Две семиња лежеле едно покрај друго во плодната почва во пролет.
Првото семе вели:
“Сакам да растам!” Сакам да ги раширам моите корени длабоко во земјата под мене, и да ги туркам моите ластари низ земјената кора над мене. Сакам да ги развијам моите пупки за да го најавам доаѓањето на пролетта. Сакам да ја почувствувам топлината на сончевите зраци на моето лице и благословот на утринската роса на моите стебла“.
И така пораснало.
Второто семе вели:
“Се плашам. Ако ги засадам моите корени во земјата под мене, не знам на што ќе наидам во темнината. Ако протуркам низ цврстата земја над мене, можам да ги оштетам тенките ластари. Што ако ги отворам пупките и голтка се обиде да ги изеде? А што ако почнам да цветам, а детето ме извлече од земја? Не, многу е подобро да почекам додека сè е безбедно“.
И така тоа чекало.
Кокошка која претурала по градината барајќи храна, го нашла семето кое чека и веднаш го изела.
Животот ги проголтува оние што се плашат.