Порталот Инфомакс објави сторија во која поставува неколку дилеми и прашања до професорот Славески кој е претседател на совет на град Скопје:
Дека со професорска плата може да се живее доволно луксузно, на слично ниво со бизнисмени и сопственици на компании доказ е професорот на економскиот факултет Трајко Славевски, актуелен претседавач со Советот на Градот Скопје, поранешен министер и љубител на “црни лимузини”.
Во анкетниот лист доставен до Државната комисија за спречување на корупција, Славевски пријавил дека поседува автомобил Ауди А6 модел од 2019 година во вредност од 3.000.000 денари.

Аудито на Славевски стана актуелно во јавноста откако во Советот на Град Скопје истиот се пофали дека има “црна лимузина” поубава од автомобилите на сите таму присутни. До ваквиот муабет дојде откако градоначалничката Арсовска кажа дека Славевски ја опструирал работата на Советот, односно барал од Градот да му обезбеди службено возило и најнов Ајфон како службен телефон.
Како што можете да видите од податоците со кои располага ДКСК, покрај луксузното возило Славевски поседува и стан во Скопје во вредност од 8.000.000 денари, стан во Охрид во вредност од 5.600.000 денари, гаража од 600.000 денари во Скопје, дел од куќа во Охрид во вредност од 600.000 денари.
Славевски очигледно е љубител и на уметноста па поседува уметнички слики во вредност од 100.000 денари, има два девизни депозити во Стопанска банка, едниот од 20.127,8, евра, а другиот 4.168, 48 американски долари. Покрај ова има и денарски депозит од над 4.000.000 денари.
Целиот имот, Славевски покрај неговата професорска плата, која не открива колку изнесува туку само нагласува дека е професор 40 години, ја оправдува со големата плата на неговата сопруга која е директор на банка.
Дали Славевски бил “со среќна ѕвезда” или пак вредно и поштено го заработил капитал или пак и тој брцнал “со рачињата во медот” останува да видиме…
ИЗВОР ИНФОМАКС
Она што ние од Мактел има на ова да додадеме е дека професорот во емисијата кај Ефтов се пофали дека тој нема да ја лаже јавноста како Груевски и да кажува дека вози Пунто и живее во стан на мајка му, туку дека тој и неговата сопруга го живеат македонскиот сон пандан на американскиот сон, односно дека со напорна и поштена работа може да се живее добро во земјава, професорот се пофали дека бил првенец на генерација во средно, првенец на генерација на факултет, потоа се изборил за стипендии од меѓународни фондации како Фулбрајт стипендијата па така успеал да докторира во САД на престижниот Харвард, потоа станал професор на УКИМ па министер и така дошол до својот имот, заедно со сопругата која била најдобро платена жена банкар изминатите 20 години како регионален директор на Стопанска Банка АД Скопје.
Ефтов го обвини во емисијата дека тој како министер ја вработил сопругата во банка на што Славески одговори дека е обратно, прво сопругата се вработила во банка па тој станал министер. Славески кажа дека неговата сопруга е ќерка на партизани од Егејска Македонија и се што постигнала во кариерата е дело на напорна работа и залагања без фамилијарни врски.
Славески го коментираше и бомбите на Заев, па се пофали и дека тоа што Зоран Ставрески на телефон со Јанкуловска го оговарал Груевски, тој му го кажувал во лице и затоа и бил сменет во 2010-та година од позицијата министер за финансии, затоа што одбивал да ведне кичма и да биде слеп послушник.