Приведен битолчанец поради предизвикување пожар во возило Денеска (03.11.2022), полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода З.А.(40) од Битола. Тој се сомничи дека на 02.11.2022 во 02.18 часот на ул.„Цане Василев“ во Битола предизвикал пожар на патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ф.(60) од Битола. Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот, а повредени лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Претрес во струмичко, пронајдена дрога На 02.11.2022 во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода С.М.(45) од село Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец во Скопје, спроведен во Затвор Скопје На 02.11.2022 во 19.30 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(38) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје затоа што му била определена мерка притвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
Приведен криминалец баран со потерница за едногодишна казна затвор На 02.11.2022 во 20.15 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д. од Скопје, кој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член член 300 и член 297 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.