Околу 19 часот во село Орман во близина на маганиците на МВР до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен со нанесена повредна во пределот на главата.До него бил пронајден пиштол и чаура.Радомировиќ давал знаци на живот и со возило на Брза помош бил префрлен на скопските клиники, каде подоцна им подлегнал на повредите.На лице место се уште се врши увид од страна на екипи.
Во 2005 година тој беше уапсен поради вмешаност во пирамида, во друштво на десет даночни затајувачи. Овој бизнисмен своевремено беше познат по тоа што беше прилично близок со ВМРО-ДПМНЕ. Беше поранешен газда на Радо банка, а од 2003 година оваа банка беше купена од контроверзниот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини. Но, ни тој не успеа да ја спаси банката која од беше доведена во лоша состојба, па мораше да биде турната во стечај и ликвидација. Во сопственост на Радомировиќ беше и градежната фирма Македонија инвест.
РАДО БАНКА Мај, 2005 та. Народната Банка под палка на тогашниот гувернер Петар Гошев носи одлука за одземање на дозволата на Радо банка. По спроведената операција на засилен супервизорски надзор во Радо банка, НБМ констатира дека банката се соочува со неликвидност и неможност да ги извршува налозите за плаќање. Експресно е издадена наредба за блокирање на сите сметки – забранети се исплатите но не и уплатите. И пропаста на оваа банка беше скандалозна. Таа беше во сопственост на контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ – Нини кој влегува во банкарскиот сектор во 2002-2003 та година кога ги презема Македонска банка (некогашна Љубјанска банка) и Радо банка. Во Радо банка повторно заглавија државни пари – тајванските кредити во износ од 20 – на милиони долари, но и повеќе од 5 милиони евра – пари на штедачи. Во јавноста тогаш се постави прашањето дали можеше да биде избегната експресна ликвидација или можеби имаше простор НБМ да постави привремена управа за спас на банката. Билансите на Радо банка покажаа дека се издавале кредити на Методија Смиленски, тогашен транзициски бизнисмен, уште едно контроверзно име, сопственик на голем број на фирми. За дел од кредитите беше коментирано дека се „неиздржани“ – издавани без соодветни гаранции. За финансискиот и правниот хаос во банката – се уште се чекаат одговори и одговорност.