од европскиот консензус

Sase Ivanovski

Украдена чанта на малолетничка од Струмица

Sase Ivanovski

Мицкоски за Нацев: Го охрабрувам обвинителството да истражува дали уште некој има одговорност за пожарот

Sase Ivanovski

ОСВОЈУВАЈТЕ НОВИ ТЕРЕНИ OPEL GRANDLAND ELECTRIC AWD

Sase Ivanovski

ТОДОР АНЃУШЕВ: БРЗА ИНВЕСТИЦИЈА ВО БАТЕРИИ МОЖЕ ДА ГО СПАСИ ОВА ЛЕТО

Sase Ivanovski

Американски суд наложи исплата на средства за Радио Слободна Европа

Sase Ivanovski

Кириите растат, се повеќе Грци доцнат со нивното плаќање

Sase Ivanovski

Во израелски напади во Газа загинаа 35 лица

Sase Ivanovski

Од 1 јануари кој ќе „лудува“ по улиците, ќе остане без возило

Sase Ivanovski

(ФОТО) Пронајдени рачна бомба и артилериска граната од Првата светска војна во паркот Галичица

Sase Ivanovski

Осуденик на смрт егзекутиран со азот во Алабама

Sase Ivanovski

Осум мртви во два вооружени напади во Еквадор

Sase Ivanovski

Финска: Шефот на руската мисија беше повикан поради нарушување на воздушниот простор на рускиот авион

Sase Ivanovski

Апелациониот суд одлучи царините на Трамп да останат на сила додека траат жалбите

Sase Ivanovski

Такса од 2 евра месечно за Бугарите кои ќе ги извадат левовите од душекот

Sase Ivanovski

Маск жали за некои изјави за американскиот претседател Доналд Трамп

Sase Ivanovski

ЕУ го додаде Монако на листата на земји со висок ризик за перење пари

Sase Ivanovski

Тим на лекари ќе се грижат за повредените од трагедијата во Кочани во одморалиштето „Пониква“

Sase Ivanovski

Рускиот амбасадор во САД најавува жесток одговор на провокациите и ракетните закани од Киев

Sase Ivanovski

Повеќе од 100 лица уапсени на демонстрациите во Лос Анџелес

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа рамковен трговски договор

Sase Ivanovski

Блумберг: Пентагон го намали бројот на авиони Ф-35 што сака да ги купи

Sase Ivanovski

„Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека за повредените во пожарот

Sase Ivanovski

Струмица на плоштадот ќе издигне споменик на загинатиот тапанар од „ДНК“, Џоко Ѓоргиев, а во чест на сите жртви од „Пулс“

Sase Ivanovski

Медински: Украина ќе изгуби уште територии ако ги отфрли барањата на Москва

Sase Ivanovski

Денес се гласа за доверба на владата на полскиот премиер Доналд Туск

Sase Ivanovski

Австрија во тага: Убиецот од Грац никогаш не завршил средно училиште, неколку пати повторувал

Sase Ivanovski

Бројот на повредени во нападот врз Харков се искачи на 60

Sase Ivanovski

Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Sase Ivanovski

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит, најмногу пријавени за тестот по англиски јазик

Sase Ivanovski

Денеска продолжуваат завршните зборови на Обвинителството за убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski
Вчитувам....